Последен гледан филм со кратка рецензија

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Surf's Up (2007)

ИНтересен цртан за еден амбициозен пингвин сурфер. :)

Номиниран за Оскар во 2008 (заедно со Persepolis и Ratatouille, кој го освои).

Иако приказната е клише, стандардна формула која сме ја виделе повеќе пати, она што го прави уникатен и поради што вреди да се гледа е идејата да се сними како документарец, како и прекрасната анимација (изразите на лицата на пингвините, водата изгледа многу реално, како и други детаљи).

Одличен voice-acting (Шаја Лебф, Зои Дешанел, Џејмс Вудс, Џеф Бриџис кој допринесува неговиот лик да изгледа кул :) ), што се должи на тоа што (скоро) сите глумци своите гласови ги снимале заедно.
Има интересни ликови, кои придонесуваат за добар хумор, а направен е и добар избор на песни...

6.9 / 10
 
MV5BMTc1OTQzNzE0Nl5BMl5BanBnXkFtZTcwNDU4NDk3Mw@@._V1._SY317_CR0,0,214,317_.jpg


Одлична комедија со необична приказна - после сообраќајка во која умираат родителите на Софи,старателството го добиваат двајца нивни најдобри пријатели,кои се во лоши меѓусебни односи.Заради Софи,сега тие мора да живеат во иста куќа и да бидат родители :)

10/10 поради тоа што е втор филм од 2010 кој ме насмеа
 
ispitl.jpg

Не знам дали е добар или лош филм, ама дефинитивно е тензичен во поголемиот дел од времето.
Наназад мислам некој имаше дадено рецензија, но еве и една од мене.
Станува збор за млада девојка - писателка која ќе отиде во една куќичка за да ја пишува својата нова книга. Меѓутоа наместо да ја напише новата книга,
таа е силувана и измачувана од 5 мажи кои мислат дека умрела. Една година подоцна таа ќе се врати по својата одмазда.

Вреди да се гледа, меѓутоа 8/10 е доволно за филмов мислам:)
 
Never let me go

never-let-me-go-poster.jpg


Приказна за едно посебно "училиште" или организација како било, која креира деца со цел кога ќе станат доволно возрасни да ги донираат своите органи. Не се третираат како човечки суштества, туку како еден вид на роботи кои немаат душа и живеат само за да им "послужат" на други и целиот нивни (краток) живот им е предодреден.

Филмот се фокусира на љубовен триаголник, кој во пообични услови би била една океј драма. Не успеав да го надминам фактот дека идејата е глупава и да се внесам во трагичниот тек на приказната.

6/10
 
Let me in (2010)

Значи кога мислев дека Твајлајт е најголемото вампирско срање што е издадено, се појави филмов и ме демантираше. Добро, режисериве што снимаат вакви вампирски филмови, го погледнале некогаш Интервјуто со вампирот?
Нешто неспојлеровски да речеме, мало момче кое го малтретираат на школо се спријателува со девојче вампир кое се преселува во блокот згради. Работава е што ќе се роди љубов помеѓу нив па после во филмот не следува ништо ново, се` веќе видено и веќе чуено. Се прашувам навистина како овој филм има 7.3 оцена на имдб, а интервјуто со вампирот има 7.5?
Многу лош филм според мене, го гледав само затоа што немав струја саат време а батеријата на лаптопот ми беше полна, инаку ќе го исклучев на пола. Друг пат ќе тепам досада на поинаков начин, си ветив на себе.

Оцена, 2/10, оваа двојкава да кажеме зошто музиката беше малце интригантна и напната на почетокот.
 
Прва рецензија од мене, не сум баш многу по овие работи, али ај.. :)

f01ea_making-the-desktop-wallpaper.-part-364.jpg


The Tourist

Филмов е римејк на францускиот филм Ентони Зимер од 2005 година. Франк е американски турист кој ја посетува Италија за да се излекува.
Елиза ќе го искористи неговото патување за да си ги исполне своите цели. Франк се вљубува во неа, но наскоро ќе сфати дека порази нејзе се наоѓа во невоља. Со тек на време и двајцата ќе сфатат дека се само пиони управувани од човек на кој главна цел му е да си ги врати загубените пари.

Едитирано од џимеј - немораше да го раскажиш.
 
The King's Speech

Кога некој ќе ми спомне историска драма(значи само драма,без никакви трилер мистери моменти) за нешто од минатиот век ,веднаш ме асоцира на филмови како Шиндлерова листа,Пијанистот,Животот е убав и др. филмови во кои се прикажува нешто(како храброста,љубовта,хуманоста,упорноста) што вреди да се спомне преку некои животни приказни.Но овај филм е сосема нешто друго.
Прво и основно ова не е тензична драма,се што се случуваше има некој тек како во документарните филмови,само единствена разлика е што во филмов грумат професионални глумци.
Значи лагана атмосфера,историска драма,музика што се поклопува во целиот склоп и приказна за британскиот крал Џорџ 6ти,чија говорна мана е единствената пречка во неговиот живот за да може да функционира нормално како ројалист.Целиот филм се сведува на тој проблем(како и времето во предвоена европа) и како Алберт(подоцна Џорџ 6ти) преку помошта од сосема обичниот доктор(иако неможе да нарече така) Лионел пробува да ја премине таа пречка.
Колин Фирт глуми сосема солидно ,и баш му е погодена улогата на Алберт а исто и Џефри Раш во улогата на неговиот доктор како и Хелена Бонхам во улогата на неговата сопруга.
Па доколку некој од нив освои оскар ,тој бил сосема заслужен.
Мое лично видување околу филмов е тоа што како целосен проект е успешен но и покрај 12 номинации за оскар (без разлика колку ќе освои)не е филм кој ќе остави длабоки траги во филмската индустрија како и во драма жанрот.Единствено што би ми останало во памет(и по што ќе се сеќавам на филмов)покрај глумата на Фирт е сцената во паркот и сцените со вежбите .


солидна 8ца.
 
Antichrist (2009)

Би го ставил во жанр да речеме нешто како психолошка драма.

Брачна двојка по загубата на синот пробуваат да се соочат со болката. Жената поради депресија е во болница на почетокот но нејзиниот маж којшто е терапевт предлага дома да ја однесе за да и помогне лично тој во лечењето. За да ја соочи со нејзините стравови мажот предлага да одат во нивната колиба во шумата каде ќе се одвива најголемиот дел од филмот. Тука ќе застанам со описот, останува сами да погледнете понатаму.

Филмов ми се допадна имаше неколку уметнички сцени, исто така имаше и доста напнати сцени. Би му дал оценка да речеме 8/10
 
Robin Hood (2010)

Една страна поназад Рок'н'ролаа има напишано рецензија која тотално го опишува филмов во глобала,за жал јас се надевав на филм кој малце ќе е вон просечноста али се излажав.
Најверојатно ова ми беше 11иот или 12иот гледан филм режиран од Ридли Скот ,и слободно можам да кажам дека од сите тие 12 овај досега е најслаб.
Недореченост во секој поглед,од дупки во приказната,до слаба хемија меѓу актерите па до битките полни со клишеа и за на крај приказна сосема поразлична од онаа што сте ја слушнале/виделе/прочитале за Робин Худ. Сосема непотребен филм со ептен добри актери.

5/10 после гледање на филмов се си мислам дека Робин Худ во предходниот живот бил Максимус.
 
Bridget Jones's Diary

Девојка во 30-тите години од својот живот, без партнер, во очај живее мислејќи дека не ја бива за ништо и се` што ќе фати го упропастува. Нејзините родители постојано се обидуваат на сите заеднички вечери да и` „наместат“ нешто. Интересна љубовна приказна, онака за студените зимски ноќи, добро поминато време. :) Оценка 6/10.

Life As We Know It


Драма која ме натера и да плачам и да се смеам. Патетично да, ама си плачам на филмови, дури и од ваков тип. :pos:
Станува збор за брачна двојка која загинува во несреќа и го остава своето бебе на своите најдобри пријатели. Останатото останува на вас да погледнете. 6/10 и за овој.

Secret Window

Џони Деп е прекрасен во филмот. Содржината не ме импресионира нешто особено ниту пак начинот на кој течеше приказната. Можеби затоа што сум гледала еден куп такви филмови, психолошки трилери кои ја имаат истата цел, а биле далеку подобри. Просечно онака, доволно да задржи внимание до крај. Заради Џони Деп и пристрасноста 7/10.

Megamind

Многу ми се допадна главната идеја и поентата на филмот.
Одлична анимација, приказната за борбата меѓу доброто и злото е актуелизирана, повторно е популарна и тоа на многу оригинален начин. Наметнува дури и дилеми од типот дали судбината ни е однапред одредена или се` во животот е прашање на личен избор, одлично е претставено тоа како љубовта знае да биде мотивација за многу постапки на луѓето, да ги натера да сфатат што вреди, а што не. Ликовите и карактерите прекрасно изработени, движењата и акциите доведени до перфекција. Еден од најдобрите анимирани филмчиња што сум ги гледала 10\10. :)
 
Последен го гледав Hostel интересен филм ви го препорачувам на сите

Тројца другари шетат низ светот и во Амстердам еден тип ќе им препорача да одат у Словачка, и там почнува забавата или пеколо как сакате :)
Нема да зажалате ак го слегнате, интересно филмче од мене има 8/10.
 
Due Date

Due_Date_5.jpg


Мноогу јака комедија, убаво се изнасмеав... Robert Downey Jr. и Zach Galifianakis се одлична комбинација

Peter (Robert Downey) треба да стигне во LA за 5 дена поради пораѓањето на неговото дете, од моментот кога ќе го сретне Ethan (Zach Galifianakis) почнуваат проблемите, двајцата се ставени на "no-fly" листата па единствената опција им е да патуваат заедно со кола... Има ептен смешни реченици и моменти, можам да ја ставам во најомилените комедии заедно со The Hangover. Гледајте го! :vozbud:

Оценка 8/10
 
Adaptation (2002)
Comedy - Crime - Drama

Филм за еден писател кој му се обраќа на својот брат близнак за помош при пишување на сценарио според книгата на Susan Orlean "The Orchid Thief"
Во книгата се работи за опсесијата на еден човек (John Laroche) со ретките видови на орхидеи и нивните лековити способности. Орхидеите се забранети за собирање поради нивната реткост, но тоа не го спречува Laroche да направи кривично дело за да дојде до нив. Susan Orlean ја пишува својата книга при средбите со Laroche и до некаде и таа станува опседната со неговите идеи... Сето ова Charlie Kaufman (Nicolas Cage) треба да го пренеси во сценарио за филм, но се сретнува со потешкотии во текот на филмот...

Оцена - 9/10 :smir:
 
The Green Hornet 2011

the-green-hornet.jpg



Разгалено богато момче, Брит Рејд, по смртта на татко му останува сам и не знае што да прави со себе, тогаш го запознава својот пријател Кејто кој е маафака за технологија и боречки вештини...

Ептен ме бендиса филмов иако го гледав во подобрена кино верзија, сепак ќе почекам и двдрип за да може асално да ги видам ефектите, а ги има бајаги. ;)

Оцена 9/10... ради една работа, ама не ви ја кажувам да не откривам повеќе. ;)
 
Bedazzled

MV5BMTc2ODI5NDg3NF5BMl5BanBnXkFtZTcwMzU4NzgyMQ@@._V1._SY317_CR5,0,214,317_.jpg


Филмов го немав гледано (за чудо). Ми го препорачаа како јака комедија, па да си пишам малку мое мислење сеа од кога го изгледав.
Брендан Фрејзер од секогаш знаел да ме изненади со добрата глума, покажа и тука. Очекував комедија, добив добра приказна, со добра поука, и за жал многу клише делови, но тоа не ми го трга доброто мислење за филмчево. Само за девојката (не за Лиз, таа беше перфектна во улогата) можеле да изберат некоја посалам глумица, ептен вештачки ми делуваше на моменти.
Како и да е, Едноставен човек, без пријатели, со обична работа што ја мрази, долго време е заљубен во колешка која не ни знае дека постои. Животот му е едноставен и прост, секој ден истото, се дури не се појави во неговиот живот
The Devil himself (во овој случај herself).
Склучуваат договор, и тогаш почнуваат авантурите, кои полека но сигурно ќе му станат животни лекции.
Не сакам да го раскажувам дејствието, не е ни тоа поентата на темава, па ќе кажам тој што го нема гледано, нема да му биде залудно потрошено времето на филмов.
Од мене 6.5/10
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom