За првото La Casa De Papel иако имам некои замерки кон серијата, ми е од оние серии кои ги имам гледано поќе од еднаш, а то е реткост, иако не би рекла дека е одлична, ама сепак за неа ќе гласам.
За второто убедливо The Haunting of Hill House. Серијава е феноменална. Од сценографија, до актери, до како се уредени епизодите, до самите настаните, поголемата слика, дури и монолозите. Сезона еден комплетира прекрасна приказна, со потенцијал за уште една комплетирана и целосна приказна во иднина со наредна сезона. Серијава е бинџ материјал.