Драга, ко времево денес и јас, дан тмуран, ја мамурна.
Не ми личи и горе да се качам дека ќе е поарно, едвај очи отворив па се сожалија над мене и прошетаа дете. Немом! Беблаци мирни знаат дека не ми е ден и не ме закачаат. Најавен појадок за 10тина минути, да сум се симнела точно во 10ипол, после ќе сме работеле на моето расположение. Во моментов може да ме расположи само сонце. Ај да не се лажеме, и добар шопинг ќе заврши работа, вчера не стигнав ништо да купам од планираното.
Допира до мене некој мирис на сирење, на Монте Кристо, е тоа е вредно богами како и сонце, шопинг и добар се*с, а господин маж е мајстор за 2 од овие 3те и монте кристо плус.
Попладне ќе заседава велико вече за колица за бебуши, одбран бренд, пошто ќе биде кастм мејд, ќе се бираат материјали, бои, дезени, ќе биде забавно.
Доста беше излежавање, да ги следам мирисите до кујна, да се расположам малку. Убав ден!