Последен гледан филм со кратка рецензија

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.560
Поени од реакции
2.524



Еден од најдобрите хорори што ги имам гледано. Одлична глума, а нема познати глумци (освен ете Раде Шербеџија), многу добар стил на снимање (додава на језивост/страв), се е многу добро прикажано и доловено, стравот мава на психа значи КАКО ШТО ТРЕБА да биде страшен еден хорор а не некој оди коља/брца/вришти....

Оцена 10/10


Според мене: A MUST SEE!!!
Филмов е римејк на шпанскиот [Rec] (2007). Според начинот на снимање, сличен на Кловерфилд, Блер Вич....Потрчаа да го снимат римејков само 1 година после оригиналот (за кој би рекол она што ти си го напишал за римејкот - многу добар напнат хорор, со одлична глума од страна на Manuela Velasco, не верувам дека оваа у римејков може боље да одглуми ), само затоа што на глупине Американци ги мрзи да читаат титлови (или се неписмени) :nesvest: Па уште на постерот напишале за што се работи
и ја ставиле последната сцена од филмот
:nesvest:
Така да моја препорака, гледајте го оригиналот...

... и да препорачам уште еден добар хорор кој искочил у последно време а на кој мрзиве амерички исто така му спремаат римејк у 2010 - шведскиот Låt den rätte komma in (2008) . aka Let the Right One In. Многу добра хорор драма, адаптација на бестселер.
 

-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
Филмов е римејк на шпанскиот [Rec] (2007). Според начинот на снимање, сличен на Кловерфилд, Блер Вич....Потрчаа да го снимат римејков само 1 година после оригиналот (за кој би рекол она што ти си го напишал за римејкот - многу добар напнат хорор, со одлична глума од страна на Manuela Velasco, не верувам дека оваа у римејков може боље да одглуми ), само затоа што на глупине Американци ги мрзи да читаат титлови (или се неписмени) :nesvest: Па уште на постерот напишале за што се работи
и ја ставиле последната сцена од филмот
:nesvest:
Така да моја препорака, гледајте го оригиналот...

... и да препорачам уште еден добар хорор кој искочил у последно време а на кој мрзиве амерички исто така му спремаат римејк у 2010 - шведскиот Låt den rätte komma in (2008) . aka Let the Right One In. Многу добра хорор драма, адаптација на бестселер.
Знам дека е римејк на REC ама овој ми е многу подобар и глумата ми е подобра (се вкупно, не само на главните глумци) и плус што зборуваат на англиски, таму шпански шпрехаат, оди разбери ги, ко касандра да гледам и многу ми е смешно како се возбудуваат/плашат на шпански, а и не си сигурен кој што точно збори во моментот.

Моја гледна точка.
 
Член од
22 јуни 2008
Мислења
725
Поени од реакции
218
не вметнав цитат,заборавив,за Iosonointerista,мислам

точно е дека не е битно дали е вистина или не дејството во филмот,ама кога на старт ке најават дека е по вистински настан правено,а и Мила ке најави дека се користени вистински снимки(а не се) е тогаш ептен е битно.Дупките...па еве една...како настана касетата каде прв пат се слушаат ,,сумерите,,...снимката од полициската кола,зарем на Патон немаше да му е доволен доказ дека Тајлер е чиста или барем сведочењето на полицаецот...или последната снимка кога ја хипнотизираа Тајлер,кога беа присутни докторот и нигерот,па почнаа ,,магнетни,, пречки(впрочем,секогаш на снимките имаше пречки) за да и они доживеат ,,близок контакт,, и пак ништо конкретно.Не знам,ама се ми беше некако хаотично нафрлено на куп,набрзина направено.За какви тензии збориш пријателе,или јас ептен сум отапел.Сепак,мислам дека си бил во некое посебно расположение па толку те дрмнал филмот.Сега да го гледаш ке ја намалиш еуфоријата.И не прави паралела меѓу овој филм и филмовите на Хичкок,не е фер према човекот.Замисли тој да го правел филмот.Кога сме кај тензиите,не знам дали си го гледал ,,ДУЕЛ,,од Спилберг,неговите почетоци...е тоа ти е тензија..малку шеќер,а многу благо.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
не вметнав цитат,заборавив,за Iosonointerista,мислам

точно е дека не е битно дали е вистина или не дејството во филмот,ама кога на старт ке најават дека е по вистински настан правено,а и Мила ке најави дека се користени вистински снимки(а не се) е тогаш ептен е битно.Дупките...па еве една...како настана касетата каде прв пат се слушаат ,,сумерите,,...снимката од полициската кола,зарем на Патон немаше да му е доволен доказ дека Тајлер е чиста или барем сведочењето на полицаецот...или последната снимка кога ја хипнотизираа Тајлер,кога беа присутни докторот и нигерот,па почнаа ,,магнетни,, пречки(впрочем,секогаш на снимките имаше пречки) за да и они доживеат ,,близок контакт,, и пак ништо конкретно.Не знам,ама се ми беше некако хаотично нафрлено на куп,набрзина направено.За какви тензии збориш пријателе,или јас ептен сум отапел.Сепак,мислам дека си бил во некое посебно расположение па толку те дрмнал филмот.Сега да го гледаш ке ја намалиш еуфоријата.И не прави паралела меѓу овој филм и филмовите на Хичкок,не е фер према човекот.Замисли тој да го правел филмот.Кога сме кај тензиите,не знам дали си го гледал ,,ДУЕЛ,,од Спилберг,неговите почетоци...е тоа ти е тензија..малку шеќер,а многу благо.
Прво, рековме, не знаеш дали се вистински снимките или не и затоа немој да го користиш како „факт“. Еден куп луѓе се обидуваат деновиве да ги најдат „глумците“ од документарните снимки, но сеуште никој не ги нашол. Со оглед на тоа дека посебно главната „актерка“, „одглуми феноменално“, некој ќе ја знаеше, од некое филмче, претстава или слично...

Ова само како контра аргумент на „фактот“ дека се лажни. Не сакам да навлегувам во таква дискусија и сигурно не верувам во се и сешто, ама аргументи постојат и за двете теории. Ама како што реков во рецензијата, најмалку е важно. Така се направени и Blair Witch и Paranormal... Во првиот дури на крајот на кредитите после едно 5 минути со ситни букви стои дека ликовите се измислени. Кога го гледале, сите мислеле дека гледаат документарец. Но тоа не му ја намалува вредноста, филмот беше и остана популарен.

Тензијата треба да ја почувствуваш, ти не си ја почуствувал, филмот не е за тебе и се тоа е ок, прашање на вкус. Паралела не направив меѓу филмот и меѓу Хичкок, туку објаснувањето на Хичкок за тоа како треба да создадеш чувство на тензија и страв кај гледачите. Ако излезеа на филмот некакви суштества и ако само ги видевме 5 минути, филмот ќе се упропастеше. Идејата дека постојат и дека можат да ти ги направат оние работи е застрашувачка. Но само ако ја пуштиш фантазијата да ти работи.

И сега за „дупките“.

Касетата на кој прват се слушаат беше шокантен момент во филмот. Нема никаква дупка, таа се снима како зборува а потоа станува обземена од нив. Не се сеќава на тој дел, исто како што не се сеќаваат нејзините пациенти, ако не се под хипноза.

Снимката полицаецот не ја виде затоа што влезе бесен и не го слушаше полицаецот и нормално не му веруваше затоа што човекот едноставно има затворен ум за тие работи и цел филм го помина во неверување.
Тајлер остана чиста, нели не беа покренати никакви обвиненија за ќерка и, случајот остана мистерија.

Магнетните пречки не се никаква дупка, во цел филм
присуството на вонземјаните создава магнетни пречки.
Тоа си е решение на авторите.

Дупка во сценариото е дел кој го превиделе авторите и кој предизвикува нелогичности и ја руши целата приказна на филмот. Тази дупка не е дупка, пријателе :)

ОК, да не испадне дека јас напнувам со филмот, сакав само да подискутираме. За вкусови не се дискутира, што викаше еден наш демек-новинар пред некој ден на тв :)

Некои делови ќе ги ставам во спојлер.
Поздрав!
 

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Со оглед на тоа дека посебно главната „актерка“, „одглуми феноменално“, некој ќе ја знаеше, од некое филмче, претстава или слично...
Споредна улога во Dexter, како негова сестра.
 
Член од
22 јуни 2008
Мислења
725
Поени од реакции
218
Vo red e,za vkusovi ne se diskutira i toa e.

,,FINDING FORESTER,,
-malce postar film (2000) ama e masterpiece,drama so Sean Conery i vo
rezija na Gus Van Sant.Prikazna za prijatelstvo,mentorstvo,rasni razliki itn.Da ne dolzam,koj ne go gledal, dva saati,nema da zazalite.
Vo Evropa zema nekoi nagradi,mislam na Berlinski festival,Amerite ne go primija bas,ama i ne se nekoj reper.9/10
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
The Courageous Heart of Irena Sendler (2009)



Прекрасно!

„Храброто срце на Ирена Сендлер“ или „Децата на Ирена Сендлер“ како што пишуваше на копијата која ја гледав, е филм за една девојка, социјален работник за време на WWII во Полска, која со голема пожртвуваност и храброст спасува 2500 еврејски деца од гетото во Варшава.

Си помислив за време на филмот, а после видов дека и други ја прават истата споредба: ми личеше на друга верзија од Шиндлеровата листа. Во секој случај, крајно емотивен филм (за дечките и девојките што пишуваат во темата „Дали сте пуштиле солза на некој филм“ да кажам дека ќе им требаат две паковки Палома :) ), многу инспиративен, едноставно драма која мора да ви се допадне.

Филмот е инаку вистинита (биографска) приказна, и во него се зборува на англиски, германски и руски јазик, ако ја најдете таа копија. Јас го гледав титлуван на полски и не беше воопшто лошо, освен што мора многу да се прати преводот. Англиско трејлерче нема, ама зборовите не се многу важни:



Мислам дека сега имате претстава за каков филм се работи па кој сака, нека го изгледа, имате препорака.

9/10
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Со оглед на тоа дека посебно главната „актерка“, „одглуми феноменално“,

Така е!!


Се работи за Џенифер Карпетнер, не знам дали е во сродство со познатиот (легендарниот) Џон Карпентер режисерот на "Prince of Darkness" & "The Thing" но доколку е мислам дека го срами во најмала рака :pos2: типката барем во "филмот" Карантин (врска нема) сега не знам за Декстер каде што глуми можеби е подобра, сеуште ја немам почнато серијата (го мрзам главниот лик заради улогата во Six Feet Under)

Извинтете за офтопик! морав
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.264
Поени од реакции
2.261
xXx

Ксандер Кејџ(Вин Дизел) е екстремен спортист регрутиран од владата на специјална мисија, да собере информации за една организација која можеби планира уништување на светот, предводена од нихилистот Јорги.

Динамичен трилер, класична акција, филм кој некако повеќе би рекол е за помладата генрација(читај: до 15-16 години) кои се палат на јунаштвото во последните 3 секунди. Некако сега и 2012 ми е многу пореален отколку што ми беше пред да го изгледам овој филм.

Инаку, каскадерите кои го заменуваат Дизел во најсилните сцени заслужуваат мислам чиста 10ка.

Немаше многу бриљантни мометни во филмот. Многу е предвидлив. Уште на почетокот се гледа дека Јелена(Асиа Аргенто) е исто така шпион, нешто што во филмот го открија во последните 20 минути.

П.С. Мнооогу промашен филм за Семјуел Л. Џексон! Дефинитивно не требало тој да ја добие улогата која ја толкуваше!

xXx: State of union(The next level)
Вин Дизел заменет со Ајс Кјуб. Баш поради ова и го гледав филмот, да видам како ќе се снајде Ајс Кјуб бидејќи после Are we there yet и Are we done yet не можев да го замислам во ваква улога. И не сум којзнае колку задоволен. Вин Дизел беше бољи.

Содржина: Дариус Стоун, новиот агент во програмата ХХХ е испратен во Вашингтон да го спречи министерот за одбрана кој предводи една фракција од војската во обидот да ја симне од власт владата и да изврши атентат на претседателот.

Во врска со пост-скриптумот за првиот филм: среќа што `божем` го утепаа Семјуел Л. Џексон на почетокот. Сега гледам дека не бил претходниот филм промашен за него, туку дека не го сакам глумецов и во секој филм ќе го велам истото. Ја нема таа природност при глумењето, некако се преценува.

Се молам да нема трет продолжеток од филмов.

Up in the air
Повеќе од 10 минути мислам и не знам како да ја почнам рецензијава на филмот. Филмот навистина ме допре.

Моментално нема филм кој подобро ја отсликува реалноста. Реалноста на изминатата декада – невработенста, економијата, медиумската тврдина, Американсаката култура, технологијата, нарцизмот, ништожноста...

Првиот дел од филмот и не е којзнае колку совршен, меѓутоа следува прекрасен пресврт. Во вториот дел Клуни ја остава сета своја елегантност и во погледот ги покажува вистинскиot страв и изолација кои ги чуствуваат вистинските луѓе.

Во филмот се одвиваат 2 приказни. Во едната луѓето добиваат откази, другата ги прикажува пробелмите со Рајановиот начин на живот. Крајните интервјуа кои ги прикажуваат луѓето кои добиле отказ како го надминале со своите семејства ги спојува двете приказни заедно. Совршено. Крајот е совршен! Па и оутро-песната.....

Сигурно од филмот со себе ќе понесам дел од `невидливите` мудрост и хумор!

П.с. Клуни неверојатно ме потсеќа на Мурињо :icon_neut
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.708
Поени од реакции
13.389
Неделава дефинитивно го срушив рекордот во гледање на еден лик во повеќе екранизации. После изгледаните Batman & Batman Returns око ми фати нековиот римејк во поново време Batman Begins. Оние двата што се со шварци и Џим кери ги прескокнав оти.. ај знаете, ако нешто не го бива стварно не го бива. Како и да е, новово руво на темниот суперхерој ме бендиса. За оние кои очекуваа класичен филм како неговите претходни сигурно се изненадени. Филмов итекако го има променето своето руво, иако секогаш темен, сепак тука ја осветлува страната на самиот криминал во Готам, причината зошто се случуваат толку многу незгоди, зошто се појавуваат негативци...
Го имаме Брус Вејн принцот на Готам кој е богат, живее речиси удобен живот. Зошто „речиси“? Веќе е позната приказната за неговиот најголем губиток - родителите. Тој уште како помал ги губи и останува само под закрилата на единствениот човек кој може да му верува - Алфред, неговиот батлер. Трагајќи за нивната смрт, тој ќе се соочи со подземјето кое го фаќа својот замав од ден за ден. Студирајќи го, тој го пронаоѓа убиецот на неговите родители - виновникот за раѓањето на неговото алтер его - да помогне на оној кој има страв, додека сејачот на стравот да го почувствува сето она што го создава на своја кожа. Тој ќе се запознае со својот „тренер“ кој ќе му овозможи да ги подобри вештините кои ги негувал до тогаш. Со враќањето во Готам тој станува симбол, суперхерој каков градот навистина му треба.

Моја лична оценка за филмов е 9. Еден од подобрите акциони филмови и меѓу најдобрите со суперхерои.
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.120
Поени од реакции
104
Аватар.

Лошо. Многу лошо.
За ефектите, немам зборови. Се гледа дека многу е вложено и покрај тоа што не го гледав во 3D.
Приказната... Искрено, не верував дека може да се направи погеј филм од Твајлајт. Вечерва се разубедив дека тоа е возможно. Приказната, скоро иста. Очекував некаква напнатост, а не
љубовна приказна
.
Типката се заљубува во човек, тој американецот се заљубува во суштеството со ушите
, и толку е. Можеле барем малку да направат да има нешто интересно. И можело да трае максимум 2 саати! Беспотребно потрошено време на срцепарајучи филм.

Не ми се свиѓаше. Се воодушевив на тоа како беше претставена Пандора, но само на тоа.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.643
Поени од реакции
34.057
Primal Fear (1996)



Oва е филм за сите „филмаџии“ кои наместо да се опуштат и уживаат во мистериозните-драма-трилери, тие се потат до самиот крај обидувајќи се да го пробијат филмот. Па, овој е само за вас, супер ќе се осеќате, иако е малце заплеткан, шаблонскиот тек не е изоставен. Доста проѕирно.

Приказната е за тинејџер (ЕDWARD NORTON!!!) кој е обвинет за убиство на свештеник со повисок статус во општеството, и каде big-shot адвокатот (Richard Gere) ќе го зема случајот како про-боно. Понатаму не продолжувам, за да не
спојлерирам
но топло препорачувам. Солидна глума, просечна приказна. Кој не би. 8ка ради Нортон. Иако после Fight Club, секој филм со multiple personality dissorder ми е смешен и предвидлив, па дури и од него.

4@0
 
D

Delux

Гостин
Аватар.

Лошо. Многу лошо.
За ефектите, немам зборови. Се гледа дека многу е вложено и покрај тоа што не го гледав во 3D.
Приказната... Искрено, не верував дека може да се направи погеј филм од Твајлајт. Вечерва се разубедив дека тоа е возможно. Приказната, скоро иста. Очекував некаква напнатост, а не
љубовна приказна
.
Типката се заљубува во човек, тој американецот се заљубува во суштеството со ушите
, и толку е. Можеле барем малку да направат да има нешто интересно. И можело да трае максимум 2 саати! Беспотребно потрошено време на срцепарајучи филм.

Не ми се свиѓаше. Се воодушевив на тоа како беше претставена Пандора, но само на тоа.
на сите не ни се свиѓа нешто шо непријатно мисира,ама мора да трпиме...реваншизам на нашите најголеми очекувања??
глупости..треба да се навикнат луѓето на тоа што е добро и на тоа шо нечини,оти критиките нафрлени без општо познавање на нашите домени се во најмала рака смешни...
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.120
Поени од реакции
104
на сите не ни се свиѓа нешто шо непријатно мисира,ама мора да трпиме...реваншизам на нашите најголеми очекувања??
глупости..треба да се навикнат луѓето на тоа што е добро и на тоа шо нечини,оти критиките нафрлени без општо познавање на нашите домени се во најмала рака смешни...
Не, не мора.
Го критикувам филмот, затоа што прво, приказната нема смисла, второ, е уште една од многуте срцепарајучи филмски приказни, трето, геј е, четврто, трае 160 минути!

Да, ја би потрошила и 3, па и 4 саати на филм кај што нешто се случува. А не на филм кај што или американците фрлаат бомби на Дрвото или летаат со летачки коњи кои си ги врзуваат на плетенката. Тука нема ни заплет ни кулминација, ништо.

За ефектите, немам зборови, прекрасни беа. Содржината е онаа која му фалеше на толку фолго најавуван и филм на кој му се посветени и време и пари.
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.264
Поени од реакции
2.261
The Shawshank Redemption

Да не повторувам едно исто со различни зборови, за филмот веќе се е кажано на темава:


The Shawshank Redemption

Не ми се верува дека до сега не сум го гледала филмов,не сум нормална.:nesum:
Навистина има прекрасна приказна,но во ниеден момент не станува монотоно и заморно.Напротив,цело време имав потреба да знам што ќе се случи во наредната сцена,ретко кој филм така ми го окупира вниманието.Глумата е супер и уствари не можам да најдам некоја мана,нешто што ми сметаше додека гледав,исто вистинска реткост.Сосема заслужено се смета за најдобар и најнормално дека му давам10/10.

The Shawshank Redemption

Конечно после време и време со сигурност можам да кажам дека гледав убав филм.
Филмот е од 1994година номиниран за 7 оскари и еден меѓу главните глумци е Morgan Freeman.

Скоро целото дејствие се одвива во затвор поради неправедна осуда за убиство и се што се случува понатаму измачувања,пресврти,лажни идентитети.

Оценка 8.5/10
The Shawshank Redemption



Филмот со најдобар рејтинг на имдб, дури 9.2, замислете пред Кум и да, еден од најдобрите филмови кои сум ги гледал.Драма каква што не можете да замислите, генијално режирана, со одлично сценарио, фантастична музика и генијални глумци.Незаменливиот Морган Фриман во улога на затвореник кој отслужува доживотна робија и Тим Робинс, новиот затвореник кој ќе успее да побегне.
Навистина вреди да се погледне, дополнителен предизивик нека ви биде неговиот највисок рејтинг, глумата на Морган Фриман, прекрасната приказна итн...
Моја оценка 10/10

The Shawshank Redemption


Една од најдобрите драми, воопшто. Не знам дали со право е најдобро оценет на www.imdb.com, но сепак овај е култен филм кој би му го препорачал на секој љубител на драми. Нуди беспрекорна напнатост и просто се воодушевував со секој дијалог, особено нарацијата и мудрите мисли на Freeman. 10/10
The Shawshank Redemption

Импресивен филм со доста добра и поучна приказна :) за рецензија нека говори тоа што филмов ја има највисоката оценка на имдб. Од мене добива една солидна 9ка заради некои елементи кои оставаат мали празнини, инаку негде на средина ми стана јасно дека го имам гледано филмов :)

 

Kajgana Shop

На врв Bottom