Која серија повеќе ја сакате и зошто? (Fear the Walking Dead vs. The Walking Dead: World Beyond)

Вашиот фаворит?


  • Вкупно гласачи
    8

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Ако не си нерд очајно ќе ти изгледа. Чиста победа на ТББТ над плагијатот на Френдс.

Само да прашам - кога продолжува Хоумленд?
6ти Октомври.
Инаку веќе кога пишав на темава, пиши глас за Хоумленд. Џек Бауер со неговите Рамбо способности никогаш не ми беше интересен (можда ќе треба уште една шанса некогаш да му дадам).
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Никогаш не сум го гледал Џек Бауер.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Ако не си нерд очајно ќе ти изгледа. Чиста победа на ТББТ над плагијатот на Френдс.

Само да прашам - кога продолжува Хоумленд?
Everybody loves Raymond и According to Jim се плагијати на Married with Children? Married with children и Fresh prince of Bel Air се плагијати на The Cosby show? И That 70's show е плагијат на Френдс, а Френдс на Cheers? Family guy e плагијат на Simpsons?

Синки многу несекојдневнава идеја што ја има Френдс, па HIMYM било плагијат.

Ако е за тоа, и TBBT е плагијат на The IT crowd, само што дејството наместо во фирма го пренеле во зграда.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.391
Поени од реакции
25.192
Уште не стигнав да седнам да ја изгледам Homeland и затоа не би било фер да споредам, но редно е да кажам два три збора за 24.
24 претставува револуција во светот на телевизиските серии најпрво ради форматот во кој се прикажуваше. Не постои друга серија на светот која има 24 епизоди и сите прикажуваат по еден час од денот. Своевремено беше голем хит и штета што не стана еден таков овде на форумов. Сепак доволен број форумџии ја гледавме серијата и сите се сакавме меѓу себе додека траеше и сите ја сакавме серијата и буквално во темата се водеше љубов секој понеделник, немаше ко во другите теми падобранци кои доаѓаа да кажат дека не се задоволни од серијата. Во последната сезона се шпекулираше за враќањето на Тони Алмеида ко Милан секое лето што шпекулира за враќањето на Кака.

Лошо е што од друга страна во темава се бројат гласовите и на оние членови кои не гледале барем една од двете серии кои се споредуваат. За овој дуел не ми е гајле затоа што нема голем одзив, како и дуелите претходно, ама овој случај е ист како дуелот Шерлок вс. Хаус. 24 има премногу сезони зад себе, еден куп ликови и фанови. Хоумленд е нова серија и одвај чекам да ја почнам, има време и за неа. (ако не се лажам истите луѓе кои работеле на 24 работат и на Хоумленд).
24 си имаше свое време како и сите познати серии кога се живее за таа работа. Денес само Брејкинг Бед е близу до она што го доживувавме додека гледавме Лост, 24, итн, итн...
Прв аргумент во "одбрана" на 24 е фактот дека сите гледаме серии поради забава. Да не се лажеме и ја бараме смислата на животот, единствено две серии во животот сум гледал кои не ми биле забавни, Twin Peaks и Six feet under, заради тоа што се нешто невидено и не можеш да се забавуваш со нив. Сите други серии отприлика ги гледам затоа што ми е интересно времето со нив. 24 беше еден феноменален трилер, долг Борновиот идентитет развлечен филм, со многу пресврти, она што се гледа без да се помрднеш од што е напнато. Такви серии веќе нема. 24 имаше преголем адреналин и не беше од оние површни приказни во кои има само акција и пукање. Критиката убиј ги сите и врати се сам во никој случај не држи вода кога се зборува за Џек Бауер како хиперболизиран лик и единствено би ја кажал некој што не изгледал цела сезона. Во 24 се обработуваа теми кои подоцна станаа реалност во САД. Во првата сезона имаме сенатор кандидат за претседател црнец. Џек Бауер низ текот на еден ден (сезона т.е.) се наоѓа пред многу одлуки и жртви.

Концептот на 24 е таков што сценаристите им го давале сценариото на актерите од епизода за епизода и никој не знаел кога и како ќе заврши неговиот лик. Светот на 24 е полн со интересни ликови, не е човек-серија, има симпатични ликови во ЦТУ, пропорционално со бројот на душбегс кртици. Најважното во една серија, што го имаме во 24 исто е квалитетот од сезона во сезона, кој оди во нагорна линија. Никогаш не опадна туку продолжуваше нагоре. 5та сезона од 24 е една од најдобрите сезони во било која серија.

Следно што еден непознавач на 24 ќе го потенцира (и да, оваа реченица е кажана илјада пати на интернет во последниве десет години) е дека главниот лик не јаде, не пие, не спие, не оди во вц, не плука додека се чеша долу... Затоа што нели, во сите други серии всушност овие сцени се најважни. Следната база на хејтери се оние кои се премногу интелигентни за да гледаат приказни со крадци и полицајци. 24 беше хит серија, носеше возбуда и неизвесност до последна секунда, малата група фанови на форум повторно треба да се активираат затоа што најверојатно ќе има уште една последна сезона, само овој пат со малку поинаков концепт, т.е. 13 епизоди ако не се лажам. Кифер Сатерленд е преталентиран актер и штета што не продолжи после успехот на 24 со истото темпо во некоја друга серија. Touch беше флоп на годината и тоа е тоа.
 

Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.042
Поени од реакции
6.070
12 епизоди се планирани и договорени. Единствени што се враќаат се Џек Бауер(Кифер Сатрленд) и Клои О'Брајан(Мере Лин Рајскјуб, како и да е). Се друго ќе биде ново мислам.

Ја си гласам за 24 :love:
 
Член од
22 август 2011
Мислења
326
Поени од реакции
346
Homeland без размислување. Кифер Сатерленд ми е некако одвратен. и дадов шанса на 24, ама кога не ја бива, не ја бива.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Everybody loves Raymond и According to Jim се плагијати на Married with Children? Married with children и Fresh prince of Bel Air се плагијати на The Cosby show? И That 70's show е плагијат на Френдс, а Френдс на Cheers? Family guy e плагијат на Simpsons?

Синки многу несекојдневнава идеја што ја има Френдс, па HIMYM било плагијат.

Ако е за тоа, и TBBT е плагијат на The IT crowd, само што дејството наместо во фирма го пренеле во зграда.
Комплетен плагијат е, не се работи само за Central Cafe па Friends да му биде плагијат на Cheers. Во HIMYM се „позајмени“ и ликови па дури и фори од Friends и се тоа е убаво дискутирано и аргументирано во минатото така да шшшшшшш :P
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.603
Поени од реакции
13.301
The Office rules them all. :D Just saying.

Мене 24 никогаш не ме навлекла толку како што кажувате, а сум и дал многу пати шанса, можда затоа што не сакам акции од таков тип. Најмногу што ме има заразено како што викате да не можам да се тргнам од пред компјутер е Prison Break. Се искарав и со другари и едвај чекав маратонска вечер во сабота да поминам пред компјутер. Времиња. :D Homeland мене ми е подобра.
 

D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.360
Поени од реакции
941
Доброто во 24 во споредба со Homeland е што нема тупење мозок со љубовни разговори од 2 и пол епизоди, без престан.

Доброто во Homeland во споредба со 24 е што Броди или Кери уште ги немаат супермоќите на Бауер.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Syn

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Ако не си нерд очајно ќе ти изгледа. Чиста победа на ТББТ над плагијатот на Френдс.

Само да прашам - кога продолжува Хоумленд?

Извини за офтопикот, ама баш нрдовите не ја сакаат серијата зашто ги прикажува во многу лошо светло. Ако сакаш наука, sci-fi, видео игри и слично - не си идиот и не дека не знаеш како да се однесуваш. Али тој муабет го касниме...
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.391
Поени од реакции
25.192
Ја почнав Homeland и стигнав до пола од прва сезона, па проверив на имдб за да се осигурам дека истите луѓе што ја правеа 24 сега работат на Homeland. Ги има истите елементи на 24 и се водат според истата формула. Ми се свиѓа серијата, особено актерската постава, сите некако ми се погодени за улогите. Билдап-от е ист ко 24, еден осомничен води кон друг додека на првиот го тргаат од серијата, па вториот до трет, а вториот се трга во меѓувреме.
Демиен Луис е супер актер и еве овде една скромна препорака за The Baker, предобар филм во класата на Hot Fuzz и The Guard, пробувам да го продадам како предлог на форумов, па повелете.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.631
Поени од реакции
34.020
Ја почнав Homeland и стигнав до пола од прва сезона, па проверив на имдб за да се осигурам дека истите луѓе што ја правеа 24 сега работат на Homeland. Ги има истите елементи на 24 и се водат според истата формула. Ми се свиѓа серијата, особено актерската постава, сите некако ми се погодени за улогите. Билдап-от е ист ко 24, еден осомничен води кон друг додека на првиот го тргаат од серијата, па вториот до трет, а вториот се трга во меѓувреме.
Демиен Луис е супер актер и еве овде една скромна препорака за The Baker, предобар филм во класата на Hot Fuzz и The Guard, пробувам да го продадам како предлог на форумов, па повелете.

Колку пати ти е гледано филмчето на тв? :) Мене повеќе од неколку.. инаку да, фино филмче.

Незнам зошто, ако се скоро исти, не ми легна 24 мене. Втората сезона не ја догледав, или почнав третата.. така нешто беше.
Изгледа дека тогаш имав премногу квалитетни серии неизгледано и ми делуваше како просек и џабе (ха!) трошење време.
Многу ја хејтав јас 24. Но ако е иста или барем пола од билдапот и тензијата од Homeland, дефинтивно треба да ја ѕирнам.
Од аспект на глума нема да зборам, не во споредба туку општо, кастингот е неверојатен едноставно!

А налет муабетов.. Homeland.S03E01.720p.x264-HOMELAND :vozbud:
Џими, да те чекаме да изгледаш, па да видиме за која ќе гласаш, или ќе и даваме уште една шанса на темава со друг дуел?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom