Dumbledore
...
- Член од
- 24 октомври 2013
- Мислења
- 12.192
- Поени од реакции
- 26.997
ДК,
Првите мои сеќавања во животот се поврзани со Новата година и Божиќните празници. Во тоа време, овој период, имавме снег. Имавме чести семејни собиранки и некако ме мава носталгија за тие времиња. Дечки, што и да правите, со сите сили обидете се за го сочувате семејството на куп. Тешко е и за самите деца, често се делат меѓу родителите и се поретко го гледаат другиот родител. Но уште потешко е за родителот, децата ги гледа еднаш неделно, еднаш во две недели или еднаш месечно. Во еден момент знаеш дека имаш семејство, а во следниот веќе не. Затоа ако треба да проголтате одредени работи, направете го тоа. Сѐ може да се реши со разговор. Некогаш разделбата е и најправилното решение, но сепак останете во контакт со вашиот поранешен партнер ако имате деца, сепак тие ви се точката која ќе ве спојува во годините кои следуваат. Со заеднички сили ќе ги одведете кон правиот пат. И гледајте да не им зборувате лошо на децата против вашиот поранешен партнер, тоа креира одредена одбивност на децата.
Околу оваа година. Беше тешка и напорна. Дома-работа-дома. Неколку семејни прослави кои ќе видат вечно врежани во моето сеќавање. Другото генерално тапа. Досадно до смрт. Последен пат кога влегов во кафич, се сеќавам дека видов дечко во супермен поза на шанк. Сигурно има година дена од кога последен пат направив таква седенка. Оваа година генерално паркот е зборното место. Подобро нешто отколку ништо.
Година на претпазливост и држење растојание од семејство и друштво. Година која ни приреди вистински тест на нашата психа, но и година која ни даде можност да се посветиме на некое хоби, да завршиме некоја работа дома или да вратиме некоја одамна заборавена рутина.
И секако. Им се заблагодарувам на сите кои ми помогнаа да ми помине слободното време, што тука, што на социјалните мрежи. Бев преокупиран и со свои активности, но ветувам дека наредната година ќе се вратам на мојата прва љубов (книгата) и ќе бидам поактивен на оние форуми поради кои се зачленив на форумов- Философија, Литература и Религија.
На сите ви посакувам среќна Нова година. Многу многу среќа, здравје, дружба, но и тука дискусии, провокации и заебанции, а можеби ќе падне и некоја собиранка.
Среќна Нова година.