Намалена партиципацијата за студирање

Член од
24 јануари 2008
Мислења
1.135
Поени од реакции
140
Искрено, е*ати таквиот студент што не купува (и не ги задржува понатаму) свои учебници; знаењето треба да се обновува и по завршувањето на студиите, а секој интелектуалец да има сопствена библиотека, барем од струката.
Зошто е интернетот само за пишување по форуми?Ако си снаодлив би се сетил на google можеш да најдеш се што сакаш да учиш и обновиш секоја ден има се повеке и повеке нови книги и т.н.
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Секој пост ти е ја поддржувам Владата. Ти се тоа така прифаќаш шо ќе напраи Владата, нити аргументираш, нити ништо. Може сеа да се јави администраторот и да опомени.
Другиот дел од постот ти го избришав, бидејќи би сакал прво да ми го аргументираш горе-наведеното!? Како да дискутирам понатаму со тебе ? Мене ми се чини дека тебе ти смета ваквата одлука чисто од партиски побуди...не знам што така добив таква импресија :pos2:
Не пријателе, јас ги подржувам студентите и сум среќен што поголем број средношколци ќе добијат шанса за на факултет, што повеќе родители ќе воздивнат од подигање кредити, продажба на имот, автомобил , две работни места и тн ... за да му обезбедат високо образование на едно од своите две деца!!!
Квалитетот е одговорност на професорите, деканите, министрите... а секако дел и на студентите.
Од лични, искуства ниту со партиципациите од 1200 евра до сега немавме квалитетни студии!!! Значи друг е проблемот.
Колку јас знам висината на истата е туку-речи иста во доста поразвиени европски и други земји од светот, на кои само можеме да им позавидиме на квалитетот.
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.013
Зошто е интернетот само за пишување по форуми?Ако си снаодлив би се сетил на google можеш да најдеш се што сакаш да учиш и обновиш секоја ден има се повеке и повеке нови книги и т.н.
Понешто може да се најде, освен ако не зборуваме за пиратерија - тогаш може и многу повеќе, но јас би очекувал некој од Правен од принцип да не користи такви материјали :icon_lol: .

Ама ако сме реални сега... не се бунат студентите дека им се наметнува да учат од книги од нивните професори - тие секако би учеле од нив - туку дека мораат истите да ги купат.

Не пријателе, јас ги подржувам студентите и сум среќен што поголем број средношколци ќе добијат шанса за на факултет, што повеќе родители ќе воздивнат од подигање кредити, продажба на имот, автомобил , две работни места и тн ... за да му обезбедат високо образование на едно од своите две деца!!!
Не се возбудувај многу; ова е избрзана, неиспланирана и чисто популистичка одлука на една Влада која е во паника заради празните каси и знае дека наскоро ќе треба да се соочи со гневот на народот. Почна со лековите, утре ќе продолжи со платите, пензиите... Па сега не знаат што да прават. Се сомневам дека ова решение воопшто ќе се примени, а не пак дека ќе потрае, па макар и една година.
 
S

smart ass

Гостин
Хелекс во право си....како резултат на сегашниве проблеми во иднина ќе имаме лекарски грешки,може чат пат некоја зграда да закриви...и.т.н

А ако заењето толку го форсира гвујо ЗОШТО НЕ Е БЕСПЛАТНО...нејсе зарем ќе бидеме скржави за знаење????

Тоа е најодвратно нешто,ако можеш помогни ако знаеш пренеси на друг...:smir:

Зошто е интернетот само за пишување по форуми?Ако си снаодлив би се сетил на google можеш да најдеш се што сакаш да учиш и обновиш секоја ден има се повеке и повеке нови книги и т.н.
Не Не....тие книги ќе ти требаат!!!
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
619
Поени од реакции
45
Другиот дел од постот ти го избришав, бидејќи би сакал прво да ми го аргументираш горе-наведеното!? Како да дискутирам понатаму со тебе ? Мене ми се чини дека тебе ти смета ваквата одлука чисто од партиски побуди...не знам што така добив таква импресија :pos2:
Не пријателе, јас ги подржувам студентите и сум среќен што поголем број средношколци ќе добијат шанса за на факултет, што повеќе родители ќе воздивнат од подигање кредити, продажба на имот, автомобил , две работни места и тн ... за да му обезбедат високо образование на едно од своите две деца!!!
Квалитетот е одговорност на професорите, деканите, министрите... а секако дел и на студентите.
Од лични, искуства ниту со партиципациите од 1200 евра до сега немавме квалитетни студии!!! Значи друг е проблемот.
Колку јас знам висината на истата е туку-речи иста во доста поразвиени европски и други земји од светот, на кои само можеме да им позавидиме на квалитетот.
Не бе грешка си.Нит сум у партија нит ме пикнале у администрација нит по академци и професори плукам. Ете ти.

Досега 5 пати аргуемнтирав зашто ова е се само не добро за студентите. Ако те мрзи да читаш, не читај. Или чекај државата да ти прочита.

ДА БЕ ДА имаат,пониски се цените, ама имаат и полн буџет. Ама имаат и 90 посто од население што редовно плаќа даноци без доцнење. Имаат и маргинални случаи на корупција. Најважно од се, ЗНААТ дека со распаѓањето на партијата нема да дојде до распад на државата.

Тука кај не плаќаат даноци, кај не пријавуваат приходи,60% БДП е од сива економија, па чекаат после од државата и кондом ако им притреба да напраат фудбалски тим зашо уше не стигнал кондомот од државата.
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Aјде најпаметно е да оставиме и да биде „затоа потоа“. Па и да не сакаме ние ќе бидеме сведоци на позитивните или негативните ефекти на оваа и сите други одлуки донесени од било која влада или партија.

Не се возбудувај многу; ова е избрзана, неиспланирана и чисто популистичка одлука на една Влада која е во паника заради празните каси и знае дека наскоро ќе треба да се соочи со гневот на народот. Почна со лековите, утре ќе продолжи со платите, пензиите... Па сега не знаат што да прават. Се сомневам дека ова решение воопшто ќе се примени, а не пак дека ќе потрае, па макар и една година.
Како тоа доби импресија дека сум возбуден :pos2:
Среќен, -да сум (така ги опишав моите емоции погоре ако не грешам, нели?) , возбуден ни најмалку... не студирав психологија (немав пари) ама од општо познавање ми се чини дека среќен(радосен) не е исто со возбуден :vozbud:
 

ilija^veles

Nick Sloter
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.050
Поени од реакции
41
Иако Владата најави дека највисоката школарина на државните универзитети ќе изнесува не повеќе од 400 евра, во одлуката објавена во „Службен весник“ се наведени износи од 500 до 1.000 евра

Идните студенти на Факултетот за безбедност на битолскиот универзитет ќе плаќаат годишна школарина од 1.000 евра. Нивните колеги на Технолошко-техничкиот факултет во Велес ќе плаќаат 700 евра. Оние, пак, на информатика, за студирање ќе плаќаат 500, односно 600 евра.

Овие износи, објавени во „Службен весник“, ќе важат за идните вонредни студенти на битолскиот универзитет „Св. Климент Охридски“. Другите износи за студентите во редовната и во квотата со кофинансирање се 200 со 400 евра.

Ова покажува дека Владата не ги почитува сопствените најави дека највисоката школарина што ќе ја плаќаат сите студенти на државните универзитети нема да изнесува повеќе од 400 евра.

Владината одлука важи само за редовните студенти, а не и за вонредните, вели министерот за образование и наука Никола Тодоров, иако самиот најави дека одлуката важи за сите студенти без исклучок.

- Владата одлучува што ќе се намали или зголеми по предлог на универзитетите. Ректорите не бараа да се интервенира кај вонредните студенти, па затоа сумата останува истата што се наплаќала и претходно. Но и онака вонредните студенти не можат да се изедначат со оние што студираат во редовната квота - изјави вчера Тодоров.

Од ректоратот на битолскиот универзитет сé уште не ја знаат конечната разврска.

- Од Министерството треба да ни кажат дали тие износи се конечни или ќе треба да се намалат - вели портпаролката Елизабета Атанасовска.

Во „Службен весник“ се објавени сумите за студирање на другите државни универзитети. Така, на скопскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ на сите факултети сумата за студирање е 200 евра за студентите во редовна квота и 400 за оние во квотата со кофинансирање.

Студиите на Државниот универзитет во Тетово ќе бидат најевтини од идната академска година и ќе чинат по 100 евра во редовна и 300 евра во квотата за кофинансирање.

Зголемен е бројот на слободни места на универзитетот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Таму, за разлика од лани, кога имаше предвидено 125 слободни места, оваа бројка годинава е 300. И таму школарина ќе се плаќа 200 и 400 евра. Исто толку ќе чинат студиите и на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“.

Izvor
 

Попај

Буржоазија
Член од
10 јуни 2006
Мислења
699
Поени од реакции
9
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Ме интересира колку е партиципацијата на ПМФ за информатика, вонредно студирање и колку вонредни студенти примаат ?
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Значи најголемите апаши со најголеми партиципации.Барем да имаше успех Климент Охридски,црева фамилијарни,како еднаш не им дојде крајот не ми е јасно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom