КАЈГАНА ТОП 250 (read only)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.767
Поени од реакции
33.509
116. L.A. Confidential (Curtis Hanson, 1997)

116.jpg
Повеќето од вас го имате гледано но за тие што не го гледале,филмов едноставно вреди и нема теорија да ве разочара(се разбира освен ако од дното на душата мразите крими драми).
Секако не е филм без грешка,има некои минорни грешки но речиси незабележителни.
Иако јас вчера го пуштив со надеж дека не ми е гледан се излажав и не ми е ич криво што гледав уште еден пат.
Приказната е за 3ца полицајци -детективи кои што меѓу себе немаат никакви карактерни допирни точки. Расел глуми импулсивен детектив,Спејси полициска ѕвезда во поглед на тоа што е присутен во штампата и соработува со новинар(де Вито).И Пирс толкува хард воркинг цајкан кој е желен за теренски детектив .
Тројцата се вклучуваат во расчистување и пронаоѓање на убиците кои при еден напад на кафетерија убиле и екс -цајкан.

За време на целиот филм ја имаше онаа атмосфера потребна за еден трилер(крими драма),камерата беше добро вклопена во целината како и дијалозите помеѓу главните актери беа на ниво и шуќур немаше крофни во филмов :D .
покрај горе споменатите глуми и Ким Бесинџер( првокласна курва ,добро проститутка) и Џејмс Кромвел кој што би глумел друго ако не командир(или детектив на повисоко ниво )
9/10
Филмов го имав најпрво гледано како помала, но се разбира 2 посто од него дали го сфатив :) Одамна се токмев повторно да го изгледам бидејќи филмовите од 90тите ми се омилени и дојде тој ден.

Како што ќе видите од постеров, актерската екипа во филмов е феноменална. Расел Кроу, Ким Бесинџер, Кевин Спејси, Дени Де Вито и сите глумат на висина на задачата. Овој филм е типичен детективски, сместен во 30те години во Америка и напливот на бандите, со многу ликови, заплети, преплети и можеби за некои неочекуван епилог. Тројца различни детективи, Расел Кроу, новоунапредениот Гај Пирс и Кевин Спејси, на свој начин водат истрага околу престрелка во еден бар во кој загинува нивни колега од одделот.
Филмов нуди двочасовно уживање за оној кој што ќе биде спремен да е концентриран целото тоа време, бидејќи филмов со секоја изговорена фраза од секој лик го навестува расплетот.

Од мене има 9/10, затоа што обожавам вакви филмови, добро раскажана приказна и одличен склоп на ликови.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.767
Поени од реакции
33.509
115. The Intouchables (Olivier Nakache, Eric Toledano, 2011)

115.jpg
Ај да пишам оти нема да го гледам пошто го гледав пред месец дена со сестра ми и мајка ми. Се думав каков филм да им сервирам за да уживаат.
Морам најпрвин да потенцирам дека овој филм за мене ја има една од најубавите музики, па благодарение на филмот го открив маестралниот композитор Ludovico кој со сигурност остава трага што ќе ја зграбат идните генерации по нас. Дури и тема му отворив на кајгана, кој не го слушал под итно.

Филмот изобилува со доста емотивни моменти. Во него е прикажана маестрална трансформација на лик, кој успева да избега од канџите на безделничарењето и уличните сплетки, благодарение на ликот на Филип. Во ликот на Филип е претставен чоек со силно изградена етика и цврст карактер, кој изненадува со своите ставови, размислувања и подвизи, покрај лошата состојба во која се наоѓа. Воедно по брзата проценка на црнчето, сфати дека во него се наоѓа лик кој може да го доведе на прав пат. Интересно е тоа што пушта по малку од јадицата, до степен да самоиницијативно другиов се фати на мамката, без да го присилува и форсира на одредени реакции. Со тоа се јавува во улога на учител и татко, кој претпазливо и со голема грижа му пристапува на помагачов. Во филмот исто така се наоѓаат многу јаки комични моменти кои знаат човек да го насмеат и покрај сета сериозност истакена во драма жанрот. Особено јаки ми беа миговите со забавата и оркестарот.
Крајот е нешто ненајебливо. Солзи ми дојдоа ко го гледав првпат, а богами и втор пат пред месец дена. Наредување на коцки, победување над срамот, а со тоа и победа над осаменоста во која пливал ликот на ФИлип се до средбата со црнчево. Одлично разработени ликови, приказна богата со случувања, драма на високо ниво, зачинета со Лудовико, буквално потполна и силна во секоја секунда.

10/10 во топ 10 филмови ми е на сите времиња.
Е сега за разлика од него, The Intouchables ми влегува во топ 3 филмови од неанглиско говорно подрачје, дефинитивно!!! Како шо рече гранде, комедија/драма е еден од најзабавните жанрови, не може да ти е досадно во ниеден момент додека го гледаш, ако постојат тие филер моменти во филмот, ќе бидат надополнети со смеење, а во овој филм се смеев како шо се немам смеено на ниедна комедија последниве неколку години.
Одлично пријателство, одличен склоп на емоции, Фелипе бараше некој што нема да го сожалува, а Дрис беше дефинитивно тоа. Без влакна на јазикот, зборуваше се што му доаѓаше, не мислеше дали ќе го повреди, а од друга страна Фелипе сакаше само да се забавува со неговиот помошник, да имаат некоја поголема врска помеѓу отколку да се само газда и вработен.
Санудтракот беше феноменален, морам да го пофалам и него истотака.
9/10
Што ФИЛМИШТЕ ќе беше ова?!! Леле браво за предлогов, значи старно немам зборови. Волку позитивен филм, од дамна немам гледано. Ликовите се маестрални, двајцата слични еден на друг безразлика што едниот е хендикепиран. Двајцата го бараат истото, човек што ќе биде близок до нив, што ќе ги разбира и најважно нема да ги ОСУДУВА за тоа што се и какви се. Дрис и покрај сите другари, и покрај огромната фамилија пак највеќе блискост осеќа со Фелипе, исто и Фелипе, без разлика на парите и без разлика на ќерката и на сите тие што му го лижат гзот пак највеќе блискост осеќа во Дрис.

Музиката, мајкооо, од дамна немам видено толку добар склоп направено на музиката со последната сцена. Значи дури и додека го пишувам постов, песнава ми иде во позадина. Емоции до плафон, цели два саати или колку и да трае филмов додека го глеаш осеќаш топлина, некое убаво чувство. Во секој момент си или со насмевка на лицето, или па се смееш. Барем такви емоции разбуди кај мене филмов. Уште еднаш браво за предлогов, се подобар и подобар филм има во темава. Оценка 10/10 дефинитивно, мавање од земја филмов.
Филмов го гледав пред некој месец и сеуште ми е број еден за годинава, а во меѓувреме сум изгледал 30+ филмови.

Се работи за животот на еден француски милјардер кој останал парализиран по инцидент со параглајдер и е во потрага по негувател, односно човек кој што ќе му помогне да ги изврши секојдневните работи бидејќи он не е спосебен самиот да ги изврши. Работата ја добива еден млад црнец од гето, кој одвај сврзува ден за ден.
Филмот е полн со спротиставување и судирање на карактерите и нивните општествени класи, исмевање на општеството но воглавно на ''аристократијата'' и ред други работи.
Сето ова надополнето со одличен хумор и малку романтика го прави овој филм тоа што е, односно чиста 10-ка.

Филмов е must see и топло го препорачувам :)
Имав малко слободно време, лимитот на интернетот ми беше поминат па разгледав малце во колекција што немам гледано до сега.​
Паметам дека филмов ми го даде другар пред две години но ете од не заинтересираност не сум го гледал.

Се работи за француски филм, така да ако планирате да го гледате опремете се со превод, српски или англиски, македонски нема.
Филмот е пишан по вистински настан, и веднаш кога го видов тоа сакав да го исклучам бидеќи тоа е дефиниција за некоја трагедија или тажен дел од животот. И делумно бев во право.
Се работи за еден црнец и еден инвалид на кои патиштата ќе им се судрат. Двата се сосема различни карактери. Низ текот на филмот ќе забележите како црнецот успева да му го промени животот на инвалидот, а воедно и на неговоро семејство и работници кои работат за него.

Дефинитивно филмов беше различно од се што досега имам гледано, глумата беше одлична, преовладуваше добар хумур (колку што може преводот тоа да го долови) и по некои тажни моменти. Додека го гледав филмот цело време имав некое необјасливо чувство, чувство на исчекување или така нешто.

Не сакам да откривам повеќе, ако решите да го погледнете не верувам дека ќе зажалите. Јас сум голема пицајзла кога се работи за филмови и на овој му давам 10/10.
На крај ми е само жал што две години ми седеше во компјутер а не го имав гледано.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.767
Поени од реакции
33.509
114. Eyes Wide Shut (Stanley Kubrick, 1999)

114.jpg
Психолошка драма, со еротски елементи, во главна улога се Том Круз и Никол Кидман, режија на Стенли Кјубрик, воедно ова е и неговиот последен режиран филм.

Очекував нешто сосема поинакво, но наидов на сопружници чиј брак не е многу сјаен. Откако Алис (Никол Кидман) ќе му ја признае на сопругот д-р Бил Харфорд (Том Круз) својата поранешна желба да му биде неверна тоа длабоко му влегува во психата и го прогонува. Постојано размислува за тоа и свесно запаѓа во една оргија под маски што подоцна ќе му предизвикува проблеми. Сцената со оргијата и порано ја имав гледано, бевме собрани друштво кај една другарка, навечер има посебен ефект, морбидно е и мрачно, некако мистично, таинствено проследено со звуци кои создаваат некаков чуден страв.
Го видов Том Круз и ми текна за филмов. Инаку јас филмовите си ги делам на добри, подобри и најдобри, а овај филм ми е надвор од сите конкуренции. Прв пат кога ми го препорачаа ми велат брат го имаш гледано филмов? Не им велам, гледај го вечер. И вечерта почнува филмов го гледам жива досада, што да ти расправам. Потоа оди сцената во вилата се запрепастив, шок не очекував такво нешто, па мораше да го гледам филмов уште еднаш за подобро да го разберам.
Инаку е последен филм на Стенли Кјубрик, затоа што после овај филм тој умира. Додека пак Никол Кидман и Том Круз Се разведуваат. Голема несреќа ги има снајдено, па почнуваат да се кројат урбани приказни околу филмов. Иако јас мислам дека се живи глупости, ама сакам да ги слушам тие приказни. Последната беше дека Том Круз во вистинскиот живот заталкал во некоја таква вила, и го имаат фатено, па му имаат дадено избор или да глуми во филм со таков ритуал или Суљо со ортомата и кврц. Добар филм да не го раскажувам гледајте го, а урбаните приказни си се само урбани приказни.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.767
Поени од реакции
33.509
113. Solaris / Solyaris (Andrei Tarkovsky, 1972)

113.jpg
Соларис на Станислав Лем, една од моите најомилени книги, во топ 5 ми е на сите времиња. Многу поинаку ја сфатив него филмската адаптација на Тарковски. И кога го гледав филмот, ни малку не ми ја долови онаа проекција која јас ја имав замислено. Дури Крис Келвин не го замислував ваков, како за почеток, ама тоа е најмалку важно. Она што може да го понуди Соларис е дека делото можеш да го сфатиш на милион различни начини и да го толкуваш како што сам сакаш, субјективно. За некого главниот елемент е планетата и сите тие астрономски проекции (за мене скоро и непознати), за други океанот, за трети екипажот на бродот, за четврти... За мене Соларис беше симболика на копнежот и човечноста кај човекот - стравот од смртта и доживувањето на истото кое потоа не сака да го напушти, за да се преточи во него и да умре повторно заедно со него. Дека немаше врска со планетата, немаше врска со мистериите околу бродот и чудниот екипаж, туку со нешто посложено за нас, за минатото, па и сегашноста, за комплицираноста која некои луѓе ја носат со себе, во случајот Келвин, кој цело време изгледаше дека може рационално да се справи со се, како брилијантен научник, а сепак не можеше да ги објасни суштинските нешта во светот, постоењето, целта и крајот. А крајот, последната сцена од книгата, тоа е она на кое што се сеќавам скоро секогаш, на тие неколку реченици... Не често се случува нешто толку силно да биде опишано во едноставни зборчиња.

Не велам дека Соларис на Андреј Тарковски не беше убав, напротив, уживав во секој кадар, во пејсажите, беше перфектно направен и сигурно ќе ми се свиѓаше многу повеќе ако претходно не ја прочитав книгата. А Соларис на Стивен Содерберг е друга приказна, Содерберг сам си направи интерпретација на книгата и филмот како таков нема некои големи маани, но во секој случај е далеку од оној на Тарковски, т.е. не би можеле ни да се мерат, ама во секој случај вториов не беше ефтин римејк, Содерберг добро се потрудил да ги претстави своите гледишта. И добро е, на Соларис му фалат адаптации, најмногу поради различноста која може да ја понуди.
Фала му на продолжениов викенд што ми овозможи да изгледам едно ремек дело како „Соларис“. И не застануам тука, торентот веќе си работи.:)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.767
Поени од реакции
33.509
112. The Green Mile (Frank Darabont, 1999)

112.jpg
Режиран од Frank Darabont, поточно втор негов филм на оваа тематика, по големиот успех со The Shawshank Redemption, тој прави уште едно ремек дело.
Како и претходниот филм, и на овој дејствието му е во затвор, но тука има еден елемент кој што е отсутен во "The Shawshank Redemption", а тоа е натприродното. Ова е приказна за искупението и за потврдата дека чудата можат да се најдат дури и во најнеочекуваните места. Тоа го прави овој филм со строго инспиративна порака. "The Green Mile" е прекар даден за затворот во Луизијана во кој лежат затворениците што се осудени на смртна казна.
Дејството се одвива во 1935 година, но е прераскажувано од Пол Еџкомб (Tom Hanks), кој е главниот чувар во Green Mile. Има уште четворица други што работат со него, неговиот најдобар другар Брутус Хаовел (David Morse), импулсивниот Дин Стантон (Barry Pepper), ветеранот Хари Тервилеџер (Jeffrey DeMunn), и новодојдениот садист и кукавица Перси Витмор (Doug Hutchison).
Во затворот пристигнува нов затвореник, Џон Кофи (Michael Clarke Duncan), кој што заедно со веќе присутните двајца, се единствените затвореници кои ја чекаат смртната казна. Скоро целото дејствие на филмот се одвива тука, околу ќелиите.
Додека Перси постојано се изживува со затворениците, Пол и останатите развиваат некоја посебна врска со нив, особено со Кофи. И откриваат дека тој и не е баш обичен човек...


Не сакам да навлегувам понатаму во дејствието.
Во овие безмалку три часа колку што трае филмот, Darabont има завршено одлична работа во градењето на карактерите. Том Хенкс како само што тој знае, ја одигрува улогата на главниот чувар, а пак Хачисон одлично се трансформира во негативец кој сите го мразиме додека го гледаме филмот.


Можеби не го достигнува нивото на "The Shawshank Redemption", но сепак е споре мене еден од најдобро склопените филмови по книга за минатиот век. Јака 8 и пол од мене.
Еве моја препорака, ако сакате да гледате филм каде што секоја наредна секунда ќе чекате да дојде така што 3 часа ќе ви поминат како еден и ако сте љубители на криминалистички драми или слично, повелете:
The Green Mile, во главна улога е ѕверот Том Хенкс.Овој филм од мене има чиста 10ка
Немам доволно епитети за да опишам колку е само феноменален филмов. Нема нешто што не е добро во филмов, одлична глума предводена од секогаш одличниот Том Хенкс и Мајкл Данкан, одлична приказна што стварно ќе ве остави без зборови за супер моќите на Џон Кофи (како кафето само не се пишува така :giggle:), премногу е тажно па ако не сте погдотвени да бидете потресени и толку допрени што ќе ви биде тешко да станете од креветот не го гледајте одма, не бе се зезам, гледајте го. Секоја минута од тие 3 саати вреди и се исплати да се гледа. „Тоа што се случува на зелената милја, останува на зелената милја„ Најзаслужена 10 (y)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.767
Поени од реакции
33.509
111. Antichrist (Lars von Trier, 2009)

111.jpg
Antichrist

Солиден филм на Триер. Првин мислев дека намерата му била удар врз феминистичкото движење, но сепак крајната порака се однесува на злата природа на човекот што може да се увиди и од искажувањето на Шарлот која рече: Nature is Satan's church, а нејзиниот сопруг за време на терапијата ја советуваше "да стане и таа зелена и да се претопи со природата". Тој преку овој филм направил една паралела на приказната за Адам и Ева, со тоа што ја обвинува жената дека пред се гревот е втемелен во нејзината природа.
Шарлот за време на сексот го виде нејзиниот син како го отвара прозорецот, а сепак не превзеде ништо
. Тоа е слично со Ева и јаболкото. Дури и нивната викендица во шумата се вика Еден. Шарлот пишувајќи ја својата теза за gynocide, што пред се се однесува на масовните убиства на жените во средниот век од страна на црквата, кои биле прогласувани за вештерки, наместо да развие критички став кон оваа појава напротив ја прифаќа идејата дека жената навистина е грешна и треба да биде казнета. Тоа се гледа и од нејзините постапки, облекувајќи му ги чевлите на синот на погрешните стапала, со што предизвикала и деформитет кај стапалата на детето, кој се утврди по аутопсијата и кој немал никаква врска со смртта, или пак желбата да биде повредувана (казнувана) од нејзиниот сопруг додека имаат секс. Таа успеа да го постигне тоа што го тврдеше, односно дека човекот е всушност зол. Преку своето зло таа го ослободи и злото кај нејзиниот сопруг,
кој во овој случај ја превзеде улогата на црквата
. Од мене 8.
Би го ставил во жанр да речеме нешто како психолошка драма.

Брачна двојка по загубата на синот пробуваат да се соочат со болката. Жената поради депресија е во болница на почетокот но нејзиниот маж којшто е терапевт предлага дома да ја однесе за да и помогне лично тој во лечењето. За да ја соочи со нејзините стравови мажот предлага да одат во нивната колиба во шумата каде ќе се одвива најголемиот дел од филмот. Тука ќе застанам со описот, останува сами да погледнете понатаму.

Филмов ми се допадна имаше неколку уметнички сцени, исто така имаше и доста напнати сцени. Би му дал оценка да речеме 8/10
Ова е меѓу најболните филмови некад напраени, не е за сечии очи и на моменти е стварно тежок за гледање, целиот филм иде од лошо на полошо!

Ич не ме бива за рецензии али у кратки црти филмот е за маж и жена што го губат детето, и последиците што ги доживуваат .. да видите за што све се способни лугето да направат .. ако мислите дека холивудски срања ко Saw или Hostel се тешки за глеање онда ништо не знаете !
Ова е веројатно едини тотално оригинален хорор некад напраен!

Моја оценка : 1000/10 ..
Филм во кој е прикажана состојбата на човековиот ум по доживување на голема психолошка траума и неговиот потенцијал тотално да ја отфрли реалноста.

Филмот изобилува со одлични визуелни ефекти и одлично вклопена музика, во смисла на графичкиот приказ е мало ремек дело. Главните актери доста солидно се покажуваат во своите улоги.
Во целиот филм владее некоја морничава атмосфера и цели да предизвика емоционална тежина кај гледачот.
Има неколку прилично експлицитни сцени од кои ќе ви се преврти стомакот. Можеби ќе добиете впечаток дека по малку се претерало во тие сцени, но тоа е една од работите што го издвојува овој филм, а кога се работи за умствено растројство, секогаш има поголема слобода.

Филмот пред се е тешка драма, па потоа психолошки хорор.
Можеби ќе се добие впечаток дека на филмот му недостасува подлабока поента и најмногу се обрнало внимание на графичко шокирање на гледачот, но во секој случај филмот вреди да се погледне.
7,5/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.767
Поени од реакции
33.509
110. City of God / Cidade de Deus (Fernando Meirelles, Kátia Lund, 2002)

110.jpg
Уште сум под импресии. Многу добар филм. Како ме има извозено приказната само.. ретко преку 2 часа да ми поминат толку брзо. Толку реално доловено, толку добро реализирано, по вистинска сторија а плус и со наратор што мене ми дава некој посебен шмек во филмовите, на крајот ми дојде да ракоплескам. Се мразам дека ретко давам шанса на странски филмови.

Приказната се врти од 1960, 1970 до 1980 и е лоцирана на недалеку од Рио де Жанеиро, во гратче каде си риболовец, криминалец или полицаец, и за транзицијата на локалните деца во лидери на банди, криминалци и дилери. Дознав што е Гето во буквална смисла на зборот. Незнам што повеќе да напишам за филмот, едноставно топла препорака, квалитетен филм, нема да згрешите. 10/10.
Гледаш сликава и си викаш - Бразилциве снимиле филм љубовен и со оружје. Сигурно цело време ќе се врти приказнава околу црнецов што ја сака девојкава и нешто со банди што го закачаат...Ама колку само НЕ!

Просто сум изненаден од филмов и колку има добро комплексно дејствие. Камерата да не зборам само колку беше добра. Локациите на дејствието се одлично избрани и актерската екипа, која е повеќето мали деца, одлично ја завршила работата. Најлошите актери беа возрасните, кои на моменти ми изгледаа смешни како незнаат да глумат. Всушност децата и тинејџерите се носители на дејствието.

Дејствието почнува во 60тите години од минатиот век, во една новоизградена населба во предградието на Рио, каде што живеат поранешни бездомни фамилии, на кои државата им дала покрив на глава, и само тоа. Во околина каде што ретко кој има образование, работа и претежно се работи за класа на луѓе за кои нема место во општеството, главниот збор го имаат криминалците. А лидери на тие криминалци се 3ца тинејџери кои им се идоли на малите деца во населбата. Повеќето деца ја гледаат иднината како дел од криминална банда, освен едно дете кое решава да ги избегнува конфликтите и да проба да живее поштен живот во таква околина. По низа на настани, криминалната банда се распаѓа и остануваат децата, импресионирани од животот на криминалот, да ја продолжат работата. Тие деца, сега веќе тинејџери ќе формираат банди, кои се тек на време ќе владеат со поголемиот дел од градот. Но гладот за повеќе моќ е неограничен и почнува битка за целосна власт а помеѓу таа војна, се наоѓа детето од почетокот кое сега е тинејџер и сака да го оствари сонот...

Сигурно повеќето тука сте го гледале филмов а за тие што не го гледале - топло го препорачувам.

Од мене има 9/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.767
Поени од реакции
33.509
109. Twelve Monkeys (Terry Gilliam, 1995)

109.jpg
Режисерот Тери Гилиам е звер!

Му давам рака,најсериозно.
Кога имате глумец како Брус Вилис,кој изгледа моќно,како да може да претепа 15 луѓе и пак да има сила за уште 15...тогаш навистина е вештина со игра на камерата да го направите немоќен во очите на гледачот.
Секоја чест,вртоглавицата,лошењето и необичните кадри ја доловуваат поентата на филмот.
А тоа е дека човечката раса може,а можеби и треба да биде избришана.
Исто така доловува психолошки моменти на шизофренија и ментална дивергенција.

Брус е top-notch,но Бред Пит го краде шоуто.
На моменти дури и потсетува на Tyler Durden,само малку ментално-забегана верзија.

Сепак downside,впрочем и како сите филмови со временски патувања во нив,се вплеткува сам во својата мрежа и контрира сам на себе.

Затоа,оценка 8/10.
Брус Вилис, Бред Пит, Меделин Стоув...

Случајно шетајќи по имдб и правејќи си листа на гледани филмови, налетав на овој. Првпат го сретнав да бидам искрен и ме заинтригира тоа горе десно во ќошот едно малецко такво Sci-Fi. Никогаш не сум можел да останам рамнодушен на тој жанр.
Го ставив во watchlist и одвај дочекав да правам пауза од учењево и да го изгледам.

Не знаев ништо за филмов како што спомнав погоре, и од ко дознав не прочитав ништо, преферирам да гледам на црно, со колку што е можно помалку информации. На тој начин ми се намалени очекувањата, и често можам да добијам повеќе од колку што очекувам. Секако тука е и обратното, кое одвреме навреме се случува. Но тоа е, мора да има рамнотежа, така функционира и универзумов цел.
Кога сум кај универзумот, тоа ме носи на приказната во филмов. Уште еден со фамозното патување низ универзумот, не низ неговиот простор, туку неговото време. Но тоа не е акцентот на филмот, односно не се базира на тоа како и зошто луѓето почнале да го користат истото, туку можам да го наречам алатка за потребите на приказната. Ова е исто, како што јас си ја нарекувам математиката алатка на физиката.
Во кратки црти, имаме сцена што се повторува повеќе пати низ филмот, односно присеќање/сон на еден човек што го прогонува цело време. Тој истиот човек е "доброволец" за мисија за да собери колку што може да собери повеќе информации од минатото, односно каде што ќе го пратат. Сето тоа е со цел за враќање на нормала на човештвото на оваа планета. Можеби има некое си малецко терминатор клишенце, ама сепак поминува тоа.
Да кажам и за глумата два-три збора. Брус Вилис, ко Брус Вилис, онаа фацана негова што не ја менува во ниеден филм ни тука не е исклучок. Никогаш не ми бил некое актериште (или можеби го немам гледано вистинскиот филм кај што бил), но сепак солидно си ја истерува улогата. Од друга страна, Бред Пит, за споредната улога што му е дадена, добива 9.5 од мене. Во некои моменти ми наликуваше на совршеноста на Хит Леџер како џокерот. Со некои потези што ги правеше и внесеноста што ја имаше во улогата.
Тоа е тоа, филмов заработи едно 8че кај мене.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.767
Поени од реакции
33.509
108. Training Day (Antoine Fuqua, 2001)

108.jpg
Неверојатно е како сум можел да пропуштам вакво нешто до сега, ова е сигурно најдобриот филм кој сум го гледал во последниве годинаипол или две. Дензел Вашингтон дава неверојатна глума овде, можеби и најдобрата што сум ја видел до сега. Лудило филм со лудило приказна, има чиста 10 ка од мене.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.767
Поени од реакции
33.509
107. Mr. Nobody (Jaco Van Dormael, 2009)

107.jpg
Филмов го изгледав два пати, после тоа премотував неколку пати некои сцени и читав рецензии од луѓе кои што на свој начин го исперцепирале филмот, за да конечно разберам која била идејата на авторот. Па ја не памтам у живот толку да ме преокупирал некој филм. Но како и да е, капата доле за режисерот и сценарист Jaco Van Dormael, без никакви лажни комплименти упатени кон човеков, тој креирал едно мало ремек дело, кое за жал нема да биде разбрано и гледано од многумина, а и од тие што би го гледале најверојатно би го класифицирале како досаден филм. Инаку е филм во кој се испреплетуваат многу работи, па и самата структура на приказната е хаотична, но генерално суштината е фокусирана на некои научни аспекти како што се теоријата на стринговите или квантната физика, теоријата на хаосот и ефектот на пеперутката и сето тоа зачинето со многу романса и драма, па дури и СФ моменти. Кога го изгледав првпат мислев дека разбрав за што се работи, али ипак тоа беше делумно разбирање, така да сега би пробал да ја пренесам приказната целосно со спојлери (тие што го немаат гледано, а им е во план воопшто да не го читаат ова подоле), нормално на начин како што јас ја разбрав.
Значи дејствието започнува некаде во иднината, поточно во 2092 год. Главниот лик го игра едно старче на 118 години кое не се сеќава на ништо. Знае само дека имал 34 години и дека се викал Нимо. Инаку тој е последниот човек на земјата кој што треба да умре од природна смрт, факт поради кој што во јавноста постои голем интерес за него.
На почетокот е прикажан и малиот Нимо од неговото раѓање до четиринаесетта година од својот живот. Овој дел од филмот е единствениот кој што може да се опише како реален. Инаку Нимо пред да се роди не беше допрен од Ангелите така што тој доби некаква чудна дарба која му овозможи да не го заборави минатото, ниту пак иднината која што следи. На неговата четиринаесетта година, татко му и мајка му се разделија. Малиот Нимо е соочен со една голема дилема, дали да остане со таткото или пак да ја одбере мајката. Токму во овој дел од филмот пак на сцена стапува старецот Нимо, кој ги раскажува идните животни случувања на детето, односно случувањата по разделбата помеѓу неговите родители. Раскажувајќи стариот креира две приказни: Едната приказна ги покрива настаните кои го опфаќаат животот на Нимо под услов доколку тој би ја одбрал мајка си, а другата приказна го пренесува можниот живот на Нимо со татко си. Во оваа фаза од дејствието се зачнува теоријата на стринговите. Според оваа теорија по настанувањето на Бигбенгот, Универзумот е во постојано ширење. Честиците од кои се состои универзумот ја менуваат постојано својата положба, принудени од ширењето на универзумот. Според некои принципи на квантната механика може да се предвидат положбите кои што можат да ги завземат честиците понатаму, односно просто речено може да се предвиди иднината. Е сега проблемот е што може да постојат повеќе такви положби од кои само една може да се случи и да биде реална, а останатите ќе останат имагинарни. Но тоа не ги прави нереални само заради тоа што не се случиле. Пред да се случи настанот сите тие позиции во иднината имаат подеднакви шанси да станат реалност, а само кај една тоа и навистина ќе се оствари. Според теоријата на стринговите универзумот постојано ќе се шири, се до оној момент кога гравитацијата ќе стане посилна од силата на ширење, тогаш ќе започне еден реверзибилен процес или имплозија која би била проследена со враќање на времето и останатите три димензии (ширина, должина и висина) на просторот во нивните претходни позиции.
Ова беше мое грубо објаснување на оваа теорија, верувам дека некој може многу подобро да објасни. Овој реверзибилен процес се коси со теоријата на хаосот. Според оваа теорија молекулите имаат постојана тенденција да се разделуваат помеѓу себе, да се шират и сето тоа е поттикнато од константното растење на универзумот кое се одвива според принципот на ентропија која пак може да се дефинира како тежнеење на честиците да преоѓаат од состојба на подреденост во состојба на хаос и притоа никогаш да не се вратат во првобитната состојба. Ова во филмот е претставено преку примерите со димот од цигарата и мешањето помеѓу мајонезот и кечапот. Зошто димот од цигарата никогаш не се враќа назад во цигарата? Зошто кога ќе ги измешаме кечапот и мајонезот не е возможно никогаш да ги одделиме? Знам дека малце претерав со теорииве али тие се суштината на филмот. Па така сега пак ќе се вратам на стариот Нимо кој на новинарот започна да му ги раскажува двете главни приказни, како два идни правци кои би можеле да го трасираат животот на детето.
• Во првата приказна детето успева да се качи во возот на мајката и да заминат заедно за Канада. Таму таа го запознава со нејзиниот иден маж или јебо што и да беше не е битно, и со неговата ќерка Ана. Ана и Нимо поприлично ќе се заљубат еден во друг, така да овој дел од филмот изобилува со интензивна страст и јаки сексови по цел стан. Е сега од оваа приказна се креираат уште две можни приказни.
o Во првата можна приказна Ана и Нимо останаа заедно, потоа по одредено време се земаа и добија деца. За жал оваа животна приказна не завршува добро за нив, затоа што Нимо враќајќи се од работа, излетува од патот директно во едно езеро, каде што ќе го загуби и животот.
o Во втората можна приказна, таткото на Ана дозна за нивната љубов, по што реши да ја раскине врската со мајката на Нимо. По што со ќерка си се одселија во Њујорк. Нормално заљубениве прилично ги погоди тоа и се договорија да се чекаат кај светилникот покрај морето, т.е Нимо да ја чека Ана кај светилникот секоја недела. Нимо тоа и го направи, упорно ја чекаше, но од Ана ни трага ни глас. За целото тоа време Ана му праќаше писма, кои мајката умешно ги скри. Сега за сега ќе ја завршам оваа приказна, па подоцна пак ќе и се вратам.
• Втората глвна приказна го опфаќа животот на малиот Ннмо со неговиот татко. Таткото е прикажан како инвалид, неспособен да се движи. Иако не е објаснето како се случило тоа, моја претпоставка е дека причината лежи во траумата која произлегла од разводот со неговата бивша жена. Во овој живот Нимо е претставен како мирно и примерно дете, кое единствено има интереси кон учењето. Тој покрај школото работи, се грижи за таткото, и во доцните часови се фрла на пишување на неговиот научнофантастичен роман во кој го опишува своето патување кон Марс. На таткото му стана жал за малиот, кој заради тоа што поголемиот дел од времето го помина во обврски, е лишен од секаква забава и социјален живот. Па така по негова сугестија една вечер Нимо отиде на некаква забава. Како и вообичаено тој бешее повлечен и не разговараше со никого, се до моментот кога една русокоса девојка не му пријде и не го замоли да ја испрати. Всушност девојчето беше скршено заради нејзиниот дечко кој замина со друга, па така Нимо беше првиот кој што го виде и му пријде На почеток делуваше малку збунет, и немаше идеја како би се однесувал, но сепак на крај успеа да ја бакне. Ова е клучна точка од приказната која креираше уште три нови можни животи на Нимо.
o Во првиот случај тој се заљубува во девојката, чие име е Алис. Утрото со својот мотор отиде пред нејзината куќа, меѓутоа глетката не бешее добра. Алис со дечкото кој ја изневери претходната вечер страсно се бакнуваа пред нејзината врата. Нимо се накурчи, си го јавна моторот и почна да пичи со 100 на саат. И дури си ја празнеше нервозата преку брзото возење, неговиот мотор несреќно се излизга и Нимо заврши во дрво. По ова детето падна во кома и повеќе не се разбуди.
o Во вториот случај Нимо пак отиде пред куќата на плавушата и повторно ја здогледа со момакот. Меѓутоа овој пат се реши цврсто да и застане на патот и силно да ја бакне. Сепак девојката само го изрази своето жалење кажувајќи му отворено дека нејзиното срце му припаѓа само на Стефано (мислам дека така се викаше дечкото). Нимо пак се напизди и си го јавна моторот, само што овој пат не падна. И така изнервиран му кажа на татко му дека тој ќе се ожени со првата девојка која што ќе заигра вечерва со него. Така и направи. Отиде на забавата и здогледа една симпатична Кинескиња по име Џин. Тој ја покани да играат и веднаш ја бакна. На враќање накај дома додека бесно го јаваше моторот, а слатката косоока сонуваше на неговото рамо, во себе гласно си разговараше. Си постави неколку цели: 1. Ќе биде многу богат 2. Ќе има голема куќа со жолта фасада 3. Ќе има црвено кабриолет Бентли и 4.Никогаш нема да престане да се труди. По петнаесетина години тоа и се случи, Нимо беше успешен млад човек со фина жена, двајца синови полуазијати и огромна куќа со огромен базен. Впрочем Нимо толку многу се трудеше да успее во овој живот, што заборави да живее. Така тој стана депресивен човек со суицидални мисли. Мисли кои пробуваше многу пати да ги оствари. На крај се реши дека само една паричка, со фрлање петка глава, треба да ја реши неговата судбина. Откако паричката кажа “не” тој да застане пред возот, Нимо се упати кон Аеродромот. Таму еден човек гледајќи го директно извика дали е тој Даниел Џонс. Овој пат паричката кажа “да” и Нимо стана Даниел Џонс. Даниел Џонс беше одреден гопсодин кој што претстојуваше во некаков луксузен хотел. Во моментот кога Нимо реши да се раскомоти
во својата хотелска соба, телефонот иритирачки заѕвони. Од слушалката се слушна нервозниот глас на непознат човек кој панично го извести дека “тие” доаѓаат. За жал овој пат одговорот на паричката беше негативен и Нимо реши да ризикува. Додека си гњуреше спокојно во кадата пред него излезе силуетата на еден дебел човек кој со брзина на светлината му го заби куршумот во глава. Па така и овој Нимо го заврши животот несреќно.
o Во тертиот случај, Нимо успеа на некој начин да ја “прелаже” секси плавушата наречена Алис. И после многу години тие среќно се земаа. Нивната свадба е основа за можни две развитија на настани.
 Кај првото, Алис и Нимо само што го започнаа заедничнкиот живот, судбината реши дека тие не треба да бидат заедно. Нимо со колата застана позади една цистерна. Во истиот момент се случи експлозија која ја усмрти неговата тазе венчана сопруга, а него му остави голема лузна на лицето. По овој настан Нимо одлепи од тага. Тој закачи фотографии од неговата мртва жена низ целата куќа, направи фотосесии со мртви животни и овошја пред распаѓање, притоа враќајќи го целиот процес, монтиран во еден видео клип, наназад. Најверојатно тоа му даде надеж дека еден ден неговата сопруга ќе стане од гробот. Така и овој живот на Нимо заврши несреќно и во самотија.
 Кај второто развитие Нимо и Алис не доживуваат никаква несреќа иако како несреќна е окарактеризирана нивната врска и во оваа ситуација. Алекс е психички лабилна личност, која не може да се грижи за себе ниту пак за децата кои што ги има со Нимо. Таа воопшто не е среќна. Еден ден му соопшти дека причината за тоа всушност лежи во непостоењето било каква љубов кон него, нејзиното срце изгледа засекогаш останало со Стефано. Поради тоа, таа реши да го напушти, а Нимо пак остана сам.

Сега пак ќе се вратам на втората подточка од првата главна приказна. Како што кажав Нимо и Ана се разделија, и изгледа нивното пријателство заврши засекогаш. Меѓутоа Нимо не престана да се надева, не престана да верува дека еден ден пак ќе се сретнат со Ана. Тој наместо да ја заборави, беше опседнат со нејзиниот лик, целата соба му беше излепена со слики од деновите кога тие двајца навистина убаво си поминуваа. Еден сончев зимски ден, Нимо се симнуваше од возот со кој секојдневно патуваше. Тој продолжи низ зградата на железнцата во која многу луѓе влегуваа и излегуваа, доаѓаа и си одеа со возовите. И додека чекореше тивко помеѓу бучната толпа магливи луѓе се издвои една јасна фигура. Тоа беше Ана, Ана на која и посвети 15 години фантазии и мечтаења. Уште при првото гледање тие не се збунија, ниту се двоумеа. Веднаш се фрлија еден врз друг и одново ги создадоа моментите од минатото по кои копнееја долго време. И така после цел ден исполнет со многу секс и љубов, Ана пак требаше да замине. Таа му го остави бројот на едно парче хартија и отиде. А додека Нимо сеуште не можеше да поверува дека пак ја сретна и зачудено гледаше во бројот испишан со хемиско пенкало. Една капка несмасно падна на малото хартивче во раката на Нимо. Капките продолжија да паѓаат, а бојата од пенкалото се растече по прстите. Бројките повеќе ги немаше, имаше само едно исфлекано парче хартија. И така Нимо пак ја изгуби Ана. Оваа сцена од филмот е типичен пример за ефектот на пеперутката. Според оваа теорија една пеперутка од Австралија која полетува и замавнува со своите крилја создава вртлог кој доколку продолжи да се развива во правилни услови може да се претвори во торнадо кое ќе пустоши во Америка. Така Нимо пред 6 месеци се одлучи да го купи поевтиниот пар на фармерки, поради што еден работник во Бразил беше отпуштен од фабриката за фармерки. Тој работник наместо да биде на работа остана дома и си свари јајце. Пареата од јајцето која отиде кон небото се кондензираше и резултираше во силни дождови на другата страна од светот, причината поради која Нимо ја изгуби Ана. Сега вниманието ќе го насочам кон оној Нимо, кој што е облечен во џемперот што го носеа и останатите луѓе кои што живеат во неговиот свет. Всушност тој свет не постои. Постои само во свеста на едно 14 годишно дете кое треба да реши дали треба да остане со мајката или со таткото. Овој Нимо со џемперот, ако можам така да го наречам, всушност го претставува минатото на стариот Нимо, односно Нимо кој ги раскажува приказните. Тој исто така е имагинарен или нереален, односно постои само во свеста на детето. Во еден дел од филмот овие двајца разговараат помеѓу себе преку телевизор. Стариот Нимо му вели: “Моето време е извртено од назад кон напред, јас започнав од крајот на приказната и завршив на почетокот”. Но исто така му кажа дека тој е неговото минато. Се додека неговото време тече напред неговиот свет ќе остане имагинарен или непостоечки, така што ако на работите гледаме од аспект на правилното течење на времето тогаш Нимо со розевиот џемпер е неговата иднина која е сеуште недефинирана и живее во еден недоизграден свет од страна на Архитектот, односно детето. Да се вратиме пак во реалноста, односно во сегашноста, кога детето коешто трча по возот свати дека и во двата случаи ( и со таткото и со мајката) би бил несреќен до крајот на животот или би умрел млад, па затоа реши да не одлучи. Детето се тргна од железничката пруга и истрча во сосема друг правец.Тоа подигна еден лист од земјата и го дувна, а листот се вивна низ воздухот, во непознат правец. По 15 години листот падна во кругот кој што го нацрта Нимо покрај клупата кај светилникот, на која што тој сеуште ја чекаше Ана. Во моментот кога листот падна на земјата Ана влезе во кругот кој го нацрта Нимо, и виде како тој спие на клупата (ова со листот и Ана, повторно го прикажува ефектот на пеперутката). Тие се повторно споени, но овојпат засекогаш. Е сега како последица на овој настан, светот на стариот Нимо стана реален. Во моментот кога Нимо и Ана се споија, се случи големата имплозија или The Big Crunch, за која говорев во теоријата на стринговите и во тој момент започна да се враќа времето за стариот Нимо. Што разбравме од сево ова? Разбравме дека сите овие животи кои ги изживеа Нимо се креирани во свеста на едно дете кое што може да си ја предвиди иднината, во моментот кога трча по возот. Всушност овие животи се поистоветени со универзумот односно функционираат според неговите принципи. Само еден од овие животи можеше да го направи реален светот на стариот Нимо, односно да го активира. Со тоа што беше активиран тој стана реална иднина на оној Нимо кој го дувна листот и засекогаш се спои со Ана. Во истиот тој момент стариот Нимо требаше да умре, но како што кажав световите во свеста на детето функционираат како и универзумот, а бидејќи универзумот не може да умре туку само да престане да се шири и да почне да се враќа наназад. Тоа се случи и со стариот Нимо, неговото време и целиот тој футуристички свет, почна да се враќа наназад.
Филмов беше своевиден хит на форумов и привлече едно чудо филмаџии. Nemo Nobody (Џаред Лето) има неколку паралелни животи кои зависат од одлуките кои ги донесува. Според приказната, истото го имаат сите но Немо e единствен кој е свесен за тоа. На почетокот, Немо е најстариот жител на светот и се навраќа на своето детство и младост. Филмот е премногу заплеткан за да го протолкувате во текот на гледањето, затоа обидете се само да уживате.
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.767
Поени од реакции
33.509
106. Mary and Max (Adam Elliot, 2009)

106.jpg
Овој анимиран филм е приказна за двајца различни луѓе, кои на почетокот не се познаваат, од различни континенти, и кои постепено стануваат најдобри и единствени пријатели. Еден од двајцата главни ликови е Мери која живее во Австралија, има 8 години, никој не и обрнува внимание, дебелка е, и нема пријатели. Другиот лик е Макс од Њујорк, има 40-тина години, тој е евреин, дебел, атеист, не се снаоѓа во општеството и нема пријатели. Приказната ја следи нивната комуникација преку писма, созревањето на Мери и стареењето на Макс, развојот на пријателството, преку кое се отворени многи интересни теми од животот, и сето тоа проследено со одлично сценарио и одличен хумор.​
Според мене, можеби најдобриот анимиран филм до сега направен, единствен недостаток е што е недоволно рекламиран, а најдобар за 2009, барем до сега.

10 од 10 (од мене)
8,9 од 10 (моментален просек од imdb, rottentomatoes, allmovies, mrqe)
Mary and Max
Изненадувачки тажно сценарио за еден анимиран филм, кој бај да веј е доста креативен и има одлична оригинална приказна. 10 од 10
Последниве неколку месеци гледав доста добри анимирани филмови: Up, Ratatouille, Wall-E(од малце поодамна), воодушевен бев од сите нив да, ама од никој како овој за кој ќе пишам кратка рецензија.


Значи филмов дефинитивно е најдобриот анимиран кој сум го гледал некогаш. Да не се разбериме погрешно, анимацијата и ликовите се океј на ниво, прикажани се доста уникатно и необично, но сценариото е тоа што го прави филмов уникатен и одличен. Врв.

Црн хумор, сатира, иронија... све во едно, склопено на генијален начин. Отпрвин мислев дека ќе гледам цртан филм првично наменет за помладата публика, да речиме под 15 години. Не, филмов е како и за нив (иако нема да сфатат повеќе од 50 посто од шегите), така и за релативно постарата публика (не над 50).
Јас сум просто воодушевен, дефинитивна препорака.

Некаде прочитав дека бил правен според вистинска приказна. Причина плус да го гледате.:)

10/10.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.767
Поени од реакции
33.509
105. Rear Window (Alfred Hitchcock, 1954)

105.jpg
Конечно најдов време да го изгледам најфалениот филм на Хичкок. Филмот е еден од оние кој мора да се изгледаат. Човек со скрешена нога кој радиусот на движење е само неговиот стан, време во кое поимот интернет уште не ни бил спомнен па така за да ја убие досадата решава да погледне низ неговиот прозор кој има фантастичен поглед кон становите од спротивната страна , а и така фантастичен поглед на животот на луѓето, рутините, проблемите , ја гледа целата драма што се случува во нивниот живот. Едноставно кој колку и да негира мора да има момент кога го заеинтересирало за животот на другите, само да не стане тоа опсесија. Така секојдневно да ги шпионираш соседите ќе откриеш дека претставата дека се најсовршени кои ја глумат пред другите комшии е само лага, секој си има свои проблеми и тајни. Од кои некои тајни не треба ни да се откријат.
Глумата беше доста добра , посебно ми се допадна глумата на главниот лик и карактерот на неговата негувателка, а најмногу од се ми се допадна Грејс Кели аххх :wub:
Ќе му дадев 9ка на филмот, но заради Грејс Кели 9,5 :)
Прекрасен филм, не се сеќаваат двата саати. Јас многу одамна ја имам гледано модерната верзија со Кристофер Рив и го знаев главното дејство на филмот (некои клучни детали се изменети), ама сепак ме држеше цело време во неизвесност.

Професионален фотограф се здобива со тешки повреди при работа на тркачка писта, заработува лонгета по должина на целата нога и е закован сам во својот стан, за време на топлотен бран. Бидејќи се 1950-тите а фотографот не е нешто заинтересиран за литература, тој деновите ги минува во набљудување на своите комшии, кои за да зграпчат малку свеж воздух, целосно ги отвораат своите прозорци и венецијанерки и му ги нудат на тацна своите животи на нашиот воајер. Друштво во текот на денот му прават негувателката задолжена за него од осигурителната компанија, неговата девојка, интерпретирана од Грејс Кели :love: и неговиот стар другар од војска.

Заплет не ви кажувам, не гуглајте, ниту пак гледајте трејлер, верувајте во мајсторијата на Хичкок симнете си го во ХД и уживајте.
Според мене еден од најдобрите филмови на Alfred Hitchcock долго време го барав со добар квалитет, го гледав пред некој ден и сум воодушевена.
Ќе кажам само на кратко за што станува збор: Џеф е успешен фотограф кој има скршена нога и е на домашно лекување. Досадата ја убива така што ги набљудува соседите од прозорецот на неговиот апартман. Еден ден ќе забележи нешто невообичаено и тука настанува заплетот.
Вреди да се гледа.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.767
Поени од реакции
33.509
104. Hachi: A Dog's Tale (Lasse Hallström, 2009)

104.jpg
Филм снимен според вистинска приказна, филм за тоа колку голем дел од животот на еден човек може да стане едно куче, но уште повеќе за тоа колку еден човек може да стане важен во животот на едно куче.

Хачи по долго патување од Јапонија до Америка конечно се ослободува од својот кафез и завршува во рацете на Паркер (Ричард Гир), од тој момент тие се речиси неразделни, се додека еден ден смртта не ги раздели, но Хачи не губи надеж дека еден ден повторно ќе биде во друштво на неговиот најдобар пријател.

:place:
Si rekov, pf Ricard Gir i kuce vo film? Auuu kakov film, ne ocekuvav! Nemam placheno na film volku ne znam ne pamtam od koga, ama filmot e fantasticen osobeno ako ste ljubitel na kucinja.Ne kazuvam nisto za filmot a i da najdete informacii na net veruvajte mora da go gledate.Samo ke kazam deka e bazirano na vistinska slucka vo Japonija i toj fakt ve tera da ste uste poemocionalni.Fantasticno filmce koe eve cel den me drzi vo miks na taga i radost , melanholija i mala depresija.
Прекрасен филм во кој е опишана љубовта која човек може да ја има кон куче и куче која може да ја има кон човек, повеќе ова второво. Со Ричард Гир во главната улога. Филм направен според вистински настан во Јапонија. Сите кои се љубители на филмови со кученца и на емотивни филмови обавезно да го гледаат, ако го немат :)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.767
Поени од реакции
33.509
103. Mulholland Drive (David Lynch, 2001)

103.jpg
Го гледав по препорака на Syn. Љубител сум на делото на Линч, незнам како овој сум го пропуштил. Прво што може да се забележи е дека се користени елементи од Твин Пикс. Серијава дури и беше пресудна за најдраматичните 8 епизоди во која било тв серија некогаш. Црвената завеса е изгледа заштитен знак на Линч. Од тогаш почнав да го простудирам режисеров.

Само изопачен ум може да направи вакви дела. Сепак, пред се' е премногу специфичен. Филмовите на Линч или ги сакаш премногу, или премногу ќе ги мразиш. Кога ќе даваш оценка, или таа е 1-2, или е 9-10.

Mulholland Drive на почетокот ќе ви изгледа како обичен трилер, како некоја сообраќајка се дешава и притоа девојката добива амнезија. Добро, првите 20 минути држат таква теорија, но после доаѓа нешто друго. Филмов изобилува со неверојатна глума. На моменти ми се згрозува од аголот под кој се претставуваат ликовите и како се класифицираат.

За гледање на филмов е потребна сто процентна концентрација и сто процентна работа на мозокот. Не смеете да прескокнувате сцени и да ги премотувате понапред. Некој рече дека приказната е како рубиковата коцка, затоа е малце потешка да се разјасни.

За да издвоите време за ова ремек дело ви се потребни 5 часа. 2 и пол за да го гледате, и уште 2 и пол за да размислувате за него. И како препорака - гледајте го со некој поинтелигентен другар, само така ќе биде поинтересен. Го сфатив кај беше почетокот, средината и крајот. Уште некои детаљи не ми се јасни, но деновиве ќе седнам, ќе прочитам и ќе го премотам пак за да ми се разјаснат.
Тој што го гледал и сака да поразговараме малце за филмов, нека ме контактира без разлика дали на профил или пп или мсн.
10/10
Го изгледав вечерва Mulholland Drive, и затоа што сум под огромни импресии од ремек-делото, без размислување му давам 10/10. А во меѓувреме читам рецензии, теории и објаснувња на ИМДБ и тука на форумот што претдохно се пишувало.

Можеби кога ќе ми спласнат импресиите ќе му дадам и помала оцена.

Така, во последните неколку месеци дружење со Линч, од неговиот опус на играни филмови ми останаа уште Eraserhead и Inland Empire.Твин пикс ќе ја изгледам наредната година заедно со играниот филм за истата, имам од серијата изгледано некоја епизода на времето кога ја даваа на некои локални тв, но тоа не е вистински гледање


Кога беше оваа сцена и јас како и прекрасната Наоми се стресов, неповторливо:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.767
Поени од реакции
33.509
102. Dogville (Lars von Trier, 2003)

102.jpg
Филм кој долго време се канев да го гледам, и на тој чекор се одлучив веднаш по препораката на Psyside (y)

Не знам дали некогаш сум гледал нешто слично на овој филм. Филмот е предолг, а дејствието многу споро....Fantastic :LOL:
Филмот претставува една freaky обзервација на однесувањето на човештвото, во случајов во едни екстремно сурови услови во мало гратче, хмм...уствари селце goddammit, со едвај 20 жители!
Токму во тоа селце завршува Grace (Nicole Kidman :love:) бегајќи од своето минато, убедена дека тука ќе го пронајде мирот кој го бара. На почетокот граѓаните (селаните де) од нејзе бараат да им помага во секојдневните работи како замена за тоа што и овозможуваат засолниште, но како што поминува времето "добродушните" селани го покажуваат своето вистинско лице.
Морам да ја пофалам сценографијата на филмот (кој го гледал знае за што зборувам), за која на почетокот си мислев, oh no, the whole movie is gonna be like that...ама крајниот впечаток е многу позитивен.
Освен тоа што е тежок за гледање, филмов е во голема мера застрашувачки, и дефинитивно ќе ве натера да размислувате за природата на човековото однесување, and for all the Dogviles out therе...
Актерската екипа е навистина одлична, а морам да го спомeнам и името на режисерот на филмот Lars von Trier (The Nazi :)), extra credits to him.
This time the last will be the least...Оценка 8/10 (Колку да се разликува од трите други филмови погоре)
Гледајте го Dogville, ако сакате европска кинематографија, уникатен и забеган филм:)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom