Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.444
ДК,

На барање на нашите ценети членови, денес почнуваме малку поинаку и со малку поинакви правила. Со цел да те олабавиме тебе, а и самите себеси. Да нема недоразбирања и сите да може да си го искажеме мислењето, без да чувствуваме некаква „стега“ или ограничување при водењето на нашиот дневник. Почнувајќи од оваа верзија, модераторите имаат насоки да бидат далеку по релаксирани во однос на тоа што го пишувате и споделувате. Не сакам да имате впечаток дека некој врши ограничување на тоа што „смеете и не смеете“ да го напишете на форумов. Од денес, бараме да се почитуваат само 2 едноставни правила кои се воведени за да го одржиме нашиот виртуелен дневник во читко и мирно издание.

1) Без цитирање, тагирање и надополнување нечие мислење
Затоа што е Драга Кајгана е форумџиски дневник, а не турска серија од 1000 епизоди.
Не би сакале 2, 5 или 10 члена да влезат во беспотребна дискусија без крај.
Кој ќе го чита тоа? Ако сакате да му одговорите на некој член, користете ги персоналните пораки.

2) Без кршење на основните форумџиски правила на сметка на „личниот дневник“
Не ја користете Драга Кајгана за да ги заобиколите правилата на форумот. Тие се однесуваат на сите делови од форумот, вклучително и темата „Драга Кајгана“. Не е финтата да наоѓаме „дупки во законот“ и да пробуткаме работи кои не се дозволени на форумов само затоа што постои тема која е „виртуелен дневник“.

Ако се почитуваат овие правила, ние (модераторите) даваат чесен кајгански збор дека:
Нема да ги изменуваме или бришеме вашите мислења
Кој сака да се малтретира со ова ако нема потреба? Дај релаксирајте се...
Сепак, мора да потенцираме дека членовите кои ќе ги прекршат правилата на ДК прво ќе бидат опоменати (и избришани), а доколку ќе им биде одземен пристапот до темата.

До сега сигурно се прашувате:
- А, смеам ли да пишувам за политика?

Овде разумниот одговор би бил:
- Да и не.

Да, во вашиот „виртуелен дневник“ смеете да пишувате на секоја општествено/политичка тема која ве засега. Сепак, ова е вашиот личен дневник. Сите мислења го отсликуваат вашиот личен став и ние не би сакале да ги „начнеме“ на било кој начин. Иако, за сите актуелни теми првенствено ве охрабруваме да тркнете до соодветниот подфорум и да започнете посебна тема на која ќе се развие дискусија. Пример: Имате проблем со легализација? Се сомневате дека ве прислушкуваат? Отворете тема во „Право“ и дискутирајте за тоа со останатите форумџии.
Не, не смеете да ја користите ДК за политичка агитација, пропаганда и труење на темата со небитни муабети кои се прават само со евтино пиво во рака пред коперација. Не не' оптеретувајте со имиња на политички партии и политичари, туку со суштината на проблемот кој ве оптеретува. Зошто? Затоа што на секое спомнување на име, постои ТРОЛ кој има задача да даде контра-одговор и да ја поддржи неговата политичка партија. И тогаш сме наебале, сме биле „цензори“ ако ве избришеме, ги поддржуваме едните или другите. Бидете културни и одмерени и нема да има потреба ниту да бришеме, ниту пак да се разврзуваат бескрајни дискусии.

Драга, толку имав за денес :)
 
Последно уредено:

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.603
Поени од реакции
13.301
Драга, поубава си вака жими тебе, можеш мене да ми се заблагодариш за тоа што избришав еден член и од тука почна верижна реакција која резултира со твое либерализирање. Ќе излажам ако речам дека тоа ми беше намера, ама уживам во вакви убави нус-продукти на форумско виртуелно мерење. :D

Туку една чудна дешавка да ти кажам. Имам еден другар, вечити ерген шо стално не исмеваше нам шо влегувавме во троа посериозни врски низ младоста наша. Мислам дека сега тој истиот е најблиску до женачка од цело друштво. :D За ум, и нему и нас.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Прочитав една многу убава реченица: Биди хероината, а не жртвата во својот живот.

Денес денов ми е цел ден насочен кон инспирирање, мотивирање... Убаво е.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
ДиКеј

Од редакција ме натераа да напишам, за да се види темава како активна.
Него, имав и нешто друго да ти кажам али ај, ќе ти шепнам, не е за пред сите...
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
Еден постар и попаметен човек ми тврдеше дека времето било природен лубрикант на толеранцијата. Дека независно од моралниот компас, како минеле годините, самото наталожено искуство ги ослободувало вентилите на нашето процесирање за тоа што е, а што не е прифатливо надвор од нашите животи.
Тогаш му се инаетев, му спорев, му скокав и му претав, а на муабетот ми текна во моментов и за да не го заборавам, ќе го оставам тука.

А ми текна затоа што денес изгледав цели 11(единаесет) минути од Менхетн на Вуди Ален. Првиот пат кога го гледав, пред некои може 8 години, не можев да сварам повеќе од пет минути од тој филм и таа експозиција во која ноншалантно ни подметнува стариот педо слика од врска меѓу 42-годишен маж и 17-годишно девојче. Сабајлево таа сцена никаков аларм не успеа да уклучи. Дури по 11 минути, кога тоа сирото девојче на стариот педо му рече "i think i'm in love with you", ми имплодираше главата со контекст за тој природен лубрикант.

Ми текнува внука ми кога седеше пред телевизор додека на некоја од нашиве телевизии одеше таа...нема да гуглам и не ми текнува како се викаше, песната од Мадона со тој црниот Исус и запалените крстови. Нешто што било табу во времето кога се појавило, а денес без проблем и без цензура оди во прајтајм. Го гледаат мали деца додека нивните родители си кажуват вицови со братучеди за Хасо и Мујо. Никој не скока од столче, никој не става рака пред очи.

Имам гледано како дедовците од Монти Пајтон исплашени дека некој погрешно го протолкувал нивниот филм за "животот на Брајан" излегле на дебата со некои шашави попови и се обидувале да објаснат дека(меѓу другото) не, ликот на Брајан не е замислен како пародија на Исус. Сега ако пишам на гугл "Rudolph the red nosed reindeer anally satisfies Jesus", сигурно ќе ми најде некоја епизода од Family Guy, сосе други 50 000 слики и видеа. Ако протестирале тројца за тоа нешто, остатокот од светот продолжил понатаму.

Ми текнува дека во почетокот од новиов милениум имаше една афера за прислушкување од тогашната власт и тоа нешто беше страшен, страшен преседан. Имаше сериозни политички и морални реперкусии, па дури и помилување од претседател не успеа да го испере срамот и да го врати кредибилитетот на една дебела госпожа, нека и е лесна земјата. Денес луѓе чекаат "бомби" со пуканки во раце како да се работи за нова епизода од Сопранови. Како да се работи за фикција. Се смешкаат и се мајтапат со афера најмалку стопати поголема од таа за која отиде курбан дебелата госпожа, нека и е лесна земјата.

Ми текнува и на едно дамнешно време кога на форумов можев без проблем да дадам критички осврт на било која тема, без да морам да ја филувам со утрински "испрдок - заклучоци", крајно ирелевантни и глупи, само за да можам да искажам револт од несериозноста на луѓево околу прашања директно поврзани со нивната слобода и нивните права и да не ме избрише некој аналфабет. *

*
Нека стои и заклучокот, иако цела тема е ревидирана. Самиот факт дека е ревидирана ме потсеќа на онаа фамозна реченица од Нил Армстронг, која вели: "Не седи на цименто, ќе настинеш."
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.481
Поени од реакции
114.407
Кеј

Првите 4 поста од модератори. Случајно
:icon_mrgr:
Шала на страна, мислам дека е добра идејата на киселиов, и нека биде оваа тема конечна, не по 100 пати во рок од 2-3 месеци да отвараме нови ДК теми.

Него Кајги, сум спиел 14 саати. o_O Ова се нема десено со години, можеби од средно. Ама преморен бев, во саботата спиен само 2 саати, вчера цел ден излезен, и вечерта едноставно клапнав. Сеа ко нов сум, али кога ќе ми текне колку имам за учење боље да не сум ко нов. :yid:

И така ти викам ја Кајги, ајде остани ми со здравје и што помалце политички постови да те трујат во ова твое ново издание.
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.301
Поени од реакции
3.675
ДК чемима напрвата срана ебаго :D
Ок, малку сериозно, ДК не знаат да се нацртаат од некаде некои екстра пари за малку поасолно компјутерче не ова од 2007 (?) :(
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
ДК,

Го шутнав мачорот, и ми рече дека го боли, и дека има свест. Експериментот успешен. Сега ќе го пробам ова со луѓе, многумина ми делуваат дека немаат свест.
 
Последно уредено:

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
И јас се надевам дека после некоја година кога ќе си барам мислење во Драга кајгана за да видам што поминало, ќе го најдам во оваа тема. Да не се осеќам како престапник по заклучени 5642 теми.

На другата страна од муабетот, одамна нема слушано нова музика. Не сум спремна за плус ново или мазохистички се гушам во насобраното во мене.
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
ООО нова тема:bravobe:со здравје да е служиме и за многу години денов Бомбајавление S01E06
 

Kajgana Shop

На врв Bottom