Драга,
животот на просечниот млад човек во Македонија. Се однесуват со тебе цело време како твојот живот да е нивна сопственост. Прво родителите ке те запишат во средно каде што они сакат и до завршување ке имаш притисок да бидеш добар со оценките, па факултет да завршиш обавезно инаку во спротивно биг фејл си за гордоста на семејството. После образование да те пикнат под секоја цена во државна администрација а не ти што сакаш да работиш по што нели ке се мачи детето ако работи во приватниот сектор, со милион тешкоти и лижење газови на неписмени конечно ке се вработиш во државна и ке си ќутиш без разлика колку си незадоволен од платата или од самата работа зошто нели има многу побетер а државна си е државна. После, од кога ке се вработиш во државна администрација обавезно да стапиш во брак а никој те прашува дали самиот сметаш дека е моментот за тебе да стапиш во брак или не, за на крај како последно барање обавезно да имаш дете што е можно побрзо за да се радуват на внуче/внука додека се они живи. Во случај да се спротиставуваш на сите овие барања од твоето семејстово ке испаднеш лошо дете според потесното семејството, комшите и населбата каде што живееш. Сите ке почнат да викат какви родители (демек прекрасни) а какво дете (биг фејл), а ти не се дрогираш, не крадеш, не си алкохоличар, не му правиш ништо лошо на никому. И доаѓа момент се прашуваш зошто воопшто си роден? Кога мене некој ме прашал што сакам јас во мојот живот?