rossonerka
too good to be true
- Член од
- 8 октомври 2007
- Мислења
- 6.081
- Поени од реакции
- 889
Конечно една добра вест од министерството за образование.
Се намали партиципацијата за студирање.
„На вчерашната седница на Владата на Република Македонија беше донесена одлука за намалување на сумите за самофинансирањето. Во редовната квота сумата која што ќе треба да ја платат студентите ќе биде 200 евра годишно, а во квотата со самофинансирање највисоката сума ќе биде 400 евра, освен за оние факултети кои што доставија пониски цени за самофинансирање од тие што ги утврди Владата“, истакна на денешната прес-конференција министерот за образование и наука Никола Тодоров.
Досега највисока партиципација за самофинансирање беше на медицинскиот факултет во износ од 1200 евра, а од оваа година со новата одлука на владата студентите кои ќе се запишат во квотата со самофинансирање ќе плаќаат по 400 евра годишно.
На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ оваа академска година ќе се запишат 6336 во редовна, 3973 со кофинансирање, 1619 вонредни или вкупно има 11 928 слободни места.
На Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола во редовна квота има место за 2290 студенти, 1342 во квотата за кофинансирање, или вкупно 4275 слободни места.
На државниот универзитет во Тетово можност ќе имаат да се запишат 2890 студенти во редовна квота и 1095 со кофинансирање.
На Универзитетот „Гоце Делчев во Штип во редовна квота има 4041 места, во квотата со самофинансирање 892 и 980 места за вонредни студенти.
Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ Охрид има место за 200 редовни студенти и 100 со кофинансирање.
извор