Spartacus (1960)
Режија на Кјубрик и Трамбо (од прво Трамбо не е кредитиран заради политичкиот прогон врз него).
Се работи за бунтот на Спартак против Рим во прв век п.н.е., кога група робови заедно со Спартак се ослободуваат и неочекувано стануваат голема закана по Римјаните.
Кирк Даглас го глуми Спартак, и ок е, но Спартак како карактер скоро и да нема маани, со што и самиот Кјубрик има проблем, прикажан е скоро со некој модерен морален компас што е неверојатно за тоа доба. Кјубрик имено не го ни сметал овој филм баш како "негов", во смисол на тоа дека и Даглас и Трамбо имаат голем удел.
Лоренс Оливие е феноменален во улога на Crassus, по мене, најдобра глума во филмот, и го доловил ликот (колку што е тоа можно) како е опишан во постоечка литература - тврдокорен, суров карактер. Питер Устинов е исто феноменален, има добиено и оскар за неговата улога. Филмот има добиено четири оскари.
Супер филмче, малце долго, но вреди. I'm Spartacus моментот мене ми е кринџ но за кого како.
8/10