Помош: Општи прашања, совети, трикови..

Дискусија во форумот 'Програмирање и програмски јазици' започната од I am a bastard!, 19 септември 2008.

  1. someonespec

    someonespec

    Член од:
    21 декември 2017
    Мислења:
    12
    Допаѓања:
    0
    Потребна ми е книга по словенечки јазик, ја имало на филолошкиот оние што студираат македонски, но не познавам никој таков. Може да се најде од друго место?
     
  2. Mr.HyPNoTiC

    Mr.HyPNoTiC UnTraceable Guest!

    Член од:
    13 ноември 2007
    Мислења:
    1.370
    Допаѓања:
    129
    Здраво дечки!

    Ми треба помош за да го решам следниов проблем. Се работи за редиректирање преку .htaccess.

    Моменталната хиерархија на страната ми е example.com/blabla-news/post-name. Кога одам во архивата на категоријата и претиснам на следна страна ми јавува 404 Еrror page т.е example.com/blabla-news/page/2 јавува 404 Еrror page. За да ја отвори архивата на категоријата треба да го вметнам зборчето category во URL-от т.е example.com/category/blabla-news/page/2.

    E сега ме мачи тоа како јас преку .htaccess да го средам тоа. За секоја посебна категорија го имам решението, но потребно ми е со 1 код да ги опфати сите категории бидејќи станува збор за страна со повеќе од 200 категории.
    Код:
    RewriteEngine On
    RewriteBase /
    RewriteRule ^news/page/([^/]+)?$ category/news/page/$1 [L,QSA]
    RewriteRule ^news/page/(.*)$  category/news/page/$1 [L,NC,R=302]
    Има некој некаква идеја?
     
  3. pLaToOn

    pLaToOn

    Член од:
    5 август 2009
    Мислења:
    1.290
    Допаѓања:
    479
    Здраво :)

    Разбирам што сакаш да постигнеш, но сепак не ми е јасно како тоа категорија/листинг е претходник или наредник на пост? Ваљда нареден пост треба да е пак пост а не категорија.
     
  4. Mr.HyPNoTiC

    Mr.HyPNoTiC UnTraceable Guest!

    Член од:
    13 ноември 2007
    Мислења:
    1.370
    Допаѓања:
    129
    Го решив проблемот со следниов код:
    Код:
    RewriteRule ^news/page/.*$ - [PT]
    RewriteRule ^news/page/([^/]+)?$ category/news/page/$1 [L,QSA]
    RewriteRule ^news/page/(.*)$  category/news/page/$1 [L,NC,R=302]
     
  5. The Almighty

    The Almighty

    Член од:
    20 септември 2010
    Мислења:
    32
    Допаѓања:
    3
    Здраво луѓе,

    Пред две години се решив да научам програмирање, тогаш некако одбрав Java да учам, и се фатив доста интензивно со учењето (се на онлајн курсеци). Моментално се мислам да спремам CV кое ќе го пуштам по фирми. Тоа што ме мачи е што не можам да проценам колку уствари сум спремен, за да не биде колку да се пробам само и да оплескам. Имам неколку прашања:

    1. Колку се отворени фирмиве денес да примат програмер без соодветна диплома на основа на тоа колку го бива (која е веројатноста да те викнат на интервју)?
    2. Како да го вклучам во CV-то тоа што го имам до сега направено, како проекти дома и на CodePen?
    3. Дали знае некој страна каде што можам да си го пробам знаењето

    Моментално при крај ми е софтвер кој самоволно почнав да го правам, а идејата ми е од фирмата каде што сум уште 2 недели. Накратко кажано во софтверот го има следново:
    - Креирање сопствени профили на кои одговорно лице може да внесува податоци за тоа кој колку знае во одреден отсек во фирмата.
    - Испраќање Notes до други профили од својот како и запишување на нотес за себеси, исто така, испраќање на kudos со објаснување
    - Пријавување на проблеми со податоци за тоа каде е појавен, причина и колку време е потрошено (имам дел кој текстуално ги споредува проблемите, ги категоризира и мери просек временски, како и информации по човек и оддели)
    - Читање на ексел документ кој го префрлам во табела каде што корисникот може да бележи што е готово, што е делумно готово и истото си оди во статистика за најавениот корисник.
    - Статистика за сработеното од вработените

    И уште некои работи. Е сеа, ја не знам колку е ок сето ова за да можам со истото да барам работа. Од друга страна како да го покажа програмот, дали само примерок или цел да го аплоадирам. Исто така имам познавање од HTML, CSS, JavaSript, JQuery, Hibernate, SQL

    Фала однапред :)
     
  6. Amaterasu

    Amaterasu 123123113

    Член од:
    17 април 2012
    Мислења:
    1.058
    Допаѓања:
    911
    За прикажување и менаџирање на код денес најчесто се користи git. Секоја (барем секоја посериозна) фирма користи имплементација на ваков систем (пример github, gitlab) за прикачување и споделување на кодот помеѓу своите вработени.

    Иначе еден куп фирми примаат луѓе без факултет, нормално ако покажеш дека имаш доволно знаење. Не треба да се плашиш да пробаш и да испратиш CV, за тоа никој не зема пари.
     
    На 112112 и The Almighty им се допаѓа ова.
  7. Steve Jobs

    Steve Jobs

    Член од:
    14 мај 2010
    Мислења:
    93
    Допаѓања:
    16
    Здраво.

    Веќе некое време изработувам проекти од областа на ИТ индустријата. Работата добро ми оди. Сакам да ангажирам уште неколку програмери кои би работеле со мене,за почеток, дополнително (хонорарно). Затоа, ако има некои заинтересирани кандидати, нека ме контактираат во порака.

    Инаку, потребни ми се следниве области:

    - Java;
    - JavaScript,
    - PHP,
    - Python,
    -SQL,
    - Photoshop.

    Поконкретно, станува збор за изработка и одржување на веб сајтови.

    Поздрав!
     
  8. the_kop

    the_kop Модератор

    Член од:
    14 јануари 2011
    Мислења:
    10.225
    Допаѓања:
    13.280
    Дали некој некогаш има инсталирано CAS (Central Authentication Service)? Најдов документација, ги следам чекорите, но кога ќе проблам да влезам преку некој browser, не ми ја препознава адресата.
     
  9. the_kop

    the_kop Модератор

    Член од:
    14 јануари 2011
    Мислења:
    10.225
    Допаѓања:
    13.280
    Кој Framework во JAVA би бил најпогоден за креирање на bank application?
     
  10. Amaterasu

    Amaterasu 123123113

    Член од:
    17 април 2012
    Мислења:
    1.058
    Допаѓања:
    911
    Секој framework си има свои предности и слабости. Без детално објаснување за апликацијата (дали е desktop, web, mobile, какви функционалности ќе има итн.) тешко дека некој би ти препорачал одреден framework. Ако апликацијата е релативно мала, тогаш било што и да искористиш ќе ти заврши работа.
     
  11. the_kop

    the_kop Модератор

    Член од:
    14 јануари 2011
    Мислења:
    10.225
    Допаѓања:
    13.280
    Се работи за мала веб апликација, во која би можела да се префрлаат пари од една транскациска сметка до друга.
    Ја започнав веќе, се решив за Spring Boot.
     
  12. Jastaa

    Jastaa

    Член од:
    1 јуни 2018
    Мислења:
    2
    Допаѓања:
    0
    Колку е еден грам сребро? Еден обичен сребрен прстен со еден циркон колку пари би бил? Дали може да се најде за 1500-2000?
     
  13. Amaterasu

    Amaterasu 123123113

    Член од:
    17 април 2012
    Мислења:
    1.058
    Допаѓања:
    911
    Зависи од технологијата која се користи за изработка, Java/.NET/Php/python итн. Ќе мораш да ни дадеш повеќе информации за да може да ти помогнеме.
     
    pLaToOn, Löwe, The King of Clay и на уште 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. The King of Clay

    The King of Clay Модератор

    Член од:
    28 јануари 2012
    Мислења:
    4.606
    Допаѓања:
    2.892
    Ми треба некој што може да изработи било каква проста Web апликација.

    Frontend - Angular 4+
    Backend - Spring Boot

    За повеќе детали ако би можеле да се договориме во private messages. :)

    Технологиите не се фиксни иако е препорачливо да бидат како што имам напишано горе, ако има некој што работи во друга, а е заинтересиран да ми помогне, нормално за пари, слободно нека ме контактира.
     

Сподели преку: