Помош: Општи прашања, совети, трикови..

Дискусија во форумот 'Програмирање и програмски јазици' започната од I am a bastard!, 19 септември 2008.

  1. Branchez

    Branchez Punctum vivimus

    Член од:
    24 јануари 2012
    Мислења:
    5.144
    Допаѓања:
    8.869
    Ух, за вакво нешто најдобро да си го најдеш мајсторот што го правел решението, да не му чепнеме нешто што не треба па да не тужи за авторски права.
     
  2. Зајче

    Зајче Бело, и тоа!

    Член од:
    13 септември 2008
    Мислења:
    3.334
    Допаѓања:
    3.939
    па тоа е работата, мајсторот го средуваше ова ама штета што тогаш не го запишав :D Немам никаков контакт сега и не верувам дека би дошло до авторски права и такви работи бидејќи го користам само јас ова за една фирма.
     
  3. pLaToOn

    pLaToOn

    Член од:
    5 август 2009
    Мислења:
    1.270
    Допаѓања:
    466
    Отвори ги дбф фајловите со ексел и избриши што не ти треба. Нормално прво бекап за да не зезнеш некој битна релација.
     
    На Зајче му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Зајче

    Зајче Бело, и тоа!

    Член од:
    13 септември 2008
    Мислења:
    3.334
    Допаѓања:
    3.939
    Имам пробано во notepad со бришење, еве сега и со ексел пробав и неупотреблив е програмот после тоа.
     
  5. poimanemam

    poimanemam

    Член од:
    28 август 2013
    Мислења:
    786
    Допаѓања:
    900
    Со MS Access пробаше?
     
  6. Зајче

    Зајче Бело, и тоа!

    Член од:
    13 септември 2008
    Мислења:
    3.334
    Допаѓања:
    3.939
    Ај ќе пробам :)
     
  7. zipperwow

    zipperwow

    Член од:
    26 ноември 2014
    Мислења:
    779
    Допаѓања:
    1.336
    Кои јазици е најдобро да ги научам ако сакам да направам Андроид апликација? Со Јава или C? Со програмирање немам искуство, освен малку C++ во средно.

    Имам идеја за апликација што планирам да ја спроведам, ништо комлицирано, но мерак ми е сам да научам да ја направам. Реално, на колку време можам да се надевам да научам еден од јазиците?
     
  8. Bridger

    Bridger 3 ред публика во Лига на Шампиони Ракомет

    Член од:
    21 март 2014
    Мислења:
    308
    Допаѓања:
    122
    Ми треба помош.
    Правам апликација преку Forms Application всушност тоа е еден вид квиз. И сега сакам да користам рандом броеви за да отворам од моите 50 прашања на пример 30 меѓутоа имам проблеми бидејќи рандомите се во низа. Ако може некој да помогне ?
     
  9. Branchez

    Branchez Punctum vivimus

    Член од:
    24 јануари 2012
    Мислења:
    5.144
    Допаѓања:
    8.869
    Пиши ги линиите код што те мачат, па ќе пробаме да помогнеме.
     
  10. Amaterasu

    Amaterasu 123123113

    Член од:
    17 април 2012
    Мислења:
    1.041
    Допаѓања:
    897
    Прашањата ги чуваш во низа ? Да речеме дека имаш 50 прашања а сакаш да избереш 30. Алгоритмот оди вака.
    Креираш една празна листа или низа од 30 елементи.

    Генерираш еден рандом број од 1 до 50. Проверуваш дали тој број бил претходно искористен (Дали тоа прашање е веќе земено). Ова можеш да го провериш на повеќе начини. Еден начин е да имаш множество (пр. HashSet во java) и да проверуваш дали бројот се наоѓа во множеството. Ако се наоѓа, тогаш значи дека треба да изгенерираш нов број.
    Ако не знаеш за податочни структури од тип на множество, листа, мапа, те советувам да истражуваш малку повеќе бидејќи многу го олеснуваат процесот на решавање вакви проблеми.
    Ако не сакаш да правиш нешто вакво, тогаш можеш изгенерираните рандом броеви да ги чуваш во низа и при секое генерирање на нов рандом број да проверуваш дали се наоѓа таму.
    Да претпоставиме дека си нашол прашање кое не е земено до сега (рандом број кој се појавува прв пат). Нека биде 8. Сега го земаш прашањето на 8ма позиција и го ставаш во новата низа (таа што ќе ги содржи тие рандом прашања).
    Сето ова ќе го повториш 30 пати.
     
  11. Bridger

    Bridger 3 ред публика во Лига на Шампиони Ракомет

    Член од:
    21 март 2014
    Мислења:
    308
    Допаѓања:
    122
    private void Form3_Load(object sender, EventArgs e)
    {
    Random rand = new Random();
    int r;
    for (int i = 0; i < niza.Length; i++)
    {
    r = rand.Next(1, 26);
    if (!niza.Contains(r))
    {
    niza = r;
    }
    else
    {
    i--;
    }
    }
    private void button_Start_Click(object sender, EventArgs e)
    {
    label1.Visible = false;
    button_Start.Visible = false;
    comboBox1.Visible = false;
    timer1.Start();
    for (int i = 0; i < niza.Length; i++)
    {
    switch (niza)
    { tuka e da se menat label I button text vo case;
    }
    Прашањата ги чувам во стрингови 50 се и сега треба на пример 26 наизменично. Меѓутоа незнам како да средам да ми го даде второто прашање кога ќе се кликне копчето.
    --- Споено дупло мислење, 21 април 2016 ---
    Проблемот е среден.
     
    Последно уредено: 21 април 2016
  12. sidel

    sidel

    Член од:
    28 октомври 2012
    Мислења:
    272
    Допаѓања:
    38
    Zdravo na site. Nekoj ako moze da mi kaze kako da se vpisuva bukvi direktno Vo desktopot so c#
     
  13. Благоев

    Благоев The Spartan General

    Член од:
    8 јануари 2014
    Мислења:
    1.317
    Допаѓања:
    2.050
    @Bridger како бе друже менуваш референци од интеџер дирекно на низа. Или јас нешто не разбирам.

    Дефинирај си Dictionary или DataTable, стави ги прашањата во неа, и со помош на Rand генерирај кое прашање да се извлече и после
    вади ги прашањата од речникот или DataTable-от. Направи форма да додаваш и одземаш нови прашања (да биде динамички целата работа). :)

    После, во самото копче стави еден метод да ти генерира рандом бројчиња, и ќе ги користиш тие бројчиња како индекс да ти вади податоци од самата структура на подоатоци (дали речник, или дататаблица).

    Дефинирај си исто UserSetting во Properties.Settings.Default еден SpecializedStringCollection кадешто ќе ги чуваш прашањата кои веќе одреден корисник ги одговорил (за да избегнеш преповторување).


    Дај користи посалам имиња на променливите, и не мешај behavior и data-structure/data-management во самата форма. Дефинирај си методи/или класа со методи да ти ја врши работата. Ем кодот ќе ти биде почист, ем модуларен. :)
     
    На Bridger му/ѝ се допаѓа ова.
  14. innah96

    innah96

    Член од:
    31 јули 2012
    Мислења:
    28
    Допаѓања:
    42
    Дечки, не знам дали ова е вистинското место за постирање, ама ќе го пишам тука, најсоодветно ми беше, ако не, кажете каде да одам ;)

    Имплементирав код од Google AdSense на WordPress станата што ја имам (www.bloggermob.com), ама сега местово каде што треба да биде рекламата ми е само празно. Не знам што би можело да ми биде грешката, а и немам некое особено познавање во програмирање.
     
  15. Shteff Mathers

    Shteff Mathers

    Член од:
    10 декември 2010
    Мислења:
    2.773
    Допаѓања:
    1.984
    предлог добра страна кај што има објаснување за Big 0 notation, конкретно за пресметување.Расчепкав малце низ нет ама некако не добив презицен одговор.
     

Сподели преку: