Последен гледан филм со кратка рецензија

Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245


„Сонувај, заработи и живеј“ е мотото на овој тин мјузикл филм со елементи на мала драма. Филмот е римејк на популарниот мјузикл од 80те. Јас поради тоа што го немам гледано оригиналот, за кој сите зборуваат сé најдобро, овој ми беше доста солиден филм. Музиката е фантастична, непознати глумци (аматери со еден збор) кои навистина ќе те натерат да го изгледаш до крај филмот. Нема некоја баш љубовна приказна која го влечи дејството (како на пример во „Сочувај го последниот танц 2“, „Хани“ и слично), овде не е толку премногу нагласена, но далеку подобро направено од гореспоменатите. Иако не би го споредувал со тин мјузиклот „Step Up“ (Фати го ритамот), посебно 2. дел кој ми е најубав од таквиот вид на филмови. Секако да не го заборавам и фантастичниот прв дел од филмот „Сочувај го последниот танц 1“.

7/10





Деновиве сé обидувам да ги изгледам овие потенцијалните номинирани за Оскарите, па така еве вечерва ќе ви оставам рецензија на два филма. „Ценето“ е фантастичен драма филм од кој сигурно ќе останете со отворени очи на реалноста која е прикажана за животот на една 16 годишна афроамериканка која останува два пати трудна од својот татко, и постојано е мета од ударите на нејзината мајка. Филмот е направен со буџет од скромен буџет од 10 милиони долари, независен филм, но сите знаеме колку добри излеваат оние нерекламираните, и не толку истакнати филмови. Страшно добра приказна, глумата е фантастична, можеби и би побарал Оскар за Мо'Ник, глумицата која ја во филмот ја глуми мајката на Precious (Прешс). За главната номинација за најдобар филм можеби нема да го ставам, што знам, не ми е вообичаен филм да биде во главната категорија иако има одлични критики, но во категориите за најдобро адаптирано сценарио и споредна актерка мислам дека мора да се најде!

7.5/10
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
3.745
Поени од реакции
1.848
--------------------
The Grudge 3 (2009)

Што се однесува до глумата, ефектите, ок е. Доста страшен хорор, на моменти од памет вади. Very creepy. Али, приказната не ми се допадна, според мене филмот немаше поента. Се беше базирано за да не исплаши, а не да го доживееме како добар хорор, како некои.

Али, барем имаше една ствар за која беше worth watching.

\/

10/10 за девојката( :jazik: ), 5/10 за филмот. :)

-------------------
Wrong Turn (2001)

За разлика од The Grudge 3, ова е супер хорор, повеќе гаден отколку морничав, приказната е супер, има добри глумци, а има и поента филмот. Група луѓе се губат во шума, и среќаваат група, ќе ги наречам, ненормални мутирани, грозни „луѓе“, кои пробуваат да ги убијат, а овие пробуваат да избегаат. Ќе ви се допадне, 8/10 од мене.

-------------------
Law Abiding Citizen (2009)

Одличен трилер, добро осмислена приказна, но многу лош крај. Интересно е тоа што те прави да мислиш дали да го осудуваш Клајд Шелтон за тоа што убива луѓе, или да го разбереш бидејќи се одмаздува на тие што му го убиле семејството.

Од мене 8/10.
-------------------
 

Figaro

la vita e bella
Член од
2 март 2009
Мислења
648
Поени од реакции
410
Identity (2003)

Одличен трилер , во еден мотел исчезнува гостинка, па поради безбедноста , сите гости ќе се сместат во една соба од мотелот , полека почнува да се намалуваат гостите , сите се сомнителни , меѓу нив има и затвореник кој треба да биде пренесен во друг затвор. Нема шанси да откриеш кој ги врши убиствата :). Главни улоги - Реј Лиота и Џон Кјузак .

Моја оценка : 8.5/10

 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Teeth



Прочитав рецензија на форумов за филмов и некако ме заинтересира содржината. Мислев дека ќе гледам мистика, трилер, па дури и мала доза на хорор, но не видов ништо од тоа. Цело време истото па истото и мислејќи дека на крај конечно ќе се открие што е фората добив разочарување. Не го гледајте филмов. Оценка? Ајде 2/10, затоа што на почеток ветува нешто интересно.

Serious moonlight



Романтична комедија. Интересно. Meg Ryan и Timothy Hutton во главните улоги прикажани како сопружници. Иан (Timothy Hutton) е решен да ја напушти својата сопруга заради тоа што се заљубил во сопствената секретарка и решава да го стори тоа, но таа доаѓа еден ден порано од планираното. И... Се случува сплет на околности кои ве држат до некаква неизвесност до самиот крај. Има комични ситуации, не урнебесно комични, но онака интересни. :) Крајот е доста неочекуван, со само една гримаса ќе ја откриете поентата на филмот. Единствено не ми се допадна тоа што само 4 лика го вртат целото дејство, можело да внесат повеќе заплети. Оценка 8/10.

A clockwork orange



Читајќи ги позитивните критики за филмов и воодушевувањето на Џимеј за истиот го симнав и подолго време стоеше во компјутер, денес конечно решив да го изгледам. Уметност. Кој друг збор освен овој спој на музика, политика, филозофски прикази и контроверзии би можел да се употреби? Филм што те остава занемен по неговото завршување, долго под импресии и размислувајќи за животот и експериментите што се вршат над луѓето од една страна и она што всушност сме ние кога не ги согледуваме околностите од друга страна. И фактот дека сепак никој природно не може да нè промени колку и да се обидува да го стори тоа.
Најстар, но најдобар филм од сите што ги гледав деновиве. Оценка 10/10.
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.264
Поени од реакции
2.261
--------------------


-------------------
Wrong Turn (2001)

За разлика од The Grudge 3, ова е супер хорор, повеќе гаден отколку морничав, приказната е супер, има добри глумци, а има и поента филмот. Група луѓе се губат во шума, и среќаваат група, ќе ги наречам, ненормални мутирани, грозни „луѓе“, кои пробуваат да ги убијат, а овие пробуваат да избегаат. Ќе ви се допадне, 8/10 од мене.

-------------------

Ова инаку е трилогија. Гледај(те) ги сите 3 дела, нема да зажали никој!
 

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
The men who stare at goats




Ewan McGregor и George Clooney во главните улоги, Bob(Ewan McGregor) во текот на филмот прави интервју на Lynn(George Clooney). Lynn е дел од специјална единица во војската, која тренирала паранормални моќи, како кодно име се наречени Џедаи(која иронија). Доста необична приказна, перфектна за комедија, Bob и lynn во текот на приказната влегуваат од една неволја во друга, се поради моќите на Lynn.

ПС
Бркчињата на Clooney, epic.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.642
Поени од реакции
34.057
The men who stare at goats




Ewan McGregor и George Clooney во главните улоги, Bob(Ewan McGregor) во текот на филмот прави интервју на Lynn(George Clooney). Lynn е дел од специјална единица во војската, која тренирала паранормални моќи, како кодно име се наречени Џедаи(која иронија). Доста необична приказна, перфектна за комедија, Bob и lynn во текот на приказната влегуваат од една неволја во друга, се поради моќите на Lynn.

ПС
Бркчињата на Clooney, epic.




ОК, сликите можда не личат ама цел филм ме асоцираше на Пит и копиљињата.
Пред саат време го догледав и јас филмот и баш му го препорачував на Маc)) да НЕ го гледа.

Има неколку свои "moments to shy" филмот но во глобала не ми се допадна.
Пропаднат обид за правење „паметен“ хумор. Приказната ми беше толку лејм што не ми се ни пишува за неа. Актерската екипа, глумата, вредеше само во филмот.

Можеби до вкус е работава, но од мене 5/10.
 

Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Man On Fire


Постар филм, од 2004, според мене еден од најдобрите филмови на денешницата. Се одвива во Мексико Сити каде е актуелно киднапирање на деца на богати луѓе. Дензел е вработен како телохранител на едно девојче кое е потенцијална мета на киднапери...
Одлична приказна, со одлична музика. A must see.... (several times)
10/10

 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
The Road.



Уште еден филм семејна драма во иднина после голема катаклизма. Филмот е клишре повеќе или помалку, ама добра екипа на актери се собрала таму. И тоа е тоа повеќе од трејлерот.....
 

bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
THE INVNETION OF LYING


Заедно со I love u, man и Hangover, филмчево влегува во мојот избор на топ 3 најдобри комедии за 09.... невообичаено и нешто сосема ново, внесува свежина на филмското платно... филмот обработува една тематика каде што се живее во свет без апсолутно никакви лаги, т.е. во свеста на луѓето не постои такво нешто, све директно си плескаат во лице и ама баш ич не ги заболе и си прифаќаат се здраво за готово... тој начин на живеење ќе го пробие губитникот Марк Белисон кој има мизерен и сосема разочарувачки живот... преку ноќ несакајќи ќе стане најважниот и најпаметниот човек на земјината топка и поголемиот дел ќе го сметаат за божји проповедник.Пријатно изненаден сум од филмчево и им го препорачувам на сите кој досега го немаат изгледано :tv:
ех, би сакал откога денес ќе се разбудам и мене истото да ме снајде :vozbud:

8.5/10
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.642
Поени од реакции
34.057
Creation (2009)



Биографска драма за Чарлс Дарвин и почетоците на неговото дело The Origin of Species.
Почетоците на една идеа која прераснува во глобална теорија за почетокот. Животот му бил инспирација, луѓето околу него, децата - уште кога имале само неколку месеци, животните. Решил загатка од светски рамки со само обично посветување внимание. Ќе наиде на проблеми во неговиот брак ради контра-сфаќањата на жена му, која редовно посетува црква. Прикажан е човечкиот очај, дека кога стварно ни треба помош, би се обратиле и кон бог, иако за опис на неговата книга беше употребено: Sir, you killed god. Кога умира неговата ќерка, тој конечно решава да ја објави неговата книга. Иако претходно се двоумел, ради жена му и ограниченото општество.

Прилично долг филм, бавна драма, кој се согласува со неговата идеологија, нека погледне. 6-7/10.
 

Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.264
Поени од реакции
2.261
Case 39


Првиот филм за 2010 година во САД. Release date: 1 january 2010! Добар хорор, со интересен заплет, со кулминација по точно 1 час гледање кога веќе едвај чекав да видам што е финтата со целиот филм. Иако е хорор со хепи-енд ова е филм кој не те остава рамнодушен по гледањето. Оцена: 7,5/10!​
 
В

Вори

Гостин
"Вилдинс"

Бидејќи не можам да прикачам слика,има некој проблем ќе го напишам само насловот на филмот.

Значи не сум ни сигурен дека е вака насловот,но мислам дека го погодив..

Што и да правите,што и да гледате,би ве замолил овој филм да не го гледате.
Дефинитивно најлошиот,најкилавиот,најникаквиот филм што сум го гледал досега..а имам гледано многу.
Олку безсодржински филм,олку идиотски филм не верувам дека постои на денешницава.
Не знам,и ставрно се чудам што ли мислел режисерот..
Сигурен сум дека ја или било кој од вас би направил боље филм.

Пред неколку дена филмов го даваа на Сител(само и на оваа програма можат да даваат вакви никакви филмови).

Финтава е следеча..
Типацов Вилдинс живее со неговата 32141 годишна мајка во една голема и ептен морбидна куќа.
Мајка му е пред умирање и тој во меѓувреме се грижи за неа..
Исто така работи во и една фирма,а газдата на фирмата е бараба која се иживљава со него во секој смисол.
Значи се се одвива на релација дома-работа..
Бидејќи овој е осамен,нема ни девојка ни другари ни ништо..во подрумот чува глувци..и тие му се најдобри другари!
Повеќе не кажувам,зошто ми иде нервоза...

На филмов со задоволство му ја давам следнава оценка:

1/10

Би му дал и 0,али ај..:tv:
 
Член од
14 април 2007
Мислења
1.812
Поени од реакции
1.047
Rich Kids 2007

Дански филм, уште кога почна знаев дека ќе биде боза.Го догледав само заради другарот,кој што рече да сме го гледале.Во филмот нема ништо за фалење, единствено нешто се колите на богатите деца.

Темата е дрогата и младите.Крајот можеше да биде многу подобар,бидејќи има поука, барем на крајот да го оправдаа моето внимание.Но тоа не беше силно изразено, уствари воопшто не беше изразено.

На ИМБД има оценка 3.5 и јас му давам толку.
 

Very Nice Girl

Нојс
Член од
25 август 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
160
7 pounds
Тип праи сообраќајка од која умираат 7 луѓе (меѓу кои и жена му) и не може да се помири со тоа, па се обидува да им ги попраи, и продолжи животите на други луѓе кои го заслужуваат тоа.
И.. се заљубува во една девојка која си има проблеми со срцето и и‘ помага цело време.
На крај,
се самоубива за да го даде срцето на девојката што ја засака.
Тажен е многу. Се убив од плачење.
Еве ја и песната.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom