Да си ми жив и здрав колега, само некои не знаат како стојат работите...
Не колега, многу добро знаеме како стојат работите... и како економист треба и самиот да знаеш дека образованието е инвестиција. А инвестицијата, сама под себе не подразбира да им ги намалиш средствата на факултетите и платите на професорите, туку да ги покачиш со што ќе добијат студентите подобри книги, подобри предавања и подобри библиотеки. Јас го поздравувам тоа што ни ги намалија нас партицијациите, но не под цена утре да не држи Драган вежби и Славе да ги покачи учебниците. Правилна одлука е наместо пензионерите да се возикаат секој петок и да греат мадиња по разни бањи да ни ги намалат нас партиципациите и истовремено да ги одржат или покачат средствата на факултетите. Можда звучи сурово, но ако се нема доволно средства и за двете, тогаш подобро да се вложи во студентите кои се иднината на оваа држава, отколку на пензионерите кои утре ќе ги нема.
Ај да ти раскажам една вистинска приказна... После 4 години сретнувам другар што учеше со мене во Основно, детето нема мајка, живее со татко му и сестра му која е исто така студент и трошици до небо... Го прашувам, што праиш, кај идеш, и ми вика идам на пракса за работа, и јас зачуден пошто беше солиден ученик(и подобар од мене а јас сум на економски) го прашав зашто не се запишал на факултет, и ми вика: Поднесов на Правен али ме примија во Приватна квота и НЕАМ ПАРИ ДА ПЛАТАМ!!!!!!
Прво, да не се лажеме, да бил другар ти добар ученик немало да го примат во приватна, него ќе влезел во државна квота. Барем на правен може секој да влезе. А второ, навистина ми е жал за детето ама требало да мислат неговите. Во крајна линија, дури и да немаш доволно средства не е крај на светот. 200 евра и не се толку тешко да се најдат, било што да работиш преку лето ќе ги земеш. Ако веќе зборуваме за правичност, не е правично и што некои татини синови ќе одат на Харвард и ќе добијат првокласно образование, а некои останати што цел живот го потат задникот да направат нешто ќе завршат на некој второ-класен универзитет само затоа што немаат средства да се запишат на подобар. Тоа е капитализам...
Него темава почнува да ми наликува на циркуз.
Ако имаше тема сакате ли да ја намалат партиципацијата за студирање? 100% ќе одговореа ДА!
А вака кога веќе е намалена, за идните студенти, тука идат коментари а за нас старите? од ова ќе има налив на студенти не е добро! владата си игра со нас! неквалитетно образование! бла бла.
Само да се трачарело бе, за ништо не знаеме да се радуваме.
Па добро, не секој го има тој луксуз да при прима информациите сервирани на маса. Без разлика кој е на власт, не им верувам на политичарите и секогаш ќе се сомневам дека има нешто позади првичната намера. Уште повеќе што во овој случај има неразјаснети работи...