Последен гледан филм со кратка рецензија

Член од
29 јуни 2008
Мислења
460
Поени од реакции
27
[Rec] Заради тоа што премногу ми се допадна филмов, немам намера да ја гледам Америчката верзија Quarantine затоа што осеќам само ќе се изнервирам. На почеток ми беше смешно со шпанскиот јазик, ваљда заради навиката да гледам 99% англиски филмови. Екстремно језив филм, мора да го гледа секој љубител на хорори. Кратко трае(80 мин) кои 70 се преполни со акција и крв.
8/10
Само шо го догледав и можам слободно да речам Боооооооооооооооо.
Сам в соба, на слушалки, од 4 до 5 сабајле и срцето ми замина в петици неколкупати , можно е дури да имам и дупка на чорапите :)

Конечно еден многу добар хорор.Дефинитвно вреди да го гледат сите љубители на хорори, и немојте да го пропуштите само ради то шо е на шпански.

Инаку накратко приказната: ТВ екипа снима емисија за како изгледа еден работен ден на пожарникарите. Добиват повик за обичен случај, жена заглавена во стан. Откако ќе пристигнат на местото...
ќе си го изгледаш филмот и ќе видиш шо се дешава

9/10 од мене.
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.583
Поени од реакции
89
Само шо го догледав и можам слободно да речам Боооооооооооооооо.
Сам в соба, на слушалки, од 4 до 5 сабајле и срцето ми замина в петици неколкупати , можно е дури да имам и дупка на чорапите :)

Конечно еден многу добар хорор.Дефинитвно вреди да го гледат сите љубители на хорори, и немојте да го пропуштите само ради то шо е на шпански.

Инаку накратко приказната: ТВ екипа снима емисија за како изгледа еден работен ден на пожарникарите. Добиват повик за обичен случај, жена заглавена во стан. Откако ќе пристигнат на местото...
ќе си го изгледаш филмот и ќе видиш шо се дешава

9/10 од мене.
Да да, камерман и водителка снимаат досадна ноќна пожарникарска емисија првите 10 минути, и после тоа почнува хоророт :vozbud:
Само да си знаеш дека крајот не е така како што си мислеше најверојатно(и како што јас си мислев) и се снима продолжение.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Outlander



Филмов е дефинитвна препорака за сите љубители на фатазијата и филмовите во кои се раскажува за древните времиња, оценката од 8 поради оригиналното сценарио му ја уништуваат дупките во логиката посебно на почетокот и крајот оценка 7/10

Reign of Fire



И овој филм е исполенет со фатастика, денешно време... земјовите се будат и уништуваат се... потоа еден постапокалиптичен изглед на светот со малку млитава приказна но посветена на онаа страна која не поучува на новото креирање на животот колку и да е тешко истиот да биде во рамките на нормалата, да се живее во постојан страв... оценка 7/10

Conspiracy



Нема многу да се должи тука, нема некоја приказна во филмов ни акција ни сторија, едноставно чиста глума посветена на состанокот на кој се решавало за "Финалното Решение"... фашизам до крајност, главните фаци од тоа време, одлични костими и глума оценка 8/10

Flags of our fathers




Филм за хероите и нивното влијание на масите, сторија од војната и страдањата кои ги носи, три животни стории испреплетени во една приказна која треба да се погледне... живот. Оценка 8,5/10

Sex Drive



Комедија која искрено доста пати ме насмеа, нешто што не успеало да се случи одамна имајќи во предвид какви срања од филмови излегуваат и се нарекуваат комедии со некоја клише приказна... не дека и оваа е нешто посебно ама има моменти кои вредат да се видат затоа оценка 7/10

Kingdom of Heaven



Пак Орландо Блум... пак ковач, пак мечови... битки но битки со чест, битки да се биде или не, човечки односи какви што сите треба да гаиме колку и да сме настроени непријателски спрема спротивната религија или нација за тоа како треба сите да се држеме заедно пред опасноста, прекрасен филм за чест и едно минато безумно време (би ги дерел живи тие поповите) оценка 9/10

Apocalypse Now



Легендарен наслов со неверојатно име зад него (Копола) и неверојатна актерска екипа, легенди во нивното најдобро светло и најубава глума... апокалипса сега, филм за апокалипса филм кој е тотално лудило... незнам колу пати имав впечаток дека го гледам Клокворк Оринџ и музиката и лудите сцени во кои не се знае ни кој пие ни кој плаќа, филм, за лудилото на војната и апсолутното лудило, оценка 9/10


и плус 5-6 филмови кои си ги гледав по втор пат а веќе еднаш се наброени :helou:

И пак јас, ја владеам темава :pos:

Slumdog Millionaire



Прекрасен филм мора да се признае, едноставно прекрасно одработено од страна на досегашните анонимуси кои еве ги побија сите стеротипи за тоа дали можат или не да направат ваква креација која тотално ќе ги заслужи оскарите и ги заслужи наградите кои досега ги собра, 10ка за филмов и за оригинално доловената приказна, не верував дека ќе се согласам со миселњата на другите за филмов, сепак ремек дело е ремек дело.
 
Член од
12 мај 2008
Мислења
506
Поени од реакции
25
Gledajte go Zeitgeist.
Dolovuva eden unikaten nacin na gledanje na fundamentalni raboti kako Hristijanstvoto,Voenite profiteri i bankarskiot sistem vo Amerika.
Reziserot uspeva da najde edna fenomalna povrzanost pomegu ovie tri istoriski dvigateli.
Trae tocno 123 min.
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Slumdog Millionaire


Ова не е обичен филм. Ова е ремек дело.
Јас сум фасцинирана.
Одлична, прекрасна и реална приказна. Глумците скоро сите се млади и надежни, за кои ние прв пат слушаме, а нивната глума за 10ка. Локациите каде е сниман филмот се одлични.
После гледањево на филмов си велам само колку различни сваќања има во светот. Живееме во свет којшто парите го вртат. А со филмов се докажува сосема спротивното. Се е џабе ако љубовта ја нема.
Приказнава ве остава без здив. Ние тука сме толку незадоволни, коментираме за се и сешто. Го немаме новиот модел на мобилен, ги немаме новите адидас патики, сакаме нов компјутер, сакаме да шетаме постојано, не ги почитуваме родителите доволно и постојано сме незадоволни сакаме повеќе. А ние имаме можеби и премногу. А губиме, ги губиме човековите вредности.
По филмов се гледа некои луѓе немаат едноставно ништо, но она за што се борат во животот е љубовта. Покрај се низ што помина Џамал во животот беден, сиромашен, питачење, смртта на мајка му, тргнувањето на брат му по лош пат ... сепак остана чесен, искрен и со желба за живот. Само заради неа :pipi:
Се пријави на најгледаниот квиз само заради неа, за таа да го види, срце бе :)
А освоени пари не му значеа ни најмалку.
И најубавата сцена беше на крајот кога ја бакна, по лузната која и беше направена за него.
Многу малку е потребно за среќа во животот. Ако се бара премногу никогаш нема да се почуствуваме среќни, затоа што таа ќе е околу нас ама нема да ја гледаме.
Доволно би било после гледањево на филмов поука да извлечеме и барем малку да се пронајдеме во Џамал.
Филмов сигурно ќе го гледам уште неколку пати.
Не му давам 10ка.
Зашто тоа е премалку :)

Али затоа ова давам :)
 
Член од
12 мај 2008
Мислења
506
Поени од реакции
25
И да знаеш дека ќе добие многу оскари.Навистина е ремек дело.Мене ме изнасмеа сцената кога малиот Џамал ќе го заклучат во полското веце во моментот кога ќе слета неговиот идол:)
Погледнува низ дупката надолу,ја гледа сликата од глумецот...сега или никогаш :):)
 
Член од
29 јуни 2008
Мислења
460
Поени од реакции
27
Slumdog Millionaire


Ова не е обичен филм. Ова е ремек дело.
Првиот мој коментар кога видов дека се дискутира секаде за овој филм си реков ах уште еден индиски емотивен филм од Боливуд. Али иако ова е навистина емотивен филм сепак Боливуд го престигна Холивуд со филмов.
Јас колку шо знам холивудски е филмот само сценариото е праено од страна на анличанец кој ја адаптира приказната од индијски роман.

И јас се надевам дека ќе земи филмот неколку оскари, пошто стварно ги заслужи.

Ај уште нешто интересно шо најдов на имдб:
Director Danny Boyle placed the money to be paid to the 3 lead child actors in a trust that is to be released to them upon their completion of grade school at 16 years of age. The production company has set up for an auto-rikshaw driver to take the kids to school everyday until they are 16 years old.

П.С Само полека со споилерите натаму пошто некои уште го немаат гледано.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Riddick complete trilogy:



Или подолу подредени онака како што треба да се гледаат (малку ги измешале работите сценаристите :)):



Заглавени на планета на која периодично се менуваат светлината и темнината, а со темнината се будат и жителите на планетата, кои и не се баш гостопримливи интересен филм кој за љубителите на СФ ќе биде доста интересен оценка 7/10

The Chronicles of Riddick: Dark Fury



Анимиран филм кој иако е изработен после филмот кој е подолу раскажува за настаните измеѓу првиот и вториот... интересни анимации со оригинално позајмени гласови оценка 5/10

The Chronicles of Riddick



Е тука стварно бев изненаден, очекував некој безвезе филм, додуша и периодично така и изгледаше но сепак доста задоволително, интересен филм за субината, сепак е СФ и сценаристите малку си дале и преголема слобода, не поработеле на приказната колку што се занеле со ефектите оценка 7/10
 
Член од
18 јули 2008
Мислења
192
Поени од реакции
10

Title: Underworld: Rise of the Lycans

моја оцена: 4/10

Фановите на претходните два дела сигурно ќе бидат разочарани од ова остварување кое временски се случува пред нив. Не се добива некој посебен впечаток како да има војна меѓу вампири и врколаци, вампирите се како некој шутраци витези со железни оклопи и појма немаат од животот, а пак врколациве повеќе љубат да се тепаат движат и тепаат како луѓе?@#$? Во последниот напад се собираат главните вампири, старешините, и тамам си мислиш ќе направат парче главниов фраер од кај врколациве ќе се прошетат меѓу нив... Имав многу поголеми очекувања од филмов со оглед на тоа дека сакам ваков жанр на филмови со митски и религиозни ликови, но сепак додека го гледав едвај чекав да заврши.

Единствено што ми се допаѓа во филмов е секако Рона Митра која ја игра главната улога.



Сепак малку од малку се потрудиле да го вметнат филмов пред предходните два. може да го гледате, па да судите според вашиот критериум :)
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
Pearl Harbor

Мислам дека самото име доволно зборува. Станува збор за легендарниот напад на Јапонците врз Хавајското пристаниште Перл Харбор во Втората Светска Војна .. А воедно е вметната и една мнооооогу голема, испреплетена и сложена љубовна приказна ...

Главните улоги ги толкуваат : Кејт Бекинсејл и Бен Афлек
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
P.S. I Love You


Вака морам да кажам дека јас на почеток одбивав да го гледам филмов, т.е долго време не сакав да го гледам, од причина што ја имав прочитано книгата и не сакав да го гледам филмот, затоа што претпоставував дека е утка како поголемиот дел филмови што се прават според книги. И башка и некако Хилари Свонк и не ја сакам баш многу. И кога седнав да го гледам немав големи очекувања, но мене овој филм ме маѓепса. Има некои различни елементи од книгата и се разбира книгата си е книга, но филмов е прекрасен, трогателен, се изнаплачев, многу е убав... дури чудна работа, некои работи се совпаднаа со мојата визија кога ја читав книгата. Не можам и да се одлучам дали книгата е поубава или филмот. А и плус книгата малку се разочарав од крајот, а во филмот поблаго е направено и затоа многу ми се свиѓаше.

1000/10

27 Dresses


И овој филм навистина ми се допадна, и од него немав некои големи очекувања, но навистина ме опушти расположи, дури и разнежни на моменти. Го препорачувам на сите оние кои сакаат полабав филм, интересна приказна и за оние поромантичните. Јас вечерва го гледав и сеуште сум по импресии.

10/10
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Pearl Harbor

Мислам дека самото име доволно зборува. Станува збор за легендарниот напад на Јапонците врз Хавајското пристаниште Перл Харбор во Втората Светска Војна .. А воедно е вметната и една мнооооогу голема, испреплетена и сложена љубовна приказна ...

Главните улоги ги толкуваат : Кејт Бекинсејл и Бен Афлек
Да, да...многу голема и сложена љубовна приказна.


2/10, само ради јапанците :)
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Surveillance е мојот последен гледан филм кој ми оставил впечаток на добар трилер и ме држеше во неизвесност до крајот на филмот,секоја секунда чекав на расплетот ама не излезе по мое.Сериски убијци се појавуваат во едно мало место во Америка,доаѓаат агенти од FBI да ги откријат убијците,малку препирање со фраерите полицајци кој прв ќе ги открие убијците ама убиецот сами ке се кажат кои се а за да дознаете кои ке би било добро да го погледнете филмот,нема да се воопшто да се покаете?



No Country For Old Man е исто така еден добар трилер ама крајот режисерот го уништил,сакал да каже дека може и втор дел да има? Серија на убиства се случуваат,парите недостасуваат,многу заинтересирани само еден ги има парите и по цена на животот е решен да го задржи? Дали ќе ги задржи парите нема да ви кажам,не сум јас уништувач на забави па ако не ви биде интересен филмот да ме обвинувате мене,земајте го далечинското во рака и клик на PLAY...

 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.776
Поени од реакции
49.611
Бетмен the dark knight 7/10- ради Џокерот добра глума, малце непотребно пимплање адреналин добри дози, се на се задоволен
Прл Харбор-мислам дека траеше едно 20 години, да имав што да правам после првиот саат ќе го баталев, ама се фатив за орото го одиграв до крај, која телевизија го прикаже уште еднаш ќе и поставам бомба :) 2/10
Taken-типов во еден филм избикса народ колку што Стивен Сегал бикска во три, ја измислија одпоново Југославија и тоа им е минус, али приказната беше интересна, немаше попуштање во моменти кога мислев дека ќе има нека иде 7/10.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom