Ок, ова веќе е надвор од контрола.
Не ме ни чуди што година дена сме погодени од еден ебан вирус.
Значи вчера бев да му кажам чао на другар ми, ја напушта Малта, и како и секој што треба да патува напраиле тестови, иако сите асимптоматични. Грешка негова што не седел карантин и што не ми кажа дека се тестирале се до моментот кога се видовме ама сме можеле да оствариме контакт и пред тоа. Да, неговото дете испаѓа позитивно и сега јас сум тој што треба да седи карантин.
И тоа не е проблемот. Проблемот е кај компаниите, поточно жена ми каде работи.
Денес се самоизолиравме, како секој нормален човек што би направил, иако јас бев против тоа. И за жал, бев во право кога и кажав дека треба да одиме на работа и дeка нема да имаат разбирање за нас иако на некој начин им правиме услуга со тоа што не се појавуваме на работа. Од контактот со заразениот сме немале контакт со колеги.
Жена ми веќе цело сабајле ја масираат и и кажуваат дека нема да биде платена за периодот кога ќе се самоизолира. Кај мене на работа ниту А ниту Б. Очигледно чим никој не ме исконтактирал нормално дека сега разговараат и мислат како да се заштитат од вакви отсуства.
Епа племето да им го изнаебам на сите. Пандемија е. Не сме први ниту последни кои стапиле во контакт со асимптоматично позитивни. Затоа следен пат ќе се праам на Тошо и ќе ширам зарази...за да избегнам секакви полициски прашања од менаџерите и евентуално кратење на плата.
А да, забораив да пишам. Не си прајте филмови во глава со тужење. И да добиеме нешто на суд тоа би било после една деценија. Владите треба да ги натераат компаниите да овозможат вакви отсуства и да најдат начин да го покријат истото да не мора да се доведеме во ситуација да мислиме дали е подобро да идеме на работа иако сме биле во контакт со позитивен.
Но тоа можеби во други времиња или посредени држави. Малта, дефинитивно не е една од тие.