Во животот многу е важно кој те шиша. Парола на Жаре Бербер во шпицата за почеток на Кој те шиша емисијата на Сител од истоимениот водител, шоумен и во слободно време караоке настапувач во рандом градско диско.
Доека сме кај Жаре. Работам јас во Спорт М тој период, доаѓа Жаре и ми вика дечки дај некои патики бе... му нудам јас модели а он ги гледа моите, тазе купени 50 евра од истата продавница... ми вика овие како? и му викам топ бе, вријат, меки се, лесни... ги гледа и ми вика, тешко дно. хахахахахаххахаха. Мене смешно ми беше, друг би се нашол навреден, у смисла види го сељаков, кое му е ова понашање бла бла. Јас поштувам ваков хумор.
Друга ситуација, доаѓа еден рандом дечко, глеа патики и ми вика друже дои малце... идам јас, и овој ми вика абе зашто оние исти патики имаат различни цени? Ги гледам јас и му викам па тие што се 3к се детски броеви а тие што се 6к се возрасни. Ме глеа дружево и ми вика, епа дај едни 45ка детски. хахахахаххахахаха се изнасмеавме и си отиде.
За друго дојдов да го пишам постов. Не ни дојдов конкретно да бидам искрен, ја читав темава и реков ај да пишам нешто. Сеа не знам што сакав да пишам ама веќе потрошив завидна бројка од буквите на тастатурата, па ќе пробам да финиширам.
Што е многу важно у животот бе? Кој те шиша? Да ти ебам мајката. Сам се шишам!
Во животот многу е важно да ја најдеш сродната душа. Се друго е мачење. Да ви каже некој што никад нема најдено сродна душа ниту пак љубов у животот. Што би рекол човекот Чен-Чен. -не сум добар у делење совети, сакаш саркастичен коментар?
Предновогодишно невинтејџ издание е ова. Скроз посебен пост.
Не ги сакам празнициве околу Нова година. Никад не сум ги сакал. Некако мразам празници.
Од една страна го сакам сиот тој празничен семеен амбиент, а од друга стана го мразам. Сакам да сум сам у соба, да пијам вино, да јадам чоколади и да тонам во своето очајно царство наречено ништо.
Преку кур ми е од едни исти честитки за новиот почеток. Ајде нова година, све најубаво, па оваа година вака така, ова да ти се деси, тоа да ти се деси, па ајде некои рандом туѓински очекувања за мојот живот. Еј, ај, не кур ми кажувајте како да живеам и постојам. Иако не постојам.
Нејќам да постојам тука. Не се ни трудам да постојам на друго место.
Најмртва година позади нас. Никогаш не очекував дека вакво нешто ќе ни се задеси. Не ни коментирам, свесни сте/сме.
У другата не знам, мразам да имам очекувања, не ни сакам, не ни знам, не ни имам некои посебни желби.
28, 6 дена пoсле новата година.
28ца би одбрале рандом играчи чија омилена е 10ката.
2+8=10, бројката на Марадона. Ел Пибе. Златното дете. Детето на ветрот. Божјата рака на Аргентина. Не` напушти пред месец дена. Вечно ќе ми биде жал за големиот Диего Армандо. Почивај во мир Богу, се гледаме некогаш таму позади. Годинава дефинитивно ја одбележи смртта на најголемиот фудбалер во историјата на овој спорт.
28ца носеше Адриано на почетокот на својата кариера у Интер. Мојот омилен фудбалер. Императорот.
28ца у Интер носеше и Зарате. Денешен член на култната Бока Јуниорс. Ајде годинава да освоиме Копа Либертадорес.
2.8 промили моментално имам во мене за да пробам да се сетам кој друг спортист има носено дрес со број 28. Тоа можеби во следното мислење, 6 дена после новата година. Ако ми текне да пишам.
Какво е вашето мислење за Том Харди?