Здраво на сите, имам едно прашање: Имам некои контакти во странство и дојдов до човек кој има проекти постојано(проекти за ИТ фирми). Ми го даде првиот проект и стапив во контакт со ИТ фирма во Скопје, се согласија да го прифатат проектот, сеуште сме во преговори со клиентот, некој технички прашања и одговори па потоа на ред е цената, но јас сеуште размислувам колку % да барам да биде за мене. Клиентот цело време има проекти и многу ми битно да знам, да се разбереме јас со ова не правам услуга на ИТ фирмата, секој си го гледа својот ќар. Некој искусен да ме советува?