Намалена партиципацијата за студирање

Член од
27 ноември 2007
Мислења
619
Поени од реакции
45
Сакаш да кажеш дека парите треба да одредуваат кој да има факултет,а кој не?
Замисли го налетот на татини синови кој не знаат магарица в'газ да буцнат со дипломи.Замисли го налетот на транзиционите богаташи,политичките лигуши и газолижачката мафија со парите во рака и дипломата,делат мудрост над оној кој неможе да се надогради. :)
Тоа е подалеку.
Поверојатната верзија е дека сиот престиж и ексклузивност ќе се преточи кај приватните факултети кои се водени од ликови како Бојо, Фијат Цаноски и ним слични.
Да. Тој што нема пари нема да се запише на факултет. Треба некој да ора полиња, да работи на фарма, да ниже тутун? Не се мачи - треба. Ајде имало некој талентиран нејќел на нива ама бил сиромав. Бед лак. Дај друго дете. Уше еден ваков. Овој ербап работи, двои пари, штеди, на 23 запишува факултет. На 27-28 завршува ете ти способна личност со работна етика, цени сопствен труд и огормна волја за успех. Ако и двајцата добиле иста шанса, овој мрзливиов шо колне се и сешто зашо неможе да се запише и овој вредниов што сам се изборил, ќе вредат исто на пазарот на трудот.
Кому е во полза за 5 работни места да има понуда од 150 потенцијални работници? Невработеност до плафон.
Па ондак администрација смислувај нови места нека влагаат. Па после големи даноци за буџетот да ја издржи таа администрација.

Уше еднаш, наместо зголемена контрола на квалитет на факултетите, добиваме обично залажување проста маса, која и покрај завршување на факултет ќе остане проста, само тоа што има диплома ќе и дава право да праи проблем ,,оти не е врабоТЕна, не знае уз дипломата шо да праВИ’’ па од државата која и овозможила ,,високо образование’’ ќе чека и висока плата и добро работно место.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Тоа е подалеку.
За останатото те разбирам,има добра логика.
Ако државен стане скап,автоматски конкуренцијата во приватните ќе ги зголеми цените.И ќе дојде ред штерјо кромањонци да ги учат нашите деца.Страшно сценарио :smir:
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
Што има везе? Промена на договорот може да се направи од следната година. Али ке видиме. Ке дознаеме и ние.
Мх, нема проблем :) .Тие ќе прават промена на договор во нивна штета. Тоа што си го потпишал на почеток, тоа ќе си го тераш до 3-та (5-та).

борувам за Правен
 
Попај

Буржоазија
Член од
10 јуни 2006
Мислења
699
Поени од реакции
9
Уше еднаш, наместо зголемена контрола на квалитет на факултетите, добиваме обично залажување проста маса, која и покрај завршување на факултет ќе остане проста, само тоа што има диплома ќе и дава право да праи проблем ,,оти не е врабоТЕна, не знае уз дипломата шо да праВИ’’ па од државата која и овозможила ,,високо образование’’ ќе чека и висока плата и добро работно место.
И дали мислиш дека сите тие според тебе прости, ќе завршат барем една година или ќе се откажат на сред семестар? На тие што не им се учи и бесплатно да е пак нема да се запишат, со намалувањето на висината на партиципацијата нема да се намали и „тежината“ на факултетите. Зошто јас да плаќам 900 евра на медицина во Штип кога може 200?
Не кењај џабе синко
 
Член од
24 декември 2008
Мислења
394
Поени од реакции
222
пак никој не ми кажа дали ова важи и за поздипломски студии
:)))))
 
Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Тоа е подалеку.
Поверојатната верзија е дека сиот престиж и ексклузивност ќе се преточи кај приватните факултети кои се водени од ликови како Бојо, Фијат Цаноски и ним слични.
Да. Тој што нема пари нема да се запише на факултет. Треба некој да ора полиња, да работи на фарма, да ниже тутун? Не се мачи - треба. Ајде имало некој талентиран нејќел на нива ама бил сиромав. Бед лак. Дај друго дете. Уше еден ваков. Овој ербап работи, двои пари, штеди, на 23 запишува факултет. На 27-28 завршува ете ти способна личност со работна етика, цени сопствен труд и огормна волја за успех. Ако и двајцата добиле иста шанса, овој мрзливиов шо колне се и сешто зашо неможе да се запише и овој вредниов што сам се изборил, ќе вредат исто на пазарот на трудот.
Кому е во полза за 5 работни места да има понуда од 150 потенцијални работници? Невработеност до плафон.
Па ондак администрација смислувај нови места нека влагаат. Па после големи даноци за буџетот да ја издржи таа администрација.

Уше еднаш, наместо зголемена контрола на квалитет на факултетите, добиваме обично залажување проста маса, која и покрај завршување на факултет ќе остане проста, само тоа што има диплома ќе и дава право да праи проблем ,,оти не е врабоТЕна, не знае уз дипломата шо да праВИ’’ па од државата која и овозможила ,,високо образование’’ ќе чека и висока плата и добро работно место.
Колку сакаш мисли си дека сум проста, ама јас си се запишувам на втор факултет и за 400 евра ќе си дипломирам!!! Јееее, проста сум!!!!Најверојатно оти мислам дека 400 е помалку од 800...А можеби и оти си мислам дека ќе трошам дневно 30 денари наместо 300 до Скопје и назад...Јееее проста сум!!
Ама и среќна оти ќе имам можности повеќе, знаење повеќе, и поголемо трпение за негативци како тебе кои и во сонцето гледаат дамка!!
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.144
Поени од реакции
893

Хмм можеби и нема да се запишеш. Со тоа што е намалена партиципацијата, сигурно ќе биде поголема конкуренцијата.
 
the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Ама и ти дупиш, а? :)
Не баце, зашто?

Чекај чекај чекај... дали лошо разбрав или...Партиципацијата за државна квота ќе си остане по старо 200 ??????????????
Не разбра лошо Спарк.

Не е доволно што од 1200 евра на медицина е намалено на 400?!
Ја на медицина сум?
Што ме интересира мене како е на медицина?
Ако више намалуваат за овие што се послаби ученици од средно зашто да не намалат за оние кои се посилни?
Ебате логиката, стварај идиоти ...

пс. Лука Перузовић е у право за све ... нешто је труло у држави Данској ...
 
Член од
7 септември 2008
Мислења
59
Поени од реакции
43
Ако нема намалување и за сегашните студенти ебиго студенскиот сојуз
па тие дојдоа на тоа место со наши гласови сегашните студенти не со гласовите од средно
ТОА ТРЕБА ОДМА :)
 
Член од
6 август 2008
Мислења
646
Поени од реакции
17
Меч со две острици. На краток рок поволно за нас студентите, на долг рок ќе се одрази на квалитетот на студиите. Би бил среќен да слушнев дека партиципациите ќе се намалат, но факултетите и понатаму ќе ги добиваат истите средства или пак поголеми, но бидејќи тоа не беше нагласено за очекување е дека нема да се случи.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
1.360
Поени од реакции
2.175
Не знам како си го замислувате тој прилив на студенти кои "не треба" да студираат на државен факултет "пошто нели факултет не е за секој", кога бројот на студенти сепак ќе остане ист? Значи со одлукава само ќе се намали партиципацијата, ниту некој од нива ќе вади луѓе, ни ќе зголемува број на групи за студирање. Мрчатори еј, кога ли ќе се искорени тој самоуништувачки ген......
 
Член од
25 октомври 2007
Мислења
1.583
Поени од реакции
89
пс. Лука Перузовић е у право за све ... нешто је труло у држави Данској ...
Да, само што Македонија има околу 6% високо образовани.
Значи по некоја логика има потреба за факултетски образован кадар.

800-1200 евра годишно ??? 3-4(ако не и повеќе) просечни плати... па не студираат на Шефилд луѓево.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
619
Поени од реакции
45
Не знам како си го замислувате тој прилив на студенти кои "не треба" да студираат на државен факултет "пошто нели факултет не е за секој", кога бројот на студенти сепак ќе остане ист? Значи со одлукава само ќе се намали партиципацијата, ниту некој од нива ќе вади луѓе, ни ќе зголемува број на групи за студирање. Мрчатори еј, кога ли ќе се искорени тој самоуништувачки ген......

Не е мрчење.
Тие слободни места сеа ќе бидат сите пополнети, а и ќе се продолжи со праксата на проширување на квотите и на ,,слободните’’ места. Не сфаќате дека станува збор за намалување на автономијата на универзитетот. Дека се работи на долг рок за препуштање на студентите на приватните факултети, односно да се доведе УКИМ до приватизација?
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Алоо шо прајте бе? Чита некој од власта? Може сите во државава да бидат со високо образование? Кој ќе копа канали? Кој ќе работи како земјоделец? Сите си мислат дека ќе завршат факс и оп работа ги чека топ, цел ден да пијат кафенца и да земаат по 500-600 евра плата. После корумпирани биле професорите, како да не се кога се живо и диво орлови канџи клава за да заврши?

Не е проблемот во партиципацијата, проблемот е во укинувањето на приемните испити. Дајте приемен испит, оној што стварно има знаење и потенцијал да го искористи. Па ќе видите како ќе се крени рејтингот на образовните институции во државата....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom