Се сеќавам како мал имавме само музички систем за да пуштаме музика, ама тато го купи најјакиот. 700 марки го плати, и имаше опција да ставиш 7 цедиња внатре. За музиката мораше да се купи веќе готово ЦД или од уличен продавач на пазар (кои беа со сомнителен квалитет, па некои викаа дека и го гребеле читачот) или од ЦД-тека(касетека, видеотека, појма неам како се вика правилно) и мораше да слушаш музика веќе направена, пример ако ти се свиѓа една песна од Рики Мартин, мора да купиш цело ЦД Рики Мартин. Така ги научив сите песни од Red Hot Chilly Peppers, пошто сестра ми ја сакаше Californication, и нормално, се научија и другите.
Некаде година две после тоа, испаднаа компјутери со режачи(може испаднале порано ама така памтам). Кај нас ретко кој имаше компјутер, уште помалку некој компјутер со ЦД ром и режач, а уште помалку некој писмен да знае да инсталира Nero Burning Rom и да прави аудио ЦДиња.
Во маало се појавија двајца браќа(им ги заборавив имињата) и режеа цедиња со музика по желба, пишуваш песни на ливче, одиш таму седнуваш како на бербер на едно столче, ја даваш листата и дечково ти ги става песните на ЦД, ти прави омот со напишаните песни испечатени со насловите. И така фино скоцкано чинеше првен 200 денари, а после тоа 100 денари.
Знаеја и ако ја немаат некоја песна, да ти пуштаат музика па да одбереш друга, ама таа ја ставаш на крајот да не не ти се бендиса.
Се сеќавам, брат ми собираше од мама и тато предлози, па им направи ЦД со бирани песни. На тоа ЦД на 6та позиција беше ставена од Џорџе Балашевиќ - Неки нови клинци, и ден денеска ми е една од поомилените, и има стварно убав текст.
Денес кога разбравме сите дека починал, сфаќам дека уствари песнава што ја слушав тогаш беше за мене, ја бев новиот клинец, сега низ маало еден куп други нови клинци, фаќаат жаби у потокот, ѕвонат и бегаат, маваат со камења, играат фудбал, си пцујат мајка и се тепаат.
Почивај у мир Џорџе, фала за преубавата музика.