Што убаво не гледам телевизија. Што курац ми требаше да пуштам Телма и да видам некоја селска опајдура Тара Симов. Се она што е нечини у општествово стаено у 60 кила тело на штикли.
Не бега муабетот ех во мое време, кога си во друштво на постари. Имаше ова, имаше она, сега вака е, сега така е...
Ех колку беше убаво јадевме ќебапи во "Партизан", шетавме по корзо, се мувавме на клупи во парк, Дебар маало фаците, на кеј шетавме ...
Друже има пак се тоа. Ќебапи има, луѓето шетаат, се муваат и уште е тука Дебар маало. Се е тука и има се како во твое време. Нема само едно нешто. Твојата младост.
Не плачете (плачеме) по местата, по музиката, по културата, по настаните и објектите. Се плаче за времето што нема да се врати. Носталгијата не е за старо Скопје, стара Битола, болката е за младоста. Се е тука, само времето поминало и ќе помине и ова време ќе биде ех во мое време, и тогаш ќе има се, ама не се враќаат годините назад.
За жал.
Во 335та пред Исус, Александар бил во градот Пелион (денес Корча во Албанија), неколку километри западно од Охридско Езеро. Тргнал во 2 неделен поход од Корча до Теба.
Теба бил грчки град, јужно од Македонија и Епир, кој одлучил да не е лојален на Пела, каде владеел Филип Втори од Македонија, Теба решил да не плаќа даноци на Македонскиот Крал. За сметка на ова, Теба решил да и се придружи на Атина.
После 14ет дена, Александар втасал пред Теба, со својата Армија од Корча. Го срушиле градот до темел. Ги убиле сите мажи. Жените и децата ги продале во робје.
На некој начин, настанов ме боли ко да се случил вчера.
#СуровТаженБалкан
Автоматски споено мислење:
Според Ана на Комненос, во средниот Век, Македонците им кажале добредојде на Словените меѓу нивните борбени редови, веќе долго време. Иако темата Македонија во нејзино време била само дел од Империјата, и тоа само во околината на градот на Адриан, Адрианопол (денес Едрене), западно од Константинопол, речиси до Солун. И покрај овај факт Македонците комплетно ја владеат Вардарска, според запишаното. Цело време прават плотој и сплетки со Илирите од Дуреш (Драч, Албанија) против грчките императори - како нејзиниот татко Алексиос Комненос. На потегот од Адријанопол до Подгорица.
Исто како и нејзиниот сопруг Никифор од Македонија, чиј татко од Драч, го победил Алексиос на полињата од егејска Македонија. После ова, двајцата деспоти се смириле и решиле да се сплотат преку потомството.
Љубовта на Ана можда била голема, ама солзите поголеми и посолени од брановите на Јадранот - нејзини запишани зборови. Ова го запишала на крајот од нејзиниот живот. Протерана од Константиопол, во Манастир на Едрене.
ДК,
Фирмиви како сетек метек ауто велт и остали, зарем не сфаќаат дека снимена реклама со Лазаров им е анти-реклама?
Па не постои поглуп, поантипатичен, повообразен и поарогантен лик од слепецов на моменталниот интернет простор на Северна.
Ќе дае бог, ќе му го сецнат тој толку прочуениот канал.
Прошла недела ми дојде клиент возрасен остварен човек можда 50+ години од една европска земја небитно која. Има сопствен бизнис со рерентање станбени единици низ DACH регион. Прилично нафатиран прилично прошетан прочитан. Стипса говнарска од метро шипка 200 метра арматура му вадиш. Седевме у Мериот и ок со туѓи пари он тежок мераклија на bone marrow и тартари и што све не, заклаа пола трло за нас таму. Ок не е проблем, ќе си ги наплатиме со работни саати добар клиент е. Абе вујната да му ја наџвакам што 2 саата го слушав како 2025та била година на вистината, за рептили дека се и Трамп и Путин дека оргиналните се убиени веќе одамна. Дека имало портали за тајм травел на Крим и Сибир….И се тоа ај, ама па втор пут ми го праи у 5 месеци.
Зурла, ако си 54 годишен аустриец од Клагенфурт кажи со време да не кршиме јазик а и следен пут у Тото ќе седнеме ко луѓе.
Незнам дали е касно да напишам дека станува збор за mar-tech фирма пошто вака на прва лопта звучи ко да ме натегнал у соба у Мериот за пари. А јебига тоа е.
Во секое патување со друштво, секогаш, ама секогаш ќе ми се најде еден мрчатор и намќор и диктатор и откако ќе влезе во кола до крај ништо не му е погодено.
Песни други пушти, поспоро вози, не возиш компири, пази, кочи, не кочи, ќе не убиеш, дрн дрн.
Па кога ќе стигнеме во хотелот одмааа ќе се најде нешто. Реков дека не требаше тука, види колку мали соби, па нема греење во вц, не доаѓаат да чистат, ладно во ресторанот, не требаше да доаѓам јас воопшто.
За да шетаме не сакал да шета, да пиеме кафе, кафе можел и дома да пие, е ај кај да одиме, па ете кај сме дошле на место кај што ништо не можело да се прави, не требало да дојде воопшто... Братучед ми е, ама последно да одиме некаде заедно.
Едно време македонскиве транзициони газди ако работникот се пожалеше на лоши услови му велеа Ако не ти чини оди си.
Откако работнициве ги послушаа и си отидоа сега газдиве плачат дека немало работници.
Кајг,
ако ти кажам што сум нарачала во денешно време т.е што си купив, ќе ме направиш луда, но јас мислам дека е тоа неопходно и како секој апарат во домаќинство, поважно од бренд алишта и fashion accessory, ама не се мачи никогаш нема да погодиш, а богами ќе ми служи многу и на работно место со овие лажговци во здравството за здрава работна средина!
Каков шугав ден, што вели народната "и кур да фатам и тој ке се исуши.". Каде имам некои приватни проблеми и проблеми со велосипедот, сабајлево ми дојде една клиентка, меѓу најомилените и цел ден вчера се спремав да и честитам роденден. Нормално, од многу работа заборавив и мојот роденден кога е па помина така, кога ми дојде на работа. Појдов накај дома се сетив дека сум заборавил да и честитам, па зедов и честитав на Инстаграм, да се извадам.
Ми стигна одговор: "Фала многу, ама роденденот ми беше пред два дена"
Мислам дека и внатрешното јадро не делува длабоко каков блам осетив кога ја прочитав пораката.
Vekje vtor mesec kako rabotam vo Lozar, nema podobro, od osum rabotni saati samo pet si aktiven, pojadok, ruchek na otvoreno, opkruzhen so zelenilo, priroda, koj rakiiche donel, koj sirence, koj butche, do sto se zhivee vaka.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.