Последен гледан филм со кратка рецензија

Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245


Преубаво филмче, обожавам вакви романтични комедии. На филмот одамна му го имав меракот, ама ете го зачекав на Канал 5. Ме потсеќа многу на "Holiday' така пред Божиќ се случува цел филм, а и актерската екипа е врвна, се познати глумци. Сепак одлично филмче и моја препорака 8/10 :back:
 
E

`EsCaPe`

Гостин
All the boys love Mandy Lane



Закон филм. Обожавам вакви хорори..
Само малце можам да кажам, друго СЕ би било спојлер.
Значи, се работи за една девојка Менди,се случуваат мистериозни убиства околу неа..Заминува на ранч од нејзин пријател, т.е цело друштво одат таму.. И нормално натаму знаете, еден по еден почнуваат да умираат и и и... Не можам повеќе, само сеа морам мало спојлерче како и секогаш:) : крајот ќе ве изненади. Јас барем се изненадив..

И да, филмов бил номиниран за незнамкакванаграда за најдобар хорор.:)
 

Maryah.C

Be a bee
Член од
9 јуни 2006
Мислења
4.001
Поени од реакции
710
One missed call

Филмот всушност е преработка на Јапонски хорор Chakushin ari ( го немам гледано оргиналот ама верувам дека е подобар).Во целина целата таа замисла не е лоша па може да се погледне, а за хорори има далеку подобри. Можда имав поголеми очекувања па затоа не сум под некоја преголема импресија.

What will it sound like when you die? :)

п.с главна улога ја има Shannyn Sossamon:wub:
п.п.с оценка 7/10
 
Ј

јовица11

Гостин

*Pearl Harbor*
Еден збор:MАЕСТРАЛНО!
Не знам по кој пат го гледам и имам чуство дека го гледам по прв пат.Една од најдобрите воени драми евер!Малку го тупа со нападот, ама сепак задржува пажња.Триото Афлек, Бекинсејл, Хартнет:pipi:
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Што беше маестралното во филмот бе :pos: ...воена драма...:uvo:
Си го гледал Спасувањето на Војникот Рајан? Full Metal Jacket? Apocalypse Now?
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Должината веројатно :pos:

Мене ми се допаѓа филмот ама далеку од тоа да е маестралелен. Разликата со другите воени филмови е што овој повеќе е романтична приказна одколку воен филм, па ако се гледа така онда е во ред. Инаку, премногу е издолжен, историски е неточен и нападот на американците со авионите на Токио мислам беше е научно-фантастична глупост, кој идиотски начин да се заврши филмот... Некогаш сценаристиве не знаат кога е доста, па не сме ние ретардирани да му се невиди...
 

SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
Последниве две недели дур немав интернет изгледав преку 50 филмови, ако почнам да пишувам за секој посебно ќе ми отиде денот : )

Како и да е, последен што го гледав е Sex Drive, копија на многу тинејџерски безвеза филмови. Немојте да го гледате, фала, пријатно.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Runaway Jury



Одличен филм, со одличен приказ на тоа колку некоја единка со своето навидум беначајно влијание може да повлече толку товар и да предизвика огромни промени, приказна за манипулацијата и мајсторите за манипулирање... оценка 8/10 одлична актерска екипа и одлична глума.
 

Lanna

Taller, Stronger, Better
Член од
30 септември 2008
Мислења
550
Поени од реакции
165
August Rush






Топло препорачлив на сите со умерено до длабоко емотивно растројство. Мојата девиза е - ако плачете, исплачете се убаво за плус една причина. Знам дека премногу ќе им се допадне на оние кои музиката си ја складираат во едно гоооолемо парче од душата. Филмот е во принцип збир на прекрасни звуци, од модерни R&B, соул, рок звуци преку госпел до чиста класика. До последен тон исвирени со совршенство, иако на моменти толку ненадејно и наивно. Од треперливо трогателниот глас на Јonathan Рhys Мeyers , преку прекрасниот ангелски глас на Leon G Thomas III, боженствената невиност на лицето на Keri Russell до емоциите пребликнати од секоја пора од малото тело на извонредното големо човече со име Freddie Highmore, оправдано на тронот со титулата - моето откритие за 2009, иако филмов датира од некаде пред 2 години.

Следејќи ја линијата според која различни настани добиваат различно толкување во психата на гледачот, филмов ќе го сфатам како сага за можноста за остварување на сите оние работи кои искрено и од се срце ги посакуваме и на кои им дозволуваме да не водат откако по природа на нештата сами ќе ја определат нашата насока. Приказна за сите оние работи кои добиваат форма само во нашиот слух и за нештата кои се само во очите и мислите на оној кој сака да ги види.

Јonathan Рhys Мeyers ми ти било екстра фраерче. Суштество со прекрасна боја на гласот. Има нешто совршено ранливо во неговите тонови. Пребогата линија на ноти од неговите усни. Совршено му одговараат улоги на поразен воин, улоги кои носат значајна доза на ранливост. Доволно да му станам доживотен фан.
Сепак ништо не ме импресионира онолку колку Freddie Highmore. Има нешто феноменално во фацијалните експресии на малиот голем човек. На моменти неговата појава почнува да ве нервира соочувајќи се со премногу возрасните црти на неговото лице. Совршена и надреална актерска зрелост уште пред средината на втората деценија од својот животот. Толку мудра насмевка. Толку многу страсти и толку силна желба за нивната остварливост. И сето тоа видливо од секој потег на неговите рачиња, од секое минимално движење на неговото тело. Ќе го спомнам и Leon G Thomas III, уште еден од малите генијалци во филмов. Спој на актерски талент и прекрасен глас. Само да ви доловам дел од неговите емоции и неговото препуштање на звуците додека изведува една од неговите рутински улични точки


Еден од филмовите од кои би ги извадила најубавите цитати, во тој контекст и еден од оние кои бараат повеќе напор во желбата да запамтиш барем 2-3 од прекрасните реченици, особено оние за начинот на кој музиката ги менува нашите погледи на светот и животот. За начинот на кој истата не води кон остварување на соништата.

Ќе завршам со една таква. Ќе напоменам дека е прекрасна семејна драма која сепак не е за секого и за во секое расположение. Јас сум задоволна од моите 100-тина минути поминати уживајќи во неговите звуци и емоциите кои ги разделува и изнудува.

"You know what music is? God's little reminder that there's something else besides us in this universe, a harmonic connection between all living beings, every where, even the stars."


П.С. Извонреден soundtrack.
 
Ј

јовица11

Гостин

*The curious case of Benjamin Button*
На моменти здодевен, но сепак интересен филм кој остава впечаток.Одлична режија и глума и дефинитивно фаворит за Оскар (покрај Slumdog m.)Многу оригинален и вшечатлив крај.Му држам фиги на Пит за да ја добие златната статуетка (Иако мислам дека имал подобри улоги од оваа:Meet Joe Black,The legends of the fall).
7/10
 

~windy~

urban hippie
Член од
10 септември 2008
Мислења
774
Поени од реакции
120
The International

Во дилема сум!
Не знам дали филмов има полоша режија или сценарио...или и двете!
Се чини дека режисерот на моменти не ги контролира актерите! Сите внесуваат претерана драматичност во дијалозите и се чувствува неверојатна тензија која дополнително и непотребно е зголемена од гласна, исто така драматична музика која е само непотребна дистракција! Приказната некако не се одвива глатко и завршува наеднаш кога не очекуваш! Ме сецна мајку му, јас очекував уште најмалку 20 мин да трае!

Актерската екипа е одлична, режисерот сакс!
Clive Owen e :drk:as always! Брилијантен ум во филмов! Смарт ес!
Naomi Watts..хммм абре си ја поштувам неа ама шо бараше во филмов појма неам! Излишна улога!
Зошто ја претставуваат како мајка? Две е*ани минути ја даваат во таква улога и после семејството никаде го нема! единствениот впечаток ми е - лош родител! Нема ни агентската работа да ја заврши до крај...стварно I didn't give a shit за нејзината улога за време на цел филм! Бескорисна! Clive го води буквално целото дејство а таа се појавува од време на време со неверојатно лош стајлинг што секако е уште еден дополнителен минус!

Друга работа што не ми се допадна беше светлото во филмот! Не знам дали сакале да вметнат доза на уметност во трилер, можеби! Ако било тоа намерата, апсолутно неуспешно!

Добри снимки од Њујорк сепак!

Толку!:salut:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Еве едно добро филмче за доцна навечер, кога ви се гледа нешто лесно и забавно, без многу да си го замарате мозокот: The Air Up There (1994)

Kevin Bacon е тренер на универзитетски тим во кошарка кој оди во Африка во потрага по талент за својот тим. Ќе гледате кошарка, на африкански начин :vozbud:
Она што е посебно интересно во филмот е глумата на африканците кои се одлични и духовити, слично како во “Боговите паднаа на теме“. Филмот нема безвезно сценарио како повеќето нови филмови за кои велиме дека се “лесни за гледање“ а уствари зрачат со идиотизам. Напротив, едноставен и забавен филм кој ќе ве насмее и орасположи.

Од мене 6.5/10, многу е потценет на IMDB.

 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.708
Поени од реакции
13.389
What happens in Vegas со Камерон Диаз и Ештон Качер. Клише приказна за тоа како ненамерно се сретнуваат двајцата во Вегас и стапуваат во брак. Нормално тука доаѓа до израз нивното его (типично амерички стил на маж и жена) и случајното поврзување меѓу нив
парите кои ќе ги добијат од слот машина но секој ќе се бори да си го присвои целиот износ
. Не го препорачувам од проста причина што е клише на квадрат и сите ситуации суште од самиот филм се покажуваат со совојата плиткост и предвидливост. 4/10
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.394
Поени од реакции
25.213
Деновиве гледав неколку филмови кои ги сретнав на тв, освен еден кој го гледав на двд.
Незнам од кај прво да почнам, ама еве, од најдоброто што го изгледав деновиве.

Primal Fear
Од каде да почнам? Од Ричард Гир или од Едвард Нортон? Хммм, ајде од поглавната улога.
Ричард Гир мене и воопшто не ме фасцинира со некоја посебна улога што ја има во филмов, оној што е маестрален во филмов е Нортон. Негов прв дебитантски филм и ете ја новата ѕвезда на психо трилерот.
Primal Fear е филм кој со еднаква напнатост ќе започне и ќе ве одржи цел филм, воедно и со појака еуфорија ќе заврши.

Трилер баш од оние кои ги сакам, слагалицата за момент си мислиш дека е пополнета и доаѓа нешто ново и повозбудливо.
Ве молам, препорака од мене - не го гледајте коверот на филмот, не читајте ништо околу филмот, само спуштете си го на вашиот PC и гледајте го со некој пријател. Ќе ве воодушеви
9/10

National Security
Го гледам по незнам кој пат, и тоа секогаш на тв сум го фаќал филмов. Типична Мартин Лоренс комедија. Склоп од полициска акција помешана со хумор.
Дали хуморот ќе ви се свиѓа, индивидуално е, несакам да навлегувам.
Филмов има само неколку интересни фори, другото е веќе предвидливо и веќе видено.

Сепак, добро е да се погледне црнечка шлаканица над Стив Захн и да се слушне заразното смеење на Мартин Лоренс.

4/10, оценкава мислам дека е најприлагодна, ама ако сакате да уживате во филм во кој нема да си го намачите мозокот (а такви се потребни и тоа како) убав филм е.

Ама од типот Мартин Лоренс филмови подобар филм од Национална безбедност што го гледав е Nothing To Lose.
Интересна бело црнечка комедија, во која "белата страна" на филмот ја претставува Тим Робинс. Отпрвин почнува како Тим Робинс доаѓа од работа порано дома и ја фаќа неговата жена како има секс со неговиот шеф.

Тука е и поентата на насловот - нема што да изгубиш. Потоа имаме еден роад трип во кој има неверојатно јак хумор. На некои сцени паѓав од смеење.
Ама после некако добри 20 минути од филмот се затапени, нема многу голем хумор. Добар предвидлив завршеток, ама ќе му дадам поголема оцена затоа што ме насмеа на неколку сцени.

6/10

Филмот од кој очекував повеќе е Windtalkers. Искрено, почнав да го гледам затоа што Николас Кејџ беше во главната улога. Интересен почеток, ама после почна многу да се отупави.
Сакам вакви воени тематики. Филмов изобилува со ефекти, особено војните, од бомбардирање до колење со нож. Ама приказна веќе видена - пријателство во една чета војници?

Филмов нема да го оценам баш најдобро, затоа што од една страна има неверојатно добри направени воени сцени, а од друга приказната не ми се допадна.
6/10
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Сачу ја:
Bank Job



Морам уште на почеток да кажам дека филмов е работен по вистинска приказна и како таква е доста импресивна, добра животна сторија за несекојдневни настани и прилики, заплет како некој на момент да го ставил Гај Ричи во улога на господ да си игра со човечките судбини и така да ги испреплети. Кој сака добри фрки и тајни служби, грабежи на банки, заговори... нека го симнува и нека го гледа чиста 8ка.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom