1. La Casa de Papel, една од подобрите серии во последно време. Знам дека има недостатоци, но фактот дека и оние кои зборуваат лошо за серијата упорно продолжуваат да ја гледаат, зборува многу. Серија која покрена цел еден cult following, современ културолошки феномен кој дефинитивно ќе се памети.
2. Lost, секако, една од најдобрите серии на сите времиња. Се сеќавам дека ја почнав на А1 телевизија, едвај чекав да има нова епизода. Подоцна, како студент ги догледав подоцнежните сезони, сите во еден здив, буквално деноноќно, без престан и без спиење, неколку денови, во студентскиот дом Гоце Делчев. Како зомби бев: затворен сам во бетонската конзерва, без воздух, со многу малку јадење, само со цигари (тогаш се труев), и Lost.