Бидејќи наидов на неколку критики после последната епизода од Кајгана vintage серијалот дека премногу сум ставал гифови и слики, во оваа епизода ќе се потрудам тоа да го сведам на минимум. Поштувам критики. hhh никад, доека не ми текне нешто друго следен пат па да наредам 759 гифови.
Денеска ќе збориме за мене. Емисија за сам себе. Е сеа, да почнеме вака (Уууу рима) да те ее Рикардо Кака. И Гранит Џака. И од форумов Бум Шака Лака.
Ќе има 3-4 слики уредно ставени во спојлер, чисто да се долови ситуацијата за која ќе зборам односно пишувам.
Многумина знаете т.е општо познат факт е дека овој акаунт е reborn верзија на култниот Џонтра Волта кој замина во аналите на форумот пред 2 години.
Е сега, за тие што не знаат, а не знаат добар 99.9% од форумов тоа дека Джонтра Вохохохолта e уствари 3то алтер его на ликот кој се потпишува со оваа кованица која потсетува на еден познат холивудски актер кој глумеше во Брилијантин и Ефтини Приказни.
Најверојатно е подобрен search сегментот на форумов па многу лесно се најдов, иако и порано имам доста време потрошено да се најдам, ама безуспешно. Се што памтам е еден цитат од Тошо од к-15 кој гласи вака `госпожа, ај прибери си го малиот` со кој еден јувенташ ме донесе на ѕидот на срамот во тема за провокации. Јас сум влегол во фан клуб Јуве и сум ги понижил. Мислев дека тука ми заврши кариерата со еден сочен и вкусен перманентен бан ама сум бил грешка. Сум поживеал уште 16 мислења најчесто во фан клуб Интер, пред да исчезнам и да се појавам неколку години подоцна како Џонтра Волта.
Имено, годината е 2010, Интер актуелен освојувач на све и свашта, мојот комшија, комрад, другар од дете, своевремено легендарен и самопрогласен трол на форумов со првичен ник @mercenary а сега познат како
@Schtrawzenigger веќе одомаќинет тука ми дава предлог да се регистрирам на форумов за да си пишуваме за Интер. Ок супер, може. aaaaaaaaaaaand its done.
29ти ноември 2010та, here comes
@Ма Ки . Одличен ник, иако цело време мислев дека ми е нешто со моето име и Интер до него, од тие глупите никови, ко
@Stefan-kobe што е. Сепак бил мојот надимак поделен на слогови да изгледа ко кинез. Ма Ки це Тунг, Ма Ки Мун, Ма Ки м Joнг Ун, Ма Ки Сунг Парк, Ма Ки Хеон Мин Сон, Ма Ки Јуто Нагатомо не замарај доволно е.
Првото мислење, фино и уредно пријавено кај надлежните да не дојде до несакани реакции односно перманенти банови за двајцата комшии и другари интераши.
Големиот Syn, мојот човек Урко, гарантирал за мене, од копиљ ме знае на времето коа доминираше до фан пејџот на Интер на фејсбук, првиот потпретседател на Интер Клуб Армата. Урко Тупурковски Циле, Урко Ѕинго.
И beneamata секретарот и финансискиот гуру на фан клубот.
Второ мислење, кучето пуштено од ланец, влагање директно у фан клуб Јувентус со тотална и жестока провокација.
Дното е допрено, бламот начнат. Бјанконеро стокомак, истиот плачко цел живот. У право бил морам да признаам, кое ми е ова падобранско појавување. На вчерашен ден пред 10 години.
Во главно, тоа е тоа од првороденчето, сума сумарум 16 мислења, сите во фан клуб Интер, до 5ти април 2011 сум истрајал.
Вториот односно првиот веќе сите добро го знаете, нема потреба да трошам зборови. Не знам точно кога се регистрирав а се избришав во 2018та година после едно несогласување со една пејачка од соседството која ја имала сета среќа во светот да стане тоа што е, све да и ебам. Погребот на првиот односно вториот и раѓањето на вториот односно третиот акаунт имаат едно нешто заедничко, а тоа е истата таа пејачка која пред неколку месеци излезе со еден радикален пост на социјалните мрежи. Ми се виде тоа ко прилика да се вратам како Ибрахимовиќ што се врати у Европа и уште гази, да ве потсетам дека убаво говореше човекот своевремено. И Исус ќе се врати еден ден.
Тоа беше се во оваа ретро приватна кајгана vintage епизода, се гледаме за неколку дена со нов материјал од некои минати и незаборавни времиња и моменти. А до тогаш уживајте со одјавната шпица.