Последен гледан филм со кратка рецензија

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Invention of lying
И покрај тоа што главната женска улога Џенифер Гарнер ми е антпатична, филмов баеги ми се допадна. Ах, кога би се правеле вакви филмови повеќе. Приказната на сите ви е позната и таа е она што ме импресионира уште во почетокот од филмот. Е сега имаше некои глупи невозможни ствари, дури и за таков свет, али ајде. 9/10


Twilight: New moon
Со оглед на тоа што бев заљубена у првиот дел, овој му е достојно продолжение. Првата половина од филмот е супер, се според книгата, според мене секоја од сцените не беше излишна. Што се однесува до втората половина, би рекла беспотребно развлечување на дејството. Значи можеле да го стават во пола час она што го ставиле во саат. И не знам што се дигна целата таа фама околу Дакота Фенинг кога таа глумеше се на се 5 минути. Сепак, како обожавател на актерите и на приказната, му давам 9/10 иако можеби и тоа му е многу. Btw сум антифан на книгите.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.396
Поени од реакции
25.218
A Serious Man (2009)



Изгубено време. На среде филм го прекинав и го избришав од компјутер.
Таман го спуштив денес и му се натокмив да го гледам, ми скрши расположение:(.
Ај ќе видиме ќе го пуштам кон вечер, јас очекував нешто колку-толку. Плус интересен насловов ми се виде:).

Мој предлог на неделата - The Hurt Locker. Немам време сега за рецензија, ме чекет книгине, ама го препорачувам, многу јак, потресен, возбудлив филм, иако на моменти личи на документарец, нема врска тоа, и американската пропаганда, и тоа нема врска. Само пуштете го и подгответе се да бидите напнати низ целиот филм.
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
2012

И шо???? Леле колкава галама се дигна околу филмо шо помисли дека ке биде нешто спектакуларно,и така чекајки начека двд снимка и го симна ...И ШО???/Филмо како филм не викам дека е мизерија де добар е ама е само филм елементите у него ги има у ногу други слични филмови кој обработуват оваква тематика ама ај добра страна му се ефектите не е лошо да погледне у 3д ама за мене беше еден обичен филм видена приказна онака ко ке те праша некој шо последно гледа највеке шо можам да кажам е гледа го 2012 добар филм.Значи како таков му давам една 7мица онака колку да не бидам јас хејтеро ама стварно за џабе галама кога оваа година изгледа мин 3 филма шо се у споредба со овај нешто ван сериско.И така.....
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Hua Mulan



Оваа авантура, драма или романса била филмувана повеќе пати а претпоследниот пат тоа било во 1998 година под името Mulan ама како анимирана верзија на Walt Disney Pictures а се зборува за девојка која наместо нејзиниот татко кој е болен се пријавува во војската ама преправена како машко бидејќи ако ја откријат може да да биде погубена.
Некој ќе си помисли дека овој филм е Кинески и во него ќе има карате борци кои летаат од дрво до дрво и им ја кршат кичмата на сите оние што на брат му му ја скршиле кичмата...
Се војува за територија, во секоја битка гинат луѓе и емоциите на бојното поле не се дозволени, секоја емоција го одвлекува умот на воинот на друга страна а поради тоа некој твој близок може да загине?!
Филмот ја прикажува војната гледана на друг начин, како една жена успева да го скрие својот идентитет, нејзиниот подем и нејзините разочарувања...
Филмот завршува со оваа мисла:
Go too far from home and you will lose your roots,
kill too many people and you will forget yourself,
If you die in battle your life will sink into the ground like rain and
vanish without a trace,
If at that time, you fall in love with someone If at that time,
you fall in love with someone and embrace life with passion!

Ви го препорачувам да го гледате ама и да го разберете...
 

jasisamojas

Не ми треба титула
Член од
26 ноември 2008
Мислења
762
Поени од реакции
423
Righteous Kill

Righteous Kill (2008)



Еее од кога сакав да изгледам еден ваков филм. Конечно!! Се работи за крими (би додал и малку доза на психолошки) трилер во кој двајца детективи работат на случај за еден сериски убиец, за кој само можам да ви откријам дека е всушност полицаец, што ја отежнува ситуацијата да го пронајдат, бидејќи добро ги покрива трагите. Друго ако ви кажам, ќе биде премногу. Гледајте го нема да зажалите. Посебно ми се допадна што беше прикажан од друг агол, т.е. цело време се наведува гледачот на еден негативец, а на крајот изглегува дека е друг.

На постеров гледате дека главните улоги ги толкуваат Роберт де Ниро и Ал Пачино, а ќе откријам дека исто и 50 Cent глуми во филмов.

Оцена: 8,5/10
 

Milla*

100% Milla
Член од
15 јуни 2009
Мислења
254
Поени од реакции
41
Еве пред малку го изгледав "The book of Eli" и ми се допадна. Не е нешто WOW, ама содржината ми се допадна, зашто баш ја опишува денешницата и нашата реалност. За изгубените вредности, за меѓусебното јадење на луѓето, за потрагата по духовното богатство, за вербата во себе, во пријателството, во љубовта. Колку не знаеме да го цениме она што го имаме, а кога ќе сватиме веќе е предоцна.

 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.264
Поени од реакции
2.261
Righteous Kill (2008)



Еее од кога сакав да изгледам еден ваков филм. Конечно!! Се работи за крими (би додал и малку доза на психолошки) трилер во кој двајца детективи работат на случај за еден сериски убиец, за кој само можам да ви откријам дека е всушност полицаец, што ја отежнува ситуацијата да го пронајдат, бидејќи добро ги покрива трагите. Друго ако ви кажам, ќе биде премногу. Гледајте го нема да зажалите. Посебно ми се допадна што беше прикажан од друг агол, т.е. цело време се наведува гледачот на еден негативец, а на крајот изглегува дека е друг.

На постеров гледате дека главните улоги ги толкуваат Роберт де Ниро и Ал Пачино, а ќе откријам дека исто и 50 Cent глуми во филмов.

Оцена: 8,5/10
Мала оцена си му дал друже. Иако го гледав одамна, за мене ова е еден од најдобрите крими филмови кои ги имам гледано. Многу јака приказна и најнеизвесен крај EVER!

Од мене 9.5/10!
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
The Stepfather (2009)



Римејк на стариот филм од 1987 кој има и две продолженија, а за кој ќе пишам подолу во постов.

Се работи за психопат кој се сели од град во град и секогаш со нов идентитет, запознава самохрани мајки и стапува во брак. Неговата намера е да формира перфектно семејство, се додека нешто не тргне како што треба, по што го убива семејството и заминува во потрага по ново.

Ова е како што реков римејк на еден стар филм кој на времето беше популарен. Не може да се каже дека го надминал, но во секој случај е сосема пристојна замена. Од аспект на хорор - жанрот, секако не е толку страшен, пред се поради глумата и поради creepy-музиката која ги правеше старите хорои тоа што се.

6/10

Трејлер:




The Stepfather (1987)



Филмот го имав гледано уште како мал кога тогашните видеотеки беа преполни со вакви филмови: не многу скапи, не спектакуларни, но филмови кои беа ценети и имаа култен статус. Филмови за кои се раскажуваше.

Стариот филм е со Terry O'Quinn, на оние кои следат Lost попознат како Џон Лок :) . На истите веќе им е јасно дека човекот го одглумил очувот-психопат перфектно и го подигнал нивото на филмот. Самиот филм без ваков негативец, би бил пропаст.

7/10 за оригиналот, а планирам да го погледнам и вториот дел кој е солидно продолжение.

Стар трејлер за стар филм:

 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.439
Поени од реакции
6.089
Running Scared (2006)


Од кога не сум гледал добар трилер како овај и тоа на мтв 1 ...се зачудив како имав пропуштено ваков филм(слаба реклама најверојатно).Во филмот скоро се е опфатено од мафијата,валкани цајкани ...олоши кои малтретираат деца...цело време филмот ве држи во неизвесност и не знаете што ке се случи следно...едноставно ако сте љубители на добар трилер мора да го погледнете :)

9/10 :)
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.643
Поени од реакции
34.057
It will TWIST you and TERRIFY you OVER and OVER

Triangle (2009)



:cuc: - Да го испоштовам и извинам што го третирав филмот како црнец, дискриминирајќи го и не му давајќи шанса неколку месеци. Ова е ремек дело во компарација со сите други вакви што обработуваат слична тематика, од класата сај-фај/хорор/мистерија/трилер. Од причина што нема толку големи дупки што вреѓат интелигенцијата туку доста има обрнато внимание на детали. Приказната е мистерија така да што и да се обидам да напишам ќе е спојлер. Топло препорачувам и очекувајте солидно да ве изненади. 10/10 од мене.
 

/gone/87

+++FOR CLEAN SKOPJE+++
Член од
30 март 2009
Мислења
1.769
Поени од реакции
119
Многу интересна романтична драма.Дејствието се одвива пред и за време на Втората Светска војна.Се работи за љубов помеѓу двајца млади кои поради одредени околности ќе бидат разделени.Дечкото завршува во затвор поради наводно силување на една братучетка на девојка му,според тоа што го видела нејзината сестра.Подоцна како војник заминува во Северна Франција,а девојка му се вработува како медицинска сестра во Лондон.........доста беше вовед,интересното следува после..
9/10 поради првите 30 мин,бидејќи некако ми изгледаа монотоно,но верувајте вреди да се гледа филмот
 
Член од
27 август 2008
Мислења
32
Поени од реакции
1


Главна Улога - Мила Јовович .... Научно фантастичен трилер ... обично мразам научна фантастика ама филмов ми остај силен впечаток , посебно зошто се работи за Вонземјани ... а јас ги обожавам сите вонземјани :vozbud: ... Инаку се работи за вистинит настан , во едно мало гратче на Алјаска каде луѓето исчезнуваат или се самоубиваат ... утврдено е дека во овој град во тоа време , а и воопшто се забележани најмногу случаи во кои присуствувал FBI ... Инаку Мила Јовович е психолог која е дојдена на Алјаска со задача да го истражува феноменот во кој луѓето сонуваат ист сон и им се случуваат чудни и страшни работи .... Истовремено во филмот се појавува и интервјуто со вистинската особа која ја толкува Мила Јовович која впрочем ќе заврши в лудница бидејќи нема да и веруваат во нејзините докази ... Филм кој вреди да се гледа

од мене 8.5/10 , http://www.imdb.com/title/tt1220198/




THE DAMNED UNITED

За љубителите на фудбалот , приказна за славните години (крајот на 60те и почетокот на 70те) на LEEDS UNITED и DERBY COUNTY ... типичен пример за англискиот фудбалски фанатизам и приказна за тоа како DERBY COUNTY успеа да влезе во премиер лига , односно тогаш прва дивизија во Англија , а беше на самото дно во втора дивизија ... и шо е најјако веднаш станаја шампиони во првата дивизија . Како успеаја , како се менаџираја тимовите тогаш и уште доста други сплетки во фудбалот видете сами , супер филмче и нормално вистинска приказна за Brian Clough ... тогашниот тренер на DERBY COUNTY а подоцна и на LEEDS UNITED ....

моја оценка 9.5/10 , http://www.imdb.com/title/tt1226271/

А сега е време да ја гледам првата епизода од шестата сезона на LOST :wink:
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.349
Поени од реакции
8.433

"Daybreakers"
Во годината 2019, од чума ја трансформира повеќето секое човечко во вампири. Соочени со смалувањето на снабдување со крв, со фрактура на доминантна раса парцели нивниот опстанок; меѓувреме, истражувач работи со тајната група на vamps на некој начин да го спаси човештвото.

главниот лик истражувачот ќе му помогне на човеката раса со тоа што ќе проба да најди лек односно да ги преврати вамирите во љуѓе но тоа нема да биди целта на неговата компанија како и кај секоја друга е во парите итересни случувања но се само просечен филм а на оценките многу големи и што е најважно на крајот победува човештвото како и секогаш :toe: моја оценка 6/10


Fake Identity




лоша имитација од филм и нешто на проба на продолжување на другите филмови со идентитетот:tapp:

Во Чеченија, американски лекар прави враќање во животот, кога тој им помага на мистериозна жена да избега од напаѓач.но потоа ќе го гонат него истовремено и неговите американците но и русите и ќе го заменат по грешка односно ќе го гонат по грешка во замена со неговиот идентитет а во целото време е наместен за да му помогне на тајинствената девојка абе шо да ви кажвам глупости живи ама ако сакате нешто како слабо продолжение со вал килмер гледајте го моја оценка 3/10

па и трелер не можиш да најдиш салам еве само дел од филмот :kesa:



:salut:
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.560
Поени од реакции
2.524
Righteous Kill (2008)



Еее од кога сакав да изгледам еден ваков филм. Конечно!! Се работи за крими (би додал и малку доза на психолошки) трилер во кој двајца детективи работат на случај за еден сериски убиец, за кој само можам да ви откријам дека е всушност полицаец, што ја отежнува ситуацијата да го пронајдат, бидејќи добро ги покрива трагите. Друго ако ви кажам, ќе биде премногу. Гледајте го нема да зажалите. Посебно ми се допадна што беше прикажан од друг агол, т.е. цело време
се наведува гледачот на еден негативец, а на крајот изглегува дека е друг.

На постеров гледате дека главните улоги ги толкуваат Роберт де Ниро и Ал Пачино, а ќе откријам дека исто и 50 Cent глуми во филмов.

Оцена: 8,5/10
Мала оцена си му дал друже. Иако го гледав одамна, за мене ова е еден од најдобрите крими филмови кои ги имам гледано. Многу јака приказна и најнеизвесен крај EVER!

Од мене 9.5/10!
Мене па филмов ме разочара, поради слабата глума на Де Ниро и Пачино, како да сакале што побргу да се отарасат од филмов, и од слабото предвидливо сценарио - не знам зашто крајот е толку неизвесен?:toe: Еден цајкан
се мрднал, почнува да убива луѓе наоколу, уште од самиот старт ти признава и мора да си речеш чекај малку не може само тоа да биде, филмов мора да има некој заплет, така да по 10-15 мин. не е тешко да погодиш пошто у филмов има само 3-4 лика.
Го излеав до крај само поради двеве легенди, ме излажаа да го гледам овој лош филм :))
 

Kajgana Shop

На врв Bottom