- Член од
- 5 февруари 2007
- Мислења
- 10.708
- Поени од реакции
- 13.389
Се прашувам дали некогаш луѓево ќе го надминат квалитетот во правење на филмови и добивам одговор... не. Затоа што покрај силните ефекти и пумпањето на буџетот, самата прикаска нема поента. Како и да е уште еден гледан филм гледан од некаде средината на 90тите (више е квалитетна старудија). Тој е убиец, професионалец во тоа што го прави, знае како размислува непријателот. И мамата, ја има улогата на италијан (иако е француз. Од друга страна ја имаме неговата пријателка, која семејството и` е убиено во престрелка со нарко мафијата. И да... ја бара осветата во смртта на човекот кој е одговорен за убиството на нејзините родители кој сигурно не е горенаведениот туку еден прљав цајкан. Таа бара заштита од нејзиниот сосед, кој меѓудругото и покрај тоа што е платениот убиец, е и сведок на убиството. За оние што го имаат гледано веќе знаат за кој се работи оти сигурно минимум им е 2 пати гледан. Да тој се вика Леон исто како и самиот филм. Еден од топ 5 гледани според мене и го ставам во класиците.