Последен гледан филм со кратка рецензија

Г

Грејвдигер

Гостин
The Fall (2006) 7,5-8/10
Добар филм, приказната и тематиката малце вообичаени и веќе видени. Визуелно е добра одработен и имат доста одлични, динамични и визуелни впечатливи сцени. Единствено што ме нервираше е малата, незнам зошто али детето ми е тотално антипатично... Се на се', не е лошо...
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Legion - Холивудски приказ на клучниот момент од вториот гнев на бога, кога ќе игуби воља за човештвото и битката меѓу двата ахрангела. Имено потребата да се послуша безрезервно или да се покаже сопствено расудување и контра божјата волја поради познавање на нештата. Имено не what He wants (asks), but what He needs!
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
The Book of Eli.


После гледање на трејлерот кога го симнував си помислив уште еден постапокалиптичен клише филм, само што овојпат главната улога ја игра Дензел Вашингтон.
Не е клише филм и Дензел Вашингтон блеска во сопствената ролја, на атеистите нема да им се допадне филмов :icon_lol:. Неизвесен е до крај вреди да се гледа.....
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
The Last Templar


Во филмов се зборува за тоа дека темпларите пронашле "богатство" кое вредело многу и го сокриле. После 700 и нешто години во Њујорк има изложба на вредни предмети од Ватикан. На изложбата упаѓаат 4 љуѓе облечени како темплари и ги крадат предметите. Еден од нив ќе успеаат да го фатат благодарение на Tess Chaykin (Mira Sorvino). Таа е археолог која по смртта на нејзиниот татко се посветува на семејниот живот и се откажува од тоа. Но, сега открива многу работи во врска со тоа богатство и е решена да го пронајде. Заедно со ФБИ агентот Sean Daley (Scott Foley) и уште еден пријател на Тес кој не ми текнува како се викаше се впуштаа во дешифрирање на писмото на темпларите и пронаогање на богатството.

На моменти филмот делува како акција, трилер па дури и авантура, па затоа не ми се бендиса најмногу. Му давам 6/10.


Chupacabra Terror aka Chupacabra: Dark Seas


Очекував филмот да биде малку пострашен, но ништо од тоа. Во филмов се зборува за Чупакабра - чудовиште кое се храни со крв. Еден научник кој го проучува ќе успееа да го фати живо и ќе го прошверцува на бродот со кој ќе патува.
Но, едни љубопитни љуѓе ќе го отворат и тоа ќе почне да ги јаде сите на бродот. Ќе ја повикаат и морнарицата на помош, ама чудовиште ќе ги изеде сите.
И на крај
ни ќе го убијат, ни ништо, едноставно ќе си потоне со бродот.

Премногу лоша приказна, ни малку не е страшен филмов, тешко како го дефинирале во хорор филмови. Му давам едвај 5.5/10.
 
I

Intex

Гостин
Law abiding citizen



Коа почна филмот (убиството на сопругата и ќерката) помислив дека ќе биде нешто во стилот на Панишер, ќе биде на слобода цело време, ќе убива, ќе убива, ќе убива и ди енд. Ама не. Филмот беше сосем непредвидлив.
Го затвораат на 25 минута, може и порано, и сите убиства се испланирани додека беше затворен.
Единственото нешто шо не ми се допадна беше крајот,
оти нигата сепак заслужуваше да умре.
Оценка: 9/10
(поради нигата шо не умре)
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Law abiding citizen



Коа почна филмот (убиството на сопругата и ќерката) помислив дека ќе биде нешто во стилот на Панишер, ќе биде на слобода цело време, ќе убива, ќе убива, ќе убива и ди енд. Ама не. Филмот беше сосем непредвидлив.
Го затвораат на 25 минута, може и порано, и сите убиства се испланирани додека беше затворен.
Единственото нешто шо не ми се допадна беше крајот,
оти нигата сепак заслужуваше да умре.
Оценка: 9/10
(поради нигата шо не умре)
Абе дечко, се што тебе ти се допадна, ако некој ја прочита "рецензијава", ќе го знае однапред и ќе го очекува.
Не ми е јасно кај ви бега паметот со вакви спојлер рецензии, аман веќе.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Во право е Mac)) , незнам што ве тера да го откривате крајот на филмот... рецензијата е за да го заинтересира некого да гледа, а не за да му го расипете филмот со тоа што ќе му раскажете се.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.643
Поени од реакции
34.057
The Hurt Locker (2008)



Колку и да не преферирате некој жанр секогаш има исклучоци што знаат да ви задоволат некои замислени потреби.
Искрено, никогаш не би му дал шанса на овој да не беше толку форсиран, со неколку награди и многу номинации.

Дејствието се врши во Ирак каде група војници имаат за задача да oнеспособуват поставени бомби во целиот тој воен хаос. Се работи за последните 30 денови за служење на војниците кога нивниот лидер ќе убиен а ќе биде заменет со нов кој буквално се смее во лицето на смртта.
Последните 10тина денови за нив се пекол обидувајќи се да ги преживеат додека тој упорно ги носи до самата граница на живот и смрт каде настрана смртоносните бомби мора да внимаваат на секој локалец кој е потенцијална закана.

За глума филмот добива од мене 10ка исто како и за ефекти и целата посветеност да се добие најреална слика.
Солидни 2 часа и вреди да се погледне.

8/10 и од мене како и од imdb.
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
Black Water


За време на празниците во Северна Австралија, Грејс, нејзиниот маж Адам, и нејзина помлада сестра Ли одлучуваат да одат на разгледување и риболов. Заедно со нивниот водич Џим, со мал чамец одат во одалечено место во реката за да ловат риби. Но наеднаш чамецот им го превртува крокодил и го убива Џим. Тројцата останати туристи се качуваат на дрво, и ќе сфатат дека нема да дојде никој по нив. Ќе се обидат да побегнат, но тоа не е ни малку лесно бидејќи чамецот е отпревртен, а крокодилите ја чекаат наредната жртва...

Одличен трилер/хорор филм кој е базиран на вистински настан. Филмов ќе ве доведе во ситуација вие да размислувате што би правеле доколку би биле таму. Премногу напнат и тежок филм за гледање. На имдб има оценка 6/10, јас му давам 8.5/10.
 

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Dante’s Inferno: An Animated Epic


http://www.dreadcentral.com/news/34902/dvd-and-blu-ray-details-anchor-bays-animated-dantes-inferno-feature

Луцифер ја зима женската на Данте, Данте иде во пеколот да ја врати назад. Како ги поминува круговите се соочува со своите гревови и минато. Скоро со секој круг се менува стилот на анимација.
Многу blood and gore, и екплицитен материјал, инаку филмот е базиран на книгата божевствена комедија и новата игра од EA, Dante's Inferno.

Многу добро направено.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Gran Torino последниот филм во кој глуми Клинт Иствуд, одличен направен, со голема сериозност како личност се соочува со минатото но и со сегашноста живеејќи сам и со неговите соседи кои се за еден момент во опасност.

8,5/10
 
Член од
8 февруари 2010
Мислења
1
Поени од реакции
0
hmmmmmmmmmmmmmmmmmmmmm

The Box (2009/I)

Значи ако веќе гледам лош филм подобро да биде лош од почеток до крај. А ужасно се нервирам кога филм ќе започне одлично, има приказна што ветува многу, актерска екипа... и ќе продолжи од лошо полошо.

Филмов е типичен пример за неискористена идеја, започнале одлично и од филмот направиле каша - попара.


Непознат мистериозен човек остава необична кутија на вратата од едно семејство. Кутијата има копче на врвот а семејството добива необичен предлог: се што треба е да го притиснат копчето во следните 24 часа, по што некој некаде ќе умре, а тие ќе добијат 1 милион долари.

Одличен вовед во хорор/мистерија... Понатаму не вреди ни да се трошат зборови.

2/10. За почетокот...
Филмот зборува за јес ор нот.The right to choose ;)
 
Член од
22 јуни 2008
Мислења
725
Поени од реакции
218
,,THE FOURTH KIND,,

-go izgledav i sto da kazam...mnogu galama,malku muzika.
Kako prvo,na mnogu beden nacin producentite se obiduvaat da dignat tenzija so lazenje...dokumentarnite snimki se snimani,Mila na pocetokot laze.Kako i da e,prazni muabeti,otvoreni prasanja,buv e,e cekaj malku,ne e buv,ama strasno e,aargh,buaaauuu,strasno e mnogu mamo,aaarghh,aj ojdela kicmata.Nema spojleri ,nema potreba.Da ne zboram za dupki vo scenarioto.Edinstvena svetla tocka,glumata na Jovovich,sampion,alal da i e.A tipkata sto ja glumese ,,vistinskata,, Tyler,auu,po iritiracka faca zdravje,zalosna sova.Nejse 3/10
 

-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301



Еден од најдобрите хорори што ги имам гледано. Одлична глума, а нема познати глумци (освен ете Раде Шербеџија), многу добар стил на снимање (додава на језивост/страв), се е многу добро прикажано и доловено, стравот мава на психа значи КАКО ШТО ТРЕБА да биде страшен еден хорор а не некој оди коља/брца/вришти....

Оцена 10/10


Според мене: A MUST SEE!!!
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
A Serious Man (2009)

Сериозно, мислев дека браќава Коен не можат да снимат полош филм од Burn After Reading, ама веќе следниот, A Serious Man, му е најблаго кажано сериозна конкуренција. Намерата било веројатно да се прикаже пропаѓањето на еден човек кој не може да се справи со домашните и работните проблеми, ама работата е што воопшто не успеале да не заинтересираат за тој човек и за тоа семејство, па да ни е малку гајле, колку да го истуркаме филмот.

Филмот го започнувата со некоја поента дека се треба да се прифати без разлика што е и как ое, па така главниот лик влегува во еден куп ситуации кои се апсурдни и ги прифаќа без приговор, и така цел филм... Има некој црн хумор кој исто така не ја постигнал целта и незнам, многу, многу досадно, неинтересно... последен пат да гледам филм на кој овие двајца се режисери.

2-3, може 3.5/10.



,,THE FOURTH KIND,,

-go izgledav i sto da kazam...mnogu galama,malku muzika.
Kako prvo,na mnogu beden nacin producentite se obiduvaat da dignat tenzija so lazenje...dokumentarnite snimki se snimani,Mila na pocetokot laze.Kako i da e,prazni muabeti,otvoreni prasanja,buv e,e cekaj malku,ne e buv,ama strasno e,aargh,buaaauuu,strasno e mnogu mamo,aaarghh,aj ojdela kicmata.Nema spojleri ,nema potreba.Da ne zboram za dupki vo scenarioto.Edinstvena svetla tocka,glumata na Jovovich,sampion,alal da i e.A tipkata sto ja glumese ,,vistinskata,, Tyler,auu,po iritiracka faca zdravje,zalosna sova.Nejse 3/10
Реков и во рецензијата дека не дискутирам за тоа дали е филмот вистина или не, хорорите обично не се па никому ништо. Ќе ја пуштиш фантазијата и ќе си гледаш. Исто ко Sci-fi. Не можеш да кажеш дека документарците се вистински и не можеш да кажеш дека се fake. Пошто има аргументи и за двете гледишта, ама тоа реков, не ми е битно.

Битно е што филмот има тензија која ја подгрева од обична шпекулација до размери надвор од нашите сваќања, и ако не можеш да се соживееш со хоророт низ кој минуваат тие луѓе, тогаш незнам... Ова не е филм за оние кои под хорор подразбираат кофи крв. Порано го прашале Алфред Хичкок зошто во неговите филмови нема многу крвави сцени. Одговорот бил: пострашно од човекот со секирата е идејата дека постои човек со секира.

Тензијата е битна, и таа треба да се подгрева до кулминација, овој филм го има тоа. На ист начин беше снимен и Blair Witch Project koj e kulten film и Paranormal activity кој сепак е полош од 4th kind. Но сепак, ова е еден нов поджанр во хоророт и супер е за сите кои сакаат психолошки хорори а не сечење раце и нозе од типот на Пила.

Но многу не интересира, кои се „дупките во сценариото?“ За тоа би дискутирал.



Филмот (The Box) зборува за јес ор нот.The right to choose ;)
Па што?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom