Уште не стигнав да седнам да ја изгледам Homeland и затоа не би било фер да споредам, но редно е да кажам два три збора за 24.
24 претставува револуција во светот на телевизиските серии најпрво ради форматот во кој се прикажуваше. Не постои друга серија на светот која има 24 епизоди и сите прикажуваат по еден час од денот. Своевремено беше голем хит и штета што не стана еден таков овде на форумов. Сепак доволен број форумџии ја гледавме серијата и сите се сакавме меѓу себе додека траеше и сите ја сакавме серијата и буквално во темата се водеше љубов секој понеделник, немаше ко во другите теми падобранци кои доаѓаа да кажат дека не се задоволни од серијата. Во последната сезона се шпекулираше за враќањето на Тони Алмеида ко Милан секое лето што шпекулира за враќањето на Кака.
Лошо е што од друга страна во темава се бројат гласовите и на оние членови кои не гледале барем една од двете серии кои се споредуваат. За овој дуел не ми е гајле затоа што нема голем одзив, како и дуелите претходно, ама овој случај е ист како дуелот Шерлок вс. Хаус. 24 има премногу сезони зад себе, еден куп ликови и фанови. Хоумленд е нова серија и одвај чекам да ја почнам, има време и за неа. (ако не се лажам истите луѓе кои работеле на 24 работат и на Хоумленд).
24 си имаше свое време како и сите познати серии кога се живее за таа работа. Денес само Брејкинг Бед е близу до она што го доживувавме додека гледавме Лост, 24, итн, итн...
Прв аргумент во "одбрана" на 24 е фактот дека сите гледаме серии поради забава. Да не се лажеме и ја бараме смислата на животот, единствено две серии во животот сум гледал кои не ми биле забавни, Twin Peaks и Six feet under, заради тоа што се нешто невидено и не можеш да се забавуваш со нив. Сите други серии отприлика ги гледам затоа што ми е интересно времето со нив. 24 беше еден феноменален трилер, долг Борновиот идентитет развлечен филм, со многу пресврти, она што се гледа без да се помрднеш од што е напнато. Такви серии веќе нема. 24 имаше преголем адреналин и не беше од оние површни приказни во кои има само акција и пукање. Критиката убиј ги сите и врати се сам во никој случај не држи вода кога се зборува за Џек Бауер како хиперболизиран лик и единствено би ја кажал некој што не изгледал цела сезона. Во 24 се обработуваа теми кои подоцна станаа реалност во САД. Во првата сезона имаме сенатор кандидат за претседател црнец. Џек Бауер низ текот на еден ден (сезона т.е.) се наоѓа пред многу одлуки и жртви.
Концептот на 24 е таков што сценаристите им го давале сценариото на актерите од епизода за епизода и никој не знаел кога и како ќе заврши неговиот лик. Светот на 24 е полн со интересни ликови, не е човек-серија, има симпатични ликови во ЦТУ, пропорционално со бројот на душбегс кртици. Најважното во една серија, што го имаме во 24 исто е квалитетот од сезона во сезона, кој оди во нагорна линија. Никогаш не опадна туку продолжуваше нагоре. 5та сезона од 24 е една од најдобрите сезони во било која серија.
Следно што еден непознавач на 24 ќе го потенцира (и да, оваа реченица е кажана илјада пати на интернет во последниве десет години) е дека главниот лик не јаде, не пие, не спие, не оди во вц, не плука додека се чеша долу... Затоа што нели, во сите други серии всушност овие сцени се најважни. Следната база на хејтери се оние кои се премногу интелигентни за да гледаат приказни со крадци и полицајци. 24 беше хит серија, носеше возбуда и неизвесност до последна секунда, малата група фанови на форум повторно треба да се активираат затоа што најверојатно ќе има уште една последна сезона, само овој пат со малку поинаков концепт, т.е. 13 епизоди ако не се лажам. Кифер Сатерленд е преталентиран актер и штета што не продолжи после успехот на 24 со истото темпо во некоја друга серија. Touch беше флоп на годината и тоа е тоа.