„Штркот бара боја“ децата уште ја играат, омилена игра во школски двор со генерации е. И син ми ја игра, со истите правила со кои јас сум ја играл кога бев дете. Едно дете е „штрк“, тоа брка, останатите бегаат. На почетокот „штркот“ пее: „Штркот бара боја“, другите деца му враќаат: „Која боја, сакаш да е твоја“, и штркот вели, на пример: „Зелена“, и сите деца бегаат, а штркот ги брка.