Хоуп
ümid edirəm
- Член од
- 13 април 2012
- Мислења
- 2.598
- Поени од реакции
- 9.738
Ако ви е досадно да читате за нечие секојдневие, еве јас ќе ви раскажам за сечени глави, масакри, убиства и хорори што се случиле на балканов, па и тоа ако не ви е по ќеф, еве ќе правиме муабет за жените кои не знаат дека се исти како сите, и кои се симптомите дека си иста како сите жени иако мислиш дека не си. Битно да се замараш со нешто, па макар и те замарало, него да завршиш мртов ко во случајов во..... фрижидер. Буууу.
Стара куќа, од генерациите на баба ви и дедо ви, ако сте моја генерација, претежно и Надежно сеуште млади хе хе хе.
Никој не се замара, ама се сеќавате секоја таква куќа имаше онаков длабок фрижидер што го викаа. Некои и сега го имаат не знам, а и практично изгледа..
Е во оваа куќа го имало. Во подрум. И живееле маж и жена со два сина. Куќата во нивна сопственост, скромен, живот, мирна фамилија, по кажување на комшиите нели. Синовите биле некаде околу 8 и 10 години кога татко им ја пријавил мајка им за исчезната. Немало тоа време ни мобилни, ни локатори, камери не знам што, ја пребарале околината и останала жената како нерешен случај за исчезнато лице. Со години.
Пораснале синовите и кога починал таткото решиле да ја продадат куќата и да ги делат парите.
Зеле да расчистуваат, соба по соба, ходник, ова она и стигнал и подрумот за чистење. Што да му правиме на овој фрижидер 100 години стои тука, татко им баратал таму замрзнувал одмезнувал месо, зимници, летници ( клетници и четници аутокоректот ми го корегира упорно ) и ајде во ѓубре.
Само да испразниме што има. Риба, чварки, свинско месо, боранија, мелено месо, грашак и под нив мајка им.
Говедото од татко, повеќе од 10 години со давење ја убил мајка им и ја сместил најдоле во фрижидерот и повеќе од 10 години си вадел и си ставал месо ова она за ручек без никаква грижа на совест, а и до смрт не кажал на никој....
И замисли сега генерации понатаму дедо ми ја уби баба ми и ја замрзна во фрижидер..
Немој некој да крадел идеи за злочин и кај да крие тело од овие работи што ги пишувам. И не го пишував во еден здив, точно исецкано на 8 дела низ денов пишував.
Сецкано, како жртвата во следната епизода на крипи убиства со Хоуп.