The Curious Case of Benjamin Button
Првиот заклучок што го добив кога го изгледав филмов, после фино лепи потрошени 160 минути, беше заклучокот дека David Fincher ни малку не може да влезе во психата на гледачот, како што тоа кај мене и се случи во неговите Fight Club, Se7en и The Game. Ама се дешава да потфрли и некој режисер, ама олку не мислев... дека тој сака да режира вакво сценарио.
Слушнав разни критики околу филмов, некои му даваа чиста десетка, додека некои го сметаа за просечен/потпросечен.
Во рецензијава ќе има и спојлери, затоа што само така можам да си ги изјавам фрустрациите што ги добив од кога го изгледав филмов.
Сценариото од првин изгледа фантастично. Ама само првите 15 минути. Лично мене поинтересна ми беше кратката 5минутна приказна за часовникот кој одеше наназад, отколку целата приказна за Бенџамин Батон. Морам пред се да кажам - добив впечаток дека филмов се одвива премногу бавно. Има и други филмови во кои филмовите имаат онакви бавни, пополека преточени сцени, ама во нив сум уживал додека траеле, сум се внесол во таквите.
Филмот е бајаги бавен, има премногу сцени и детали кои не мора да припаѓаат на филмот. Има и премногу смешни сцени, не од аспект хумористични, туку од тоа колку се смешно изведени. Типичен пример е рибарското бродче Chelsea кое оди во војна и може да прегази друг брод посилен од него 5 пати. Аман! Глупаво вештачки направена сцена.
Меѓу другото, ако се нафатиме да правиме портрет на главните ликови, да не беше Бред Пит во филмов и Кејт Бланшет, никој не би сакал да го изгледа (особено ако не беше Бред Пит). И што добива Пит од тоа што во овој филм според мене имаше само улога од 20-30 минути. И токму во тие минути се превртува цело љубовно дејствие во филмот. Се земаат, имаат дете и се разделуваат. Само во тие 20 минути и толку.
Друг разочарлив факт е што меѓу Бред Пит и Кејт Бланшет нема ни Х од хемија. Сите сцени се премногу набрзина направени и пак ќе речам - вештачки изведени. Мислев дека ќе уживам како што уживав додека овие двајца ги гледав во Babel, ама таму беа маестрални за разлика од овде.
Нараторскиот шмек што го дава филмов е глуп. Многу глупаво изведено е и подмладувањето на Бенџамин Батон. 30 минути од филмот го гледаме како старец кој живее досаден монотон живот во пансионот на неговата тн мајка, а додека само 10 минути го гледаме во онаа топ форма во која Дејзи се заљубува.
Глупав е и моментот на веројатност - кога Бенџамин Батон пресметува како таксистот ја удри Дејзи.
Немора ни да зборувам за неговиот татко, кој само двапати подоцна се појавува во филмот и ја има цела приказна во рацете. И од нигде никаде, ќе признае дека тој му е татко. А овој како без чувство си ги погребува и неговиот татко и црнкињата што го порасна.
Во филмот основна идеја изгледа не беше љубовта меѓу Бенџамин и Дејзи, туку тоа како луѓето со кои си опкружен секојдневно умираат. Како тоа дека староста е можеби подобра од младоста, а младиот Бенџамин е прикажан нецели 10 минути од филмот.
Крајот воопшто не го чувствував како тажен, во смисол да ме потреси. Филмот е повеќе и од предвидлив. Дури и обичните глупави љубовни приказни како Must love dogs ги наоѓам поинтересни за гледање.
Јас не сум задоволен од тоа како е филмов направен. Премногу е досаден, предвидлив и не допре до мене.
Јас го оценувам со многу ниска оцена, гледајте го сепак и само пресудете.
4/10
После си пуштив филм кој стварно ме сврте од расположение стотка до расположение 0 и назад.
Seven Pounds
Ова е филмот кој според рецензиите што ги пишавте, морав да го изгледам пред другите оскаровци како Milk, The Wrestler и слично. Добив препорака од Јове_бт за филмов, од Кискино, IOsonoINTERISTA и ред други филмомани кои му даваа бел бумбар на филмов.
Филмов од почетокот можев да го поврзам со Pursuit of Happyness, затоа што Вил Смит го поврзува во двата лика - храброста.
Прекрасен филм, уште сум под негови импресии. После гледањето на овој филм сигурно првото нешто што ќе го почувствувате е храброст, а воедно и надежта. Ќе ве исполни со премногу позитивна енергија а воедно и ќе ве растажи премногу.
Мене овој филм ми беше премногу позитивен. Големината на човекот е резултат на неговата совест. Додека една фатална грешка може да не следи долго, можеме и да ја поправаме.
Нема да пишувам никакви спојлери околу филмов затоа што не е фер гледачот да дознае нешто повеќе за него.
Гледајте го без да посакате да дознаете дали има среќен или тажен крај, ова не е лесен филм.
Морам да признам дека на две сцени и дури бев на работ да се расплакам.
Вакви филмови е најдобро да ги гледаш сам за ништо околу да не ти смета, затоа што ме изнервираа и многу банални работи додека го гледав филмов.
Ако некогаш се двоумите дали прво да го гледате необичниот случај на Бенџамин Батон кој воопшто не беше необичен, туку беше подолу и од обичен... или ако го имате овој филм во вашиот компјутер или на двд, одма да го изгледате!
Се соживеав со филмов.
10/10