Ај малку за Ѓорѓе Балашевиќ и српскиот наводен расизам. Преземено од фб.
Социјалните мрежи крепат се' и сешто. Па така, се појави едно писание, пренесено и од некои медиуми (поточно обид да се биде паметен) каде цела една генерација на луѓе која го слушаше Балашевиќ и сега жали за неговата смрт, беше обвинета за војните и распадот на СФРЈ, во еден познат либерален манир дека ете "народот е стока, народот е крив, народот не знае". Овие плитки и неуки релативизирања служат за да се замагли вистинскиот виновник и вистинските причини за крвопролевањата.
Зад секоја војна стојат конкретни материјални интереси поткрепени со конкретна идеологија, спроведена од конкретни луѓе и политички струи. Тоа што тие беа доволно организирани и материјално поткрепени (а со тоа и доволно гласни) воопшто не значи дека за војната имало масовна поддршка. Нормалните луѓе немаа свои организации и немаа моќ да ги сменат работите на подобро, со тоа секако беа губитници во едни луди времиња. Но тоа не значи дека ете ги поддржувале или премолчиле војните.
Во прилог е текст на сега покојниот Павлушко Имшировиќ, марксист и опозиционен политички активист уште од времето на СФРЈ, неколку пати апсен заради својата активност. Во овој текст тој доста прецизно ги разбива митовите за масовната поддршка на војната во 90тите. Тој е и директен учесник во антивоените демонстрации во Белград 1991 година.
"Namerno se „zaboravlja“ da Miloševićev teror i rat u Hrvatskoj, Bosni i na Kosovu nikada nije ugušio štrajkački pokret i otpor u Srbiji. Namerno se „zaboravlja“ da je slabačka i izdana odbrana Vukovara, oskudno naoružana isključivo lakim pešadijskim naoružanjem, uspela da 4 meseca opstane i odoleva zahvaljujući ne toliko svojoj sopstvenoj snazi koliko zahvaljujući masovnom antiratnom otporu upravo srpskih radnika. Namerno se „zaboravlja“ masovan bojkot mobilizacije u Srbiji, bojkot koji je u Beogradu zahvatio 98 % vojnih obveznika. Namerno se „zaboravljaju“ masovne demonstracije u martu i julu 1991. u Beogradu. Namerno se „zaboravlja“ da svih godina rata u skoro da nije bilo dana bez štrajkova u Srbiji. Namerno se „zaboravlja“ da su upravo na talasu tog štrajkačkog pokreta nastali prvi nezavisni sindikati u Srbiji, nedvosmisleno demokratski, antirežimski i antiratni. Taj „zaborav“ služi tome da se srpski radnici i srpski narod optuže kao saodgovorni za zločine Miloševićeve diktatura, da se, kao i ostali balkanski narodi, objave nesposobnim za demokratiju i slobodu, te da legitimiše imperijalističku „paternalističku tezu“ da i Srbija, kao i svi balkanski narodi, moraju da budu pod „međunarodnim“ tutorstvom."
Читајте и отворете ум. Баталете тоа што секакви пропагандисти ви подметнуваат. Тие работат против интересите на обичниот народ и како такви го заслужуваат сиот презир шо го добиваат.
П.С.
Нека почива во мир. Никој не може никому да забрани да жали и сочуствува со нечија смрт, поготово за врвен автор и уметник кој буди спомени кај многу луѓе.