КАЈГАНА ТОП 250 (read only)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.103
Поени од реакции
37.565
146. The Pianist (Roman Polanski, 2002)

146.jpg
Извонреден филм кој може да се носи рамо до рамо со Шиндлеровата листа. Роман Полaнски убедливо не води до чувство на револт и бес и не прави немоќни пред силата на човечкото лудило. Ни влева чувство на несигурност од сопствениот вид... од самите себе. Никој не може да помине низ животот на тој што секојдневно живеел во голгота на ужас, болка и неразбирање на реалноста. Животот во надеж која е безначајна кога се полнат возовите чиј правец е единствено кон смртта. Никој од нас не може да се поистовети со некој од ликовите, никој не може да влезе во нивната кожа, да го разбере нивното однесување, да го почувствуа нивниот страв... Гледаме немо кон историски факт од кој сите се грозиме... а кој нашиот вид го изврши. Филмот е еден историски документ за воените години во Варшава... еден од најпогодените градови. Еврејската заедница е наполно уништена на крвнички и крајно безчувствителен начин од нацитичка Германија... Еден млад пијанист, по име Владислав Шпилман, успева да побегне од колективното депортирање и започнува борба за опстанок во Варшава. Испреплетено низ повеќе случувања, добиваме слика за изгубениот соживот на полскиот народ со Евреите, појавата на првите струи на револт против окупаторот како и негирање на општото убедување за ѕверството на германците.
Само што го изгледав филмот и навистина сум импресиониран, два ипол часа навистина не ми беа ѓабе потрошени на едно вакво ремек дело. Делото на Роман Полански навистина ме остави без здив, дури да го пофалам дека повеќе ми се допадна и од „Шиндлерова листа“ кој заради истата тематика ми траеше малце повеќе часа а со тоа и малце умор ми нанесе, а овој преубав, скроз таман за оваа тематика. Всушност преубава приказна како неговата љубов кон пијаното го однесе до неговата цел, ги помина сите непријатности и невољи кои им беа нанесени на Евреите.

9/10 :pipi::pipi:
Незнам дали филмов по 2 или 3 пат го гледав ама дефинитивно заслужи...Перфектни 2 и пол сати од мојов ден ги потрошив на филмов.Одлична глума на Адријан Броди(сосема заслужен оскар) кој толкува пијанист евреин, кој заедно со неговото семејство ке се најде во Варшавското гето за време на наци периодот...најверојатно сите го имате гледано но сепак вреди да се гледа 2 пати :)

10че(без протекции)
The Pianist (мислам дека ми трет пат)
Polanski дефинитивно знае како да раскаже приказна, биографска сторија за пијанистот Шпилман слична на Спилберговата култна Шиндлерова листа за егзодусот на Евреите во текот на втората светска војна. Костимографијата, сценографијата, музиката и според мене фотографијата во филмот се извонредни (три освоени оскари).
Мене ме остава нихилистички расположен после секое гледање.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.103
Поени од реакции
37.565
145. Amadeus (Milos Forman, 1984)

145.jpg
Филм за животот и творештвото на Моцарт. Филмов е вистинска уметност, мешавина од музика и ставови за животот. Моцарт „кретенски“ претставен како карактер, од друга страна еден завидлив и љубоморен музичар што се чуди како таков идиот може да прави таква музика. Има и доста хумористични елементи, а и ќе ве натера да ја засакате класичната музика. Оценка 10/10.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.103
Поени од реакции
37.565
144. Prisoners (Denis Villeneuve, 2013)

144.jpg
Одличен, одличен филм. После подолго време еден крими/трилер кој ја држи неизвесноста и барем овој пат не погодив на сред филм кој е убиецот. Според приказна не се истакнува со ништо посебно во однос на други трилери од ваков тип. Според глума, само Mystic River е тука некаде. Фантастична актерска екипа, максимално одработени улоги, секоја чест.

Да одам ред по ред и кратко: приказната е видена многу пати, киднапирање и трагање по негативецот. Но не е во стилот на Liam Neeson, нема да гледате акција, бомби и експлозии, туку ќе гледате низ што поминуваат семејствата и како несреќата ги менува луѓето од корен. Тие што ја гледаа The Killing знаат за што зборувам. И да, врне и овде повремено.

Хју Џекмен после филмов, ако некогаш имаше некакви сомневања, сега и дефинитивно влегува во топ 5 машки актери на мојата листа (Останатите се Ал Пачино, Роберт ДеНиро, Едвард Нортон и Ентони Хопкинс). Значи човекот е невиден професионалец кој се жртвува за улога. Ова ќе ви стане јасно уште по втората/третата сцена кога е го видите блед, ненаспан, исцрпен, и знаете дека многу мал дел од тоа е шминка. Ова му се најдобрите години и се плашам дека ќе го одмине Оскарот кој го заслужува затоа што секоја година има одлични улоги. Мариа Бело и Виола Дејвис за минутажата која ја имаа беа одлични во улогите на мајки кои се скршени од загубата. Филмот патем трае прилично долго и не ќе беше лошо тие две да имаа повеќе сцени на сметка на нешто друго. Теренс Хауард многу го почитувам од улогите во Crash и The Ledge и ова беше улога како створена за него. За Дони Дарко нема да јадам бурек многу, мислам дека можеше многу подобро ама ок.

Ми се допадна некои сцени на почетокот а и подоцна во кои дијалозите се многу поблиску до нешто што реално би зборувале луѓе, не фенси дијалози кои течат како подмачкани туку нормален муабет. Може да се најдат доста забелешки во содржината како и при секоја истрага но нема некоја посебна причина за претерување. Освен сцената со змиите, пошто Дарко стварно се понашаше како да има мачиња околу него.

Реков веќе, не е така динамичен посебно при крајот, предолг за ваков тип на филм во секој случај. Но кој чека ќе дочека, и тука би сакал да го мотивирам wot да издржи:


:vozbud:

8/10 од мене пред се поради глумата.
Филм со Хју Џекмен (останатите не се битни​
:D
)
.
Ден на Благодарноста, Келер Довер (Џекмен) со својата фамилија оди до кај соседите (Фамилијата Бирч) заедно да го прослават празникот. Додека траат подготовките за вечерата, Келер и Френклин ги пуштаат своите девојчиња да играат надвор. По некое време сваќаат дека децата ги нема, и почнуваат со потрагата за нивно најдување. Целата полиција во градот се заангажирува да ги најдат девојчињата, а главен осомничен е еден ментално заостанат човек.​
Можеби дејството на филмот трае пребавно, нема специјални ефекти, и на моменти ќе ве фати дремка, ама доброто во овие 2 ипол часа колку што трае филмот е што до крајот не се знае кој ги киднапирал децата.

ИМДБ оценка - 8.1/10
Моја оценка - 7.0/10 пред се заради бавното дејство на филмот

Морам да напоменам дека има интересен крај (y)
Обично кога филм има добар трејлер, се навикнав да не очекувам многу од филмот. Мило ми е што тек тук ме порекнуваат некои филмови, филмови како овој.

Филмот започнува кога Келер Довер ( Hugh Jackman )- обичен татко од предградието - и неговата фамилија го прославуваат денот на благодарноста во куќата на Френклин Бирч ( Terrence Howard ). Кога ќерките на Довер и Бирч тргнуваат назад во куќата на Доверови, никој не ни помислува дека тоа е последен пат што ќе ги видат. Детективот Локи ( Jake Gyllenhaal ) кој има 100% учинок на решени исчезнати случаеви е водечкито детектив на оваа истрага. Главниот осомничен е ослободен поради не доволни докази и ниво на интелегенција на 10 годишен што го отпишува од луѓето доволно свесни за да извршат такво дело. Довер и Бирч ги земаат работите во свои раце.

Еден од подобрите крими трилери што излегле последниве години. Искрено не знам за лоша улога на Теренс Хауард, па така е и во овој филм. Можеби нема многу време на екранот, но тоа што го има го глуми перфектно. Помеѓу Гиленхол и Џекман искрено ми е тешко да одлучам кој даде подобра глума. Дефинитивно ќе го видите Гиленхол во непрепознатливо светло, додека за Џекман, добар начин да ја продолжи кариерата после Оскарот, што според мене заслужува да добие номинација и за оваа улога :)

Филмот си има оцена 8.1/10 на IMDB и комплетно се согласувам со неа. Не е чиста 10ка поради глумата на остатокот од екипата ( со чесни исклучоци ). Ќе видете ликови што сте навикнале да ги гледате во такви улоги, што мене искрено ме нервира. Оние со подобра интуиција и перцепција можеби ќе претпостават за негативецот, меѓутоа и покрај тоа филмот ќе ве држи во неизвеснот ;) Завршетокот иако според многумина е лош, за мене е на место и можам да сватам зошто е избран тој, но тоа не значи дека морам да го сакам :)

Overall дефинитивно вредни 2 часа и 30 минути. Лесно би го ставил на рамниште со " Mystic River ".
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.103
Поени од реакции
37.565
143. Slumdog Millionaire (Danny Boyle, Loveleen Tandan, 2008)

143.jpg
Ова не е обичен филм. Ова е ремек дело.
Јас сум фасцинирана.
Одлична, прекрасна и реална приказна. Глумците скоро сите се млади и надежни, за кои ние прв пат слушаме, а нивната глума за 10ка. Локациите каде е сниман филмот се одлични.
После гледањево на филмов си велам само колку различни сваќања има во светот. Живееме во свет којшто парите го вртат. А со филмов се докажува сосема спротивното. Се е џабе ако љубовта ја нема.
Приказнава ве остава без здив. Ние тука сме толку незадоволни, коментираме за се и сешто. Го немаме новиот модел на мобилен, ги немаме новите адидас патики, сакаме нов компјутер, сакаме да шетаме постојано, не ги почитуваме родителите доволно и постојано сме незадоволни сакаме повеќе. А ние имаме можеби и премногу. А губиме, ги губиме човековите вредности.
По филмов се гледа некои луѓе немаат едноставно ништо, но она за што се борат во животот е љубовта. Покрај се низ што помина Џамал во животот беден, сиромашен, питачење, смртта на мајка му, тргнувањето на брат му по лош пат ... сепак остана чесен, искрен и со желба за живот. Само заради неа :pipi:
Се пријави на најгледаниот квиз само заради неа, за таа да го види, срце бе :)
А освоени пари не му значеа ни најмалку.
И најубавата сцена беше на крајот кога ја бакна, по лузната која и беше направена за него.
Многу малку е потребно за среќа во животот. Ако се бара премногу никогаш нема да се почуствуваме среќни, затоа што таа ќе е околу нас ама нема да ја гледаме.
Доволно би било после гледањево на филмов поука да извлечеме и барем малку да се пронајдеме во Џамал.
Филмов сигурно ќе го гледам уште неколку пати.
Не му давам 10ка.
Зашто тоа е премалку :)

Али затоа ова давам :)
Филмов ми направи лавиринт од емоции во мене. Приказна за трагична и тажна судбина на еден млад 18 годишен дечко од Индија, кој по силом прилике се пријавува на Милионер и доаѓа до 14 прашање. Полицијата го распитува, се сомневаат дека мами, затоа што нема никакво образование. Во меѓувреме додека трае испитувањето тој објаснува како ги знае прашањата, а притоа и ја раскажува неговата животна приказна.

Прекрасен филм. Едноставно прекрасен. Трогнува.
Slumdog Millionaire - филм вреден за оскар и филм што мора да го гледате(приказна за индиски тинејџер кос учествува во квизот кој сака да биде милионер, и преку прашањата и одговорите се навраќа на случки од минатото)

8.7/10
Е ова е филм! И време беше да се види нешто што навистина е добро.

Животот на сиромашниот и необразован Џамал кој се бори да стане Милионер на познатиот квиз, при што е обвинет за лажење и измачуван во една полициска станица во Бомбај. Вистинска и страшна животна приказна исполнета со беда, мизерија, несреќа, болка, страдање... и љубов!

„Џамал Малик е на едно прашање од можноста да стане милионер. Како му успеа?

А. Со измама
Б. Имаше среќа
Ц. Тој е генијалец
Д. Така било пишано


Не пропуштајте. Од мене, чисти 10/10. Ремек - дело.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.103
Поени од реакции
37.565
142. Amélie / Le fabuleux destin d'Amélie Poulain (Jean-Pierre Jeunet, 2001)

142.jpg
Ова е првиот француски филм кој го гледам, и искрено сум уште под импресии на филмот. Предобра лајт фотографија, одлична релаксирачка музика, вонвременска љубовна сторија. Капа му симнувам и на режисер, и на сценарист, и на цела актерска екипа.
Го имаат гледано многумина од овде, па бесцелно е да рецензирам.
Оut-of-the-box комедични филмчиња. Овие ми се последни гледани. Amelie не ми беше гледан и се чуствував како само уште јас да сум останал. Доста позитивно, онака симпатично филмче. <3 Големата слика е duuh! љубов, на која неописливо-прекрасната Audrey Tautou ќе наиде додека се обидува да помогне на одредени луѓе околу животот. Фотографија, музика, глума, приказна.. опфатено & квалитетно. Дефинитивно во топ5 неамерикански филмови. Топла препорака.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.103
Поени од реакции
37.565
141. The Deer Hunter (Michael Cimino, 1978)

141.jpg
Што и да би пишеле за филмов би било излишно додека не се изгледа. Не би го опишале во една, две реченици. Вакво ремек дело може само да се доживее. The Deer Hunter е безвременски филм. Многумина досега го гледале... а оние што дозволиле да го остават за понатака, нека не ја прават таа грешка. Ретко се раѓаат вакви филмови и во првата прилика, одвојте маклу повеќе време и изгледајте го. Must see.
Еве пред некој ден го гледав омилениот филлм на Нортон, The Deer Hunter. Феноменален филм.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.103
Поени од реакции
37.565
140. The Prestige (Christopher Nolan, 2006)

140.jpg
Пред некое време завршив со читање на "Престиж- Кристофер Прист" . Прекрасен роман кој претставува жестоко уверлива приказна за освета и илузиите.

Вчера го изгледав и филмо, кој исто така е нешто прекрасно.
Не сакав да го гледам филмо, пред да ја прочитам книгата, но во овај случај мислам сеедно е .
Многу филмо не се држи според книгата, па сепак и нормално е тоа. Во книгата има толку многу настани што во 130 минути тешко е да се прикажа. затоа направена е нова конецпција, што ќе се задржи на основната приказна а останатото ќе се промени. Но како и да е јас бев воодушевен од филмо, онолку колку што бев и од книгата.
Можеби мене ми беше полесно да го сфатам филмо, поради тоа што ја имав прочитано книгата, но сепак мислам дека доколку пажливо го гледа филмо, секој че разбери.
Финтава е шо се преплетува сцени од сегашноста и минатото, што може да ве збуни, но не толку многу да не можите да го разберите.
Крајо че ве остави без зборови, и можеби ќе посакат уште еднаш да го изгледате.

Содржината:
Се работи за двајца магионичари, кои еден настан ќе ги раздели и секој ќе тргне по различен пат, НО и секој ќе сака да му го уништо патот на другиот.
Обожавам вакви филмови, поради тоа што ниту еден момент не те остава да речиш "досадно е, дај да забрзам". Во овај филм можеби ќе посакаш да вратиш назад , но никако да забрзаш.
Кој го нема гледано, еве предлог да ужива 130 минути. :)


моја отценка: 9,9 /10
IMDB: 8.4/10
Веќе некое време се канев да го гледам филмов.За два дена изгледав два слични филмови,ист период иста тематика со магионичарство.Но сосем различни приказни.Според мој вкус овој филм е подобар од Илузинист,има поголема тензија,филмот не го остава човек да му биде досадно ни 5 минути.Бејл е неверојатен како и секогаш,неговата способност да се трансформира е особено употребена.
Ривалството кое започнува заради една трагедија станува игра на суети на двајца магионичари,каде желбата да се направи што подобар трик го уништува самиот лик а и животот на другиот.Има неверојатно надигрување меѓу ликовите.Јас сум под импресии на филмов.

9/10
Филм на Кристифор Нолан со извонредна актерска екипа како Мајкл Кејн, Хју Џекман, Кристјан Бејл, Скарлет Јохансон кој го опишува во главо ривалитетот на двајца илузионисти на почетокот на 20 век во Англија.
Нема да откривам ништо посебно, ниту е филм за некоја подлабока анализа да се дискутира, туку одличен филм кој ќе ти го одвлечи вниманието од првиот до последниот момент.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.103
Поени од реакции
37.565
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.103
Поени од реакции
37.565
137. Apocalypse Now (Francis Ford Coppola (as Francis Coppola), 1979)

137.jpg
Филмов е класика,режиран од еден од најдобрите режисери кои го имаат обележано 20-иот век ,со перфектни глумци,одлична камера и ефекти за тоа време ...но подоцна увидов дека јас сум ја гледал продолжената верзија па затоа на момент некои предолги конверзации(баш таа од продолжената верзија) ми беа малце досадни затоа што поентата можела да се искаже пократко. Но да оставиме тоа, филмот е супер затоа што преку сторијата на еден војник кој е пратен да го убие "полудениот " полковник ,Копола ја прикажува војната во Виетнам на сосема посебен начин, тука е омилениот полковник на војниците- Килгор(Роберт Дувал),дрогата која ја користат маринците,па се до дезорганизацијата на американската војска како и поентата на војната ...
Ќе заборавев и oдличен саундтрак :) -The Doors

9/10
Е ова е веќе нешто многу подлабоко од претходните. Офицер (Мартин Шин) е испратен во Виетнам да убие одметнат полковник, кој според американските генерали се одметнал не само од САД туку и од здравиот разум, станал еден вид идол, божество на група племе во Камбоџa, коле се што не му се свиѓа, сече глави, скалпови. Офицерот не им верува многу на генералите, се сомнева дека лажат бидејќи го сакаат мртов, но тргнува на пат. Успат ќе се изнагледа убивање и ужаси, и кога ќе дојде до полковникот (Марлон Брандо) ќе сфати дека е вистина тоа што му го рекле претпоставените за него. Ќе види многу очаен човек кој всушност без зборови ќе го замоли овој да го убие како што му рекле. Тоа и ќе го направи. И ќе замине од таму со очај и ужас.
Филмов е класика и a MUST see за секој кој сака да искуси едно од врвните филмски достигнувања на сите времиња.

Не знам од кај да почнам...Глума, фотографија, приказна, музика...апсолутно ремек-дело (и веќе 3. ден сум под имресии од истото).

Иако, навидум е приказна за војната во Виетнам, тоа е само првичниот слој, кој и не е нешто особено важен за целината. Суштински, е една breath-taking приказна за моќта, моралот, контролата, хаосот, луѓето кои се губат себе си, ароганцијата на САД и останатите "светски полицајци", губењето на личниот бог и патоказ...општо, за целото современо општество и неговите (нашите) болки.
Мрачно и тешко искуство, али така мајсторски пренесено, што и покрај целата "грдотија", пак имаш чувство дека си сведок на нешто исклучително убаво и уникатно.

Инаку, на интернет е воглавно достапна redux верзијата и би ви препорачала баш неа да си ја симниете, затоа што има плус 49 минути материјал, кој не додава само на кванитет, него и на квалитет на филмот.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.103
Поени од реакции
37.565
136. A Bronx Tale (Robert De Niro, 1993)

136.jpg
многу добар филм, едвај му седнав да го изгледам скептичен бев дека Де Ниро е режисер а воедно и глуми у него, оцената на имдб стои на филмов. Добро си ја завршил Де Ниро работата, и тоа 93та.
Многу добар филм со Роберт де Ниро и Чаз Палминтери. Нема да ви го откривам, гледајте го:)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.103
Поени од реакции
37.565
135. The Shining (Stanley Kubrick, 1980)

135.jpg
Ах ... Стенли Кјубрик и неговите морбидно - чудни филмови.
Филмов го имав гледано како мал ама го имав забораено.
Џек Николсон е пуштен да чува огромен хотел далекуу од градот и цивилизацијата за време на зимата додека е затворен хотелот. Предупреден е дека во него се случувале чудни работи и дека самотијата може да влијае на него. Хотелот сјае. :)
Значи нешто како лајт- хорор би можело да дојде но сепак го сметаат за класика во хорор филмовите.

Сеуште неможам да го заборавам Џек. Морбидно. :)
=
Многу fucked up филм. Сцени кои никако не се вклопуваат во филмот, а сепак оставаат позитивна критика врз гледачот... Jack Nicholson - should I say more ? Најдобра улога во која сум го видел, вистински психопат. Приказна да опишувам нема пошо глупо ми е со спојлериве, а знам дека ќе го згрешам..
Останува оцена - 8.0/10..
Обично избегавам хорори од проста причина шо во последно време слабо се плашам. Освен тоа го избегавав и Кјубрик, пошо не е мој тип на режисер, арно ама решен сум да му ги спуштам најпознативе дела во најскор можен рок.

Конкретно за Shining, воодушевен сум. Ретко успеал ваков филм да ми остајт олку добар впечаток. Џек Николсон ѕвер по дифолт, исто така и детево во филмов ми одглуми доста солидно со оглед на то дека ова била негова прва улога. Разбирам од каде идејата за Хоророт од Амитвил. Прејак mindfuck e филмов. 9 и пол, ради некој ситни грешки ш ми расипаја малце впечаток.

P.S. Heeere's Johnny! :)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.103
Поени од реакции
37.565
134. Shutter Island (Martin Scorsese, 2010)

134.jpg
9/10. Не дека сум воодушевена од филмов, ни па ми е еден од омилените, ама прилично ми се допадна, би го гледала пак. Не ми е јасно зошто го плукате, јес да Скорсезе може подобро, али боље вакви филмови да прават во Холивуд отколку да одат по трендот и да прават глупи комедии. Сосема добар трилер. Е сега го предвидов крајот, али тоа ми е професионална маана од читање многу крими романчиња :pipi: и не го прави филмот помалку добар. Чак што више знаев дека кога Леонардо ДиКаприо влезе во пештерата, втората реченица на докторот ќе му биде дека пушката е празна :vozbud:.
Одамна немам пишувано на темава, ама филмов не ми даде пак да го направам тоа. Ќе бидам искрен и ќе кажам дека и не бев некој фан на делата на Мартин Скорсезе, али филмов беше тотално разнесување. Кај мене влага сигурно у топ 10 филмови на сите времиња и според мене ова е најдобриот филм на Скорсезе до сега, плус одамна ми недостасуваше да гледам вака добар психолошки трилер, едноставно немам зборови. За сценариото нема да коментирам ништо ниту ќе го раскажувам, единствено што морам да споменам е тоа што Shutter Island е единствениот филм во кој сум сменил толку расположенија, не моменти е морничав, на моменти се восхитувате на некои сцени и на музиката, на моменти го разбудува љубопитството а на некои моменти е и тажен. Ќе кажам и дека Shutter Island слободно може да застане рамо до рамо со филмови како што се Fight Club или Beautiful Mind. Единствена реплика која ми ја креираше и најголемата дилема се зборовите на Ди Каприо: "Would you live to know you were a monster, or die as a good man."​
Од мене има чиста десетка, иако е рано сепак ќе кажам дека не верувам во 2010 да биде снимен подобар филм од ова ремек дело,
А еве го и саундтракот, кој што го преслушав 100 пати денеска, штета што на јутјуб ја нема surreal сцената каде што оди и саундтракот

Прочитав многу критики и рецензии пред и по гледањето и наидов на остри критичари и луѓе воодушевени од филмот. Мене не ми е јасно зошто толку плукате по него и што поинакво всушност очекувате од психолошки трилер? Нормално дека ќе потсетува на слични на него (
A Beautiful mind, The Sixth sence
), но филмов вреди да се види. Глумата на Леонардо е беспрекорна, музиката исто така, амбиентот на пусто место го доловува лудилото уште повеќе. Мене ми се допадна, би го гледала пак.
Оценка 9/10.
Фантастичен Американски психолошки трилер од 2010 година со Леонардо Ди Каприо и Бен Кинсли во главните улоги. Режисер е Мартин Скорсезе.
Дејството на филмот се одвива на островот Шатер, на кој е сместена институција за ментално пореметени криминалци. Иако филмот цело време ве држи во неизвесност, сепак крајот ќе ви биди доста интересен, а епилогот неочекуван.
Кој го нема гледано филмот, моја препорака е да не го пропушти. Ќе бидете задоволни од истиот.
Оценка 10/10.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.103
Поени од реакции
37.565
133. Good Will Hunting (Gus Van Sant, 1997)

133.jpg
Прво мислев да го пишам во другата тема, предлог за филм но се одлучив тука затоа што повеќето филмаџии сигурно го имаат гледано. Еден од подобрите филмови, од класата на Dead poets society, A beautiful mind, па дури и The scent of a woman. Мет Дејмон и Робин Вилијамс извонредни.

Приказна за 21 годишен дечко со неверојатен талент, дечко што поседува нешто што го имаат малкумина, но не знае да го цени тоа. Доволно е само еден човек да допре до него, да го отвори неговото срце и да го охрабри да продолжи понатаму. Дијалозите помеѓу Вил и психијатарот Шон тераат на размислување за тоа што е животот и што е она што вреди во него. Но што вреди размислувањето и разглабањето теории без искуството? Токму тоа ќе го изделам во сега веќе можеби една од моите најомилени сцени. Поентата е видлива во дијалогот.


Шон: Размислував за она што ми го рече пред некој ден, за мојата слика. Размислував долго во ноќта. Нешто ми падна на памет. Заспав во мирен сон и досега не помислив на тебе. Знаеш што ми падна на памет?
Вил: Не.
Шон: Ти си дете. Немаш поим за што зборуваш.
Вил: Фала.
Шон: Нема на што. Никогаш не си бил надвор од Бостон.
Вил: Не.
Шон: Ако те прашам нешто за уметноста, би ми го кажал и најситниот детаљ прочитан од книга. Микеланџело. Знаеш многу за него. Животното дело, политичката определба, тој и Папата, сексуалната определеност, сите негови дела. Но не би знаел да ми кажеш како мириса во Сикстинската капела. Никогаш не си стоел таму, и не си гледал во тој прекрасен плафон. Не си гледал во тоа. Кога би те прашал за жените би ми дал попис на најдрагите. Можеби и си ги легнал неколку пати. Но не можеш да ми кажеш какво е чувството да се будиш покрај жена и да се чувствуваш навистина среќно. Ти си тешко момче. Ако те прашам нешто за војната ќе ми дадеш измислен и вистински материјал, но никогаш не си бил во војна. Никогаш не си го гледал најдобриот пријател и не си го држел во скут гледајќи го како испушта здив барајќи ја твојата помош. Кога би те прашал за љубовта, ти ќе ми цитираш сонет, но никогаш не си гледал во жена и не си бил потполно ранлив. Не си познавал никого што може да те убие со погледот. Како Бог да испратил ангели на Земјата само за тебе, ангели кои ќе те спасат од пеколот. Не знаеш како изгледа тоа, да бидеш нејзин ангел. Да ја сакаш, да поминеш со неа сè. И рак. Не знаеш како е да спиеш на стол, два месеци во болницата бидејќи лекарите гледаат во твоите очи дека времето за посета не важи за тебе. Не знаеш што е вистинска загуба. Тоа се случува само кога нешто сакаш повеќе од самиот себе. Се сомневам дека некогаш си сакал на тој начин. Кога ќе те погледнам не гледам интелигентен, самоуверен младич, не гледам дека си ми дораснат. Гледам момченце. Никој не би можел да те разбере, нели? А ти мислиш дека знаеш многу за мене затоа што си ја видел мојата слика. Мора да знаеш сè за мене. Ти си сираче, нели? Мислиш дека знам колку ти бил тежок животот затоа што сум ја прочитал „Оливер Твист“? Настрана аргументот што не сакаш да бидеш овде, бидејќи мислам дека го сакаш целото внимание што го добиваш. Лично мене, не ми е гајле. Не постои нешто што можеш да ми го кажеш, а што не можам да го прочитам некаде. Освен ако разговараме за твојот живот. Но ти не сакаш. Можеби се плашиш од тоа што би го кажал.
Постар филм, но по некоја случајност го имав испуштено па сега го изгледав. Филмот е апсолутно ремек дело, со Робин Вилијамс и Мет Дејмон во главните улоги. Мене ме фасцинираше глумата на Робин Вилијамс, односно како он го доловува моментот до гледачот. Неверојатен глумец, штета што прерано почина, имаше уште да даде во светот на филмот. Да не забегувам, се работи за генијалец, односно натпросечно интелигентен човек кој има неверојатен талент во полето на математиката, Вил, кој поради икс причини (да не навлегувам во спојлер) не сака да го материјализира својот талент, односно интелигенција. Неговиот талент ќе го забележи професорот од Универзитетот каде Вил ќе работи како чистач, а подоцна коцките ќе се поклопат да оди кај Шон (Робин Вилијамс) на “лечење“ бидејќи тоа ќе биде еден од условите кој ќе треба да го изврши за да не ја прекрши условната затворска казна која ќе му биде доделена поради учество во една улична тепачка. Понатаму не раскажувам за да не навлезам во спојлер.

Реков на почетокот, ќе речам и сега, Робин Вилијамс фантастично ја има одиграно својата улога. И Мет Дејмон не заостанува, одлична глума и од негова страна.

Многу квалитетна драма, од мене има 9/10.
гледан по дамнешна препорака од @Saladin .
Шта речи за филмов, освен ремек дело. Не знам зошто го избегнував последните 2, 3 години, можно е да е поради тоа што прочитав математика, па бегав ко од тест у средно. Сите го знаат Робин Вилијамс како комедијант, ама мене најмногу впечаток ми остава во вакви филмови, драми. И претходно во Dead Poets Society и сега во ГВХ ми беше одличен. Внесен во улогата, ти пренесува емоции и сочувствуваш со него. Иако во филмов главен лик е Мет Дејмон, Робин e оној што развали во филмов. Сега гледам и Оскар добил, браво маестро. :aplauz: Какви говори му одржа на Вил, и мене ме замисли. Не знам што да кажам уште, доколку некој го нема гледано, нека навали.
Од мене доби заслужена 10ка.

И за крај еден од многуте фрази на Робин што ми се допадна
Вил Хантинг (Мет Дејмон) е младич кој рабоите како чистач на еден факултет... има способност да ја реши било која математичка задача без скоро никакви проблеми, но не е свесен за својата способност и својата важност и промените кои може да ги направи во светот, па затоа еден професор по математика на факултетот, кој има добиено голема награда како најдобар матемаричар пробува да го насочи Вил Хантинг на вистинскиот пат и да почне да ја цени својата дарба.
Во тоа секако најмногу ќе му помогне неговиот психијатар Шон (Робин Вилијамс).

Филмот од мене добива десетка, многу одамна немав гледано толку добар филм :)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.103
Поени од реакции
37.565
132. Full Metal Jacket (Stanley Kubrick, 1987)

132.jpg
Уште едно од ремек делата на Стенли Кјубрик, филм кој изобилува со легендарни реплики, и филм кој одлично ја доловил онаа човечката страна на војниците вклучени во воениот конфликт во Виетнам. Филмов едноставно плаче за римејк под палката на Квентин Тарантино :vozbud: оценка 8
Филмот ги прикажува понижувачките и трауматизирачките ефекти врз војниците од војната во Виетнам почнувајќи од нивниот тренинг па се до првите борбени редови. А верувајте ми, има доста што да се види!

Долго време го одолговлекував филмов а незнам зошто, кога е EPIC! Еден од најдобрите драма/војна филмови што ги имам гледано. Целиот филм од почеток до крај е едно беспрекорно маестрално дело кое го прикажува лицето и животите на луѓето кои служат војска и кои се наоѓаат на борбените фронтови. Додека го гледате филмот, режисерот создал таква атмосфера што всушност ве тера да се чувствувате како да сте таму и да се соживувате со улогите.

Овој филм е Must Watch!

IMDB рејтинг: 8.4/10 Од мене 9/10
(анти)Воен филм за Виетнамската војна. Морам да признаам, далеку под очекувањата. Ова дело на Кјуберик воопшто не ми се допадна, можам слободно да кажам најслаб од сите негови кои ми се гледани (а тоа се речиси сите). Структуриран во два дела, првиот дел тренингот на маринците во кампот и вториот дел, воените дејствија во Виетнам. Филмот не ми се допадна затоа што некако ми изгледаше неповрзано, без вистинска приказна, без вистински ликови. Првиот дел е далеку подобар, инструкторот (drill sargent ) остава најдобар впечаток, воопшто во целиот филм, како и психичката преобразба на дебелиот, неспособен маринец. Вториот дел од филмот е еден куп неповрзани, хаотични и непотребни сцени. Дали Кјубрик се обидувал да ја долови бесмисленоста на војната со бесмислени сцени, тоа не знам, но знам дека јас едвај чекав филмот да заврши. 7.5/10
Кјубрик ,режисер чии филмови не се баш по мој урнек но и режисер кој искрено го почитувам за се што сторил во филмската индустрија , во далечната 87ма снимил филм со главна тема Виетнамската војна.
Тие два факти(филм на Кјубрик и амерички филм за Виетнамската војна,знаете на што алудирам кога ќе се спомне снимен амерички филм за војна во која тие учевствувале) ме направија еден од најголемите скептици околу филмов. Стоејќи долго време на хардискот(наоѓајќи притоа и слободно време) конечно се одлучив да му дадам шанса ...иако мразам клишеа, ама за филмов не жалам ни една 1 секунда што ја потрошив гледајќи го. Преполн со скриени пораки (како Born to kill на шлемот и беџот со симболот за мир кој го носеше Џокер) преку кои Кјубрик дава еден критички став околу самата војна и нејзината апсурдност . Самите маринци кои се наоѓаат во Виетнам ,отидени со помислата дека ќе убиваат за слободата и мирот ,пополека ја сфаќаат бесмисленоста на самата војна ....
Целото дејство е прикажано преку главниот протагонист Џокер, најпрво неговота обука за маринец во кампот а потоа и неговото учевство во војната како воен новинар.Прикажани се несреќите на маринците пред(ликот на Pyle,никој не би можел подобро да го претстави) и за време на војната.

Kако мал,најмал и единствен минус според мене е сцената во која беше прикажано снимањето на документарецот ,кое предходно беше видено во Apocalypse now.

а останатото е pure quality.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom