- Член од
- 17 октомври 2011
- Мислења
- 15.095
- Поени од реакции
- 37.537
116. L.A. Confidential (Curtis Hanson, 1997)
Повеќето од вас го имате гледано но за тие што не го гледале,филмов едноставно вреди и нема теорија да ве разочара(се разбира освен ако од дното на душата мразите крими драми).
Секако не е филм без грешка,има некои минорни грешки но речиси незабележителни.
Иако јас вчера го пуштив со надеж дека не ми е гледан се излажав и не ми е ич криво што гледав уште еден пат.
Приказната е за 3ца полицајци -детективи кои што меѓу себе немаат никакви карактерни допирни точки. Расел глуми импулсивен детектив,Спејси полициска ѕвезда во поглед на тоа што е присутен во штампата и соработува со новинар(де Вито).И Пирс толкува хард воркинг цајкан кој е желен за теренски детектив .
Тројцата се вклучуваат во расчистување и пронаоѓање на убиците кои при еден напад на кафетерија убиле и екс -цајкан.
За време на целиот филм ја имаше онаа атмосфера потребна за еден трилер(крими драма),камерата беше добро вклопена во целината како и дијалозите помеѓу главните актери беа на ниво и шуќур немаше крофни во филмов .
покрај горе споменатите глуми и Ким Бесинџер( првокласна курва ,добро проститутка) и Џејмс Кромвел кој што би глумел друго ако не командир(или детектив на повисоко ниво )
9/10
Филмов го имав најпрво гледано како помала, но се разбира 2 посто од него дали го сфатив Одамна се токмев повторно да го изгледам бидејќи филмовите од 90тите ми се омилени и дојде тој ден.
Како што ќе видите од постеров, актерската екипа во филмов е феноменална. Расел Кроу, Ким Бесинџер, Кевин Спејси, Дени Де Вито и сите глумат на висина на задачата. Овој филм е типичен детективски, сместен во 30те години во Америка и напливот на бандите, со многу ликови, заплети, преплети и можеби за некои неочекуван епилог. Тројца различни детективи, Расел Кроу, новоунапредениот Гај Пирс и Кевин Спејси, на свој начин водат истрага околу престрелка во еден бар во кој загинува нивни колега од одделот.
Филмов нуди двочасовно уживање за оној кој што ќе биде спремен да е концентриран целото тоа време, бидејќи филмов со секоја изговорена фраза од секој лик го навестува расплетот.
Од мене има 9/10, затоа што обожавам вакви филмови, добро раскажана приказна и одличен склоп на ликови.