Ова е притисок за државниот факултет.
Да ви се мочам у евтините партиципации. Се факултетлии ќе искочат па после невработеност, епа невработеност.
Каква фора ували Медо, као бараме 40 посто минимум, ама не е исклучено и повеќе и маестрално ја намалуваат за 70 посто. Ин јор фејс Слободен Индекс, ин јор фејс и на вас комуњарски носталгичари. ВМРО-вци намалија партиципација. БРеееј.
Да се разбереме, излага дека СИ се на иста со СПУКМ(ај шо не е така, него се закрвавени бајаги). Даље, со ова, Медо си ги треби непријателите, помудро него Самоил.
Намалена партиципација значи помал приход за факултетите. Помал приход за факултетите значи помали плати за професорите. Помали плати за професорите значи одлив на професори на приватни универзитети. Одлив на професори на приватни универзитети значи препуштање на УКИМ на обични паликуќи и вандали.
Ете зошто не треба бесплатно високо образование.
Ете зошто сеа само будали можат да очекуваат нови клупи, редовно греење, повеќе компјутери и стабилен интернет.
Ете зошто Скопје ќе стане Македонија.
Ете зошто ќе има невработеност и уште поголема нееднаквост, следствено и поголема стапка на социјални немири и криминал.
Ете зошто високото образование ќе стане средно.
Високото образование е средство за стекнување достоинство и општествено-професионална етаблираност, но не е право. За мене е понижувачки да паѓа квалитетот на факултетот само затоа што едикојси тамо ,,немал да се запише на факолтето, државата да го обезбеде’’.
Не треба да се очекува ,,да те чува кучето шо не го храниш’’. Сите сакате да живеете на грб на државата а не помислувате дека можеби државата е таа што опстојува токму на уделот на нејзините граѓани.