Последен гледан филм со кратка рецензија

SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
Thick As Thieves



Старата клише прича, се наоѓаат двајца апаши и одат да ограбуваат за да отплатат долг на еден русин. Фина актерска екипа, али глупа и миљонпати видена приказна, и евентуално крај нали. Морган Фримен и Антонио Бандерас во главни улоги како што може да забележите, покрај нив има една фина лепотица и има баш една-две фини сцени со неа :icon_lol:
Покрај тие сцени, најќеф ми беа сцените со фамозниот Шербеџија, тој човек шири таква аура што уживам секојпат кога го гледам во филмови.
Оценката на imdb.com е соодветна: 6/10.
 

Mj

Маестро
Член од
25 јануари 2008
Мислења
754
Поени од реакции
212
Ја вчера го глеав Chaplin од 1992 год. е.Тоа е ко автобиографија за Чарли Чаплин и е многу јак филм бидејќи во филмот се гледа големиот талент на Robert Downey jr.Има доста познати глумци како Dan Akroyd, Antony Hopkins, Marisa Tomei, Mila Jovovich итн итн.Филмот е добар бидејќи во главно го прикажува животот на Чаплин надвор од филмскиот екран, неговата пасија кон глумата и комедијата преку кои се обидувал да пренесува пораки до општеството за да стане подобро.Моја препорака е да го гледате и сигурно ќе се фасцинирате од талентот на Robert Downey jr кој на жалост не е докрај искористен заради проблемите со дрогата кои ги имаше Downey jr во врвот на кариерата.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Повеќе прилично добри филмови гледав,па да почнеме...

Wild Hogs


Комедија за средновековни мажи,со премногу познати фаци во него.
Уживав во некои одлични улоги на Ray Liotta,Kevin Durand и M.C. Gainey (Keamy и Zeke од Lost),како и во глумата на Траволта и Тим Ален.

Но,најголемото разочарување беше Martin Lawrence,типот очигледно има само една улога,и ја игра истата во сите филмови.
Приказната е можеби малку предвидлива,но сепак интересна за гледање и доведува до некои (не сите) интересни ситуации за гледање.

Вреди да се погледне,чисто за забава и релаксација.

Оценка 7/10.

Zack and Miri make a Porno



Seth Rogen е еден од моите нови фаворити.
Комбинацијата Seth Rogen + рандом актерка (која е 15 пати поубава од него,просечно) е ненадминлива и нуди одлична забава и многу смеење.
Сепак,како и во секоја добра комедија,главните ликови се најразумните,додека сите околу нив се смешните,а Zack and Miri нуди одлични споредни ликови.
Камео улогите на Justin Long,Brandon Routh и Gerry Bednob се едни од најдобрите воопшто (заедно со Том Круз во Tropic Thunder).

И секако,знаеме дека во сите филмови пробуваат да направат маж со жена која му вика постојано/малтретира итн.
И секаде не успева.

Но ова е поинаку,за да опишам колку е смешна сцената,морам да искористам една кратенка.
LMAO.


Оценка 9/10.


Air America



Го симнав откога некој форумџија на темата за филмски дискусии,но не би трошел премногу зборови на него.
Филмот е некоја мешавина,пробува да биде политички некоректен,акционо напукан и во исто време лудо смешен (лудо се однесува на наводно лудите ликови).
Но,во сите аспекти е под просек.

Гибсон е светлата точка,но толку од овој филм.
Оценка,потпросечна 5/10.



Филмот е дело на младиот сценарист (во тоа време) J.J. Abrams.
И уште веднаш се гледа неговата специфична вештина да го вовлече гледачот,и сепак тотално да го изненади.
Една од најдобрите улоги на Гибсон (да,да,ова го тврдам со изгледани Mad Max и Lethal Weapon серијалите),една од првите на Ијалџа Вуд и некоја просек улога на Џејми Ли Кертис.
Сценариски,би рекол генијално осмислено.

Малку спојлери,едноставно што и да се опише за филмов е спојлер.
Сите филмови поставуваат некое темпо,според кое се ориентирате и отприлика претпоставувате во која насока би одел филмот.Абрамс го зема тоа темпо,го инкорпорира во филмот,за потоа целосно да го отфрли.
Вие мислите дека ќе заврши со неубавата Кертис,и ќе го посвои нејзиниот "wanna be Hobit" син Илајџа Вуд,но потоа работите целосно се вртат,и се оправдува tag-line-от : True love last forever.Нема други зборови освен феноменално изиграно од страна на Абрамс.

Оценка 9/10.


Office Space



Ова е уште еден бисер меѓу "box-office потценетите" филмови.
Филмот има една плејада од ликови,од кои сите се дијаметрално различни,но и неверојатно слични.
И уште едно заедничко за нив е фактот што се урнебесно забавни и смешни.
Фаворитот е нормално Milton,но и Gary Cole како Bill Lumbergh е одличен.
Приказната е интересна,психолошка,многу луѓе би можеле и да се поврзат со неа,отприлика би дошло како The Office во посериозна (но не помалку смешна) верзија.
Уште еден фактор е што е од режисерот на Idiocracy.

Дефинитивна препорака,и чиста 10/10 од мене.

Бев и приморан да го гледам Surf's Up,но не би сакал да го спомнувам,детско филмче со арогантен Shia LaBeouf пингвин-сурфер.
Need to say more?
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.531
Поени од реакции
2.687
Fireproof



Прво да кажам да не помисли некој дека тука главната приказна се пожарите и дека филмот се врти за тоа.Филмот навистина ме инспирира и носи многу добри пораки.Како еден капетан пожарникар кој никогаш не го остава партнерот сам ке се справи со ситуацијата кога бракот му е во длабока криза.Филмот обавезно го препорачувам тука на брачните парови да го гледаат а и другите кој се во врска па и сами би било убаво да се погледне овој филм.Оценката на ИМБД му е изненадувачки ниска а коментарите на луѓето кој го гледале овој филм се доста позитивни.Јас му давам од мене 8/10.
 

leila

.o0
Член од
10 октомври 2008
Мислења
862
Поени од реакции
46
The Alphabet Killer (2008)

Само што го догледав филмов, кој инаку е базиран на вистински настан. Главната улога ја игра Eliza Dushku, (шизофреничен) детектив кој работи на случајот со убиства на девојчиња чие име и презиме започнуваат на истата буква. Нема многу да го раскажувам, нема голема напнатост во филмот, цело време очекував нешто изненадувачко да се случи, а сепак претпоставките за убиецот ми беа точни.


Моја оценка: 6/10
 

Janev

____________
Член од
27 март 2007
Мислења
2.856
Поени од реакции
58


Дете од Мумбаи (Индија) кое израснува како скитник, станува натпреварувач во индиското шоу Кој Сака Да Биде Милионер, пред да оди во шоуто работи како послужувач на кафе.По завршувањето на шоуто го уапсуваат под сомнение дека мамел,каде го мачат да признае од каде ги знае одговорите, па тој почнува да си го раскажува животот низ се што поминал и дава објаснување на полицијата од каде ги знае сите тие одговори....

Филмот е номиниран за 10оскари, има 60победи и 29номинации....

9/10 од мене оценка

http://www.imdb.com/title/tt1010048/
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Yes Man



Намерно почнувам од овој филм кој според мене од сите овие кои ќе ги спомнам тука е дефинитивно најслаб и најголемо разочарување за мене, ништо од тоа што очекував... Дрн, дрн... глуп човек кој дреме дома за ништо не се интересира се наоѓа во друштво кое се собира и прави се и сешто со тоа што се договараат да кажуваат ДА на се и потоа почнува и филмот... тапа сцени... добри сцени... тапа... тапа, одвај 6ка :S

The Day the Earth Stood Still



Со оглед на тоа што не го имам гледано.... или барем мислам дека не го имам гледано оригиналот од 50-тите филмов за мене беше откровение, навистина добра порака носи и не тера да се позамислиме за тоа што го правиме, не должам повеќе оценка 8,5/10

Platoon



И јаготката на шлагот. Крајно реалистички филм за младиот човек фатен во стегите на војната и обидеите да се задржи духот и смислата за живот во истата. ООдлична актерска екипа, режија, сцени, сценариот и со право заслужени оскари MUST SEE филм оценка 9/10
 
Член од
14 јули 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
50
..Девојак се заљубува во вампир,како и тој во неа.Тој е од семејство на вампири кои ја пиат крвтта на животни а не на луѓе.Додека има и вампири кои сакаат и човечка крв, како и нејзината.И цело негово семејство ќе се жртвува за неа,највише Едвард.Филмот е прекрасен...:pipi:
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
The Polar Express



Овој филм не го оценувам според мои критериуми,бидејќи пред се,не сум јас целната публика.
Го гледав со сестра ми и можам да потврдам дека е една вистинска божиќна бајка,и овде дефинитивно е правилно да се употреби фразата "празник за очи".
А и за уши,морам да признаам.

Иако е приказната клише,веќе видена,иако е глумата ништо посебна и иако анимациите на ликовите имаат некои чудни мани,сепак сето тоа е занемарливо.
Публиката на овој филм е до 14-15 години,и филмот е дефинитивно магичен за нив.Интересни "акциони сцени",перфектна игра со камерата (перфектна,бидејќи тоа е предноста на анимацијата"),сето тоа вкорпорирано во неспоредливи визуелни ефекти (не невидени,туку едноставно толку убаво склопени) и звук и музика која ќе ве внесе во новогодишно/божиќно расположение.

Ако имате помал брат/сестра/дете,обавезно симнувајте го,на што поквалитетна слика.
А вистинско уживање би било 3D верзијата.

Оценка,бидејќи реков одиме според т.н. "детски критериуми",би била 9/10.


Fantastic Four



Овој филм е сличен на Journey to the center of the Earth,само со подобри заебанции/шали и далеку подобра акција.
Нема вредност ако го симнете во divX формат,ефектите се примарни кај него.

Оценка 7/10.

What just happened



Филмот отприлика го поставува темпото со првиот монолог на Де Ниро.
Знаев дека ќе биде напорен за гледање,но очекував некој feedback за мојот напор.
Крајот,дефинитивно ќе е разочарување за многу луѓе.
Но хеј,битно убиваат куче.
Два пати.

И ретко е да се види како некој актер може да се одглуми лошо и пренападно самиот себе.
Ха.

Чисто за филмофили.
Другите,избегнувајте по секоја цена.

Оценка 5/10.
 

Xak

Член од
23 декември 2007
Мислења
2.610
Поени од реакции
464
Вчера за прв пат го гледав American History X и немам зборови, филмот е нешто уникатно, доволно мислам дека е пишано на форумов за тој филмов така да на кратко режија, приказна, глума, се е перфкетно и за тие што не знаат филмов е според вистинита приказна и вистинскиот Derek Vinyard уште иде по школи и зборува против расистичка/нацистичка/анти-семитистичка омраза. На филмов му давам оцена 9.9/10 и е еден од најдобрите филмови што сум ги гледал воопшто и го препорачувам на сите што го немаат гледано, не може да ве остави рамнодушни филмов.

Друг филм што го гледав е Valkyrie, доста добро филмче, ми се допаѓа многу тоа што е историска приказна, а повеќето работи си се точни како што стварно се запишани, а не е искривено ко што знаат да направат останатите филмови од тој стил. Глумата е многу добра, улогата на Штауфенберг многу добро ја игра Том Круз (иако ич не го сакам за полно работи али кога станува збор за глумење стварно е ѕвер). Приказната во филмот е во врска со 41-от (го има и 28-от) обид да се убие Хитлер и да се покори тогашната влада од страна на германскиот отпор кој за малце не успева. Добар филм, добро е прикажано се, добра глума, 9/10.
 
Член од
29 јуни 2008
Мислења
460
Поени од реакции
27
Network (1976)



Не знаев за филмот дури не видов некои инсерти во Zeitgeist и после долго одлагање го изгледав. Дефинитвно не е за сечиј вкус, ама мое мислење е дека филмот е брилијантен.

Приказна за бизнисот шо се врти во телевизискте куќи и шо мојш да постигниш со ставање на лудак на телевизија на primetime.

Final verdict 9/10.
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Многу филмови изгледав последните денови и не знам од кај да почнам? :raz:
Почнувам со RocknRolla филм од Англиското говорно подрачје и навистина сум изненаден од Англиската кинематографија,навистина изобилува со идеи за разлика од Hoolywood кај што снимаат се некои глупи филмови...Приказната е за двајца ортаци,ситни криминалци и нивните згоди и незгоди во светот на криминалот.Филмот е нешто како подсмев на Роман Абрамович,ке го приметите тоа додека го гледате а има и една многу смешна сцена кога синот наркоман после долго време се видува со татко му кој е во инвалидска количка и му вели: Nice wheels! :pos: :pos: :pos: :pos:




Step Brothers е еден од најглупавите филмови за 2008 година и е приказна за двајца инфантилни полубраќа кои немаат никаква врска со животот а се однесуваат како мали деца и дркаат на сите можни еротски списанија :drk:. Доколку ме послушате не си го трошете своето време и гигабајти на ваков филм :nenene:.




XIII - The Conspiracy е една серија односно првата сезона која се прикажува во Америка а колку ке биде популарна не можам да кажам ама гледаноста и се зголемува се повеќе и повеќе...Се работи за едно политичко убиство на претседателката на Америка,еден човек е обвинет а тој не знае ни како се вика,што направил,што му значи тетоважата XIII на градите,сите што се убиени ја имаат истата тетоважа ама со различен број! Јас ги изгледав првите 2 епизоди,можете да ги најдете рипувани од aXXo а превод имате на Хрватски на www.divx-titlovi.com.




Thick as Thieves е филм за двајца крадци кои ги ограбуваат невозможното? :raz: Дали има невозможни аларми и сефови за пробивање би се запрашал секој? Кога го гледав филмот и кога двајцата апаши како што ги нарече Кискино беа на забавата и кога ги гледаа алармните уреди јас си помислив дека филмот ке биде занимлив баш во тие сцени а сцената со пљачкосувањето не ни приметив кога почна а кога заврши? :raz: Филмот вреди да се погледне поготово сцените со Antonio Banderas и Katie Chonacas кои изобилуваат со сексипил и еротски набој :sekss:




Со рецензијата ке опфатам и 2 филма од боза продукцијата: In The Name Of The King и Journey To The Center Of The Earth. Двата филма изобилуваат со лоша глума,лоши ефекти така да нема потреба да си ги замарам моите прсти и да продолжам со пишувањето...:nenene:



 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Филмов го гледав вчера вечерта. STARDUST
Прегледај го приврзокот 10110
Ова е филм со занимлива приказна. Малд човек, преминува преку ѕид, кој го дели нормалниот свет, од магичниот, и таму запознава малда девојка. 9 месеци подоцна, девојката ќе го прати својот штотуку роден син кај својот татко. Авантурата започнува 18 години подоцна. Започнува со љубовната приказна на младото момче и девојка од селото во кое живее. А продолжува со паѓањето на една ѕвезда.
Не би сакал да расипувам краеви, но младото момче кое ќе премине во магичниот свет во чест на љубовта кон девојката, по пат ќе ја загуби таа љубов. Што ќе најде во тој свет, останува да погледнете
Има прекрасни визуелни ефекти. Филмов го оценувам со 10/10:smir:
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
XIII - The Conspiracy е една серија односно првата сезона која се прикажува во Америка а колку ке биде популарна не можам да кажам ама гледаноста и се зголемува се повеќе и повеќе...Се работи за едно политичко убиство на претседателката на Америка,еден човек е обвинет а тој не знае ни како се вика,што направил,што му значи тетоважата XIII на градите,сите што се убиени ја имаат истата тетоважа ама со различен број! Јас ги изгледав првите 2 епизоди,можете да ги најдете рипувани од aXXo а превод имате на Хрватски на www.divx-titlovi.com.

Ова е правено според познат (француски мислам) стрип.
Истото беше преточено и во видео-игра и таа беше прогласена за една од најдобрите на сите времиња,заедно со приказната.

Иако веќе отприлика знам делови,сепак веднаш пристапувам да ги симнувам епизодите,фала на информацијава.:helou:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom