Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Џ

Џонтра Волта

Гостин
Here comes Johnny Yen again, With the liquor and drugs, And the flesh machine....

Да да, ти рандом кајгана гледачу и обожавателу на кајгана vintage серијалот. Не се чуди, возиш кола, на радио или на усб ти свири Iggy Pop - Lust for life и додека бубњевите ти го одвлекуваат вниманието една будала ти се лупа у колата.

бааааааааамммммммммм
Таа будала бега од полиција пошто не носи маска и не сака да плати 20 евра казна.


Да, тоа сум јас, твојот домаќин, шоумен и креатор на кајгана vintage едишнот. ХА ХААААА

А сега брзо бегај дома и вклучи го компјутерот или телефонот пошто имаме една многу кул емисија.
Се гледаме веднаш после рекламите.
Well I am just a modern guy, Of course I've had it in the ear before
'Cause of a lust for life
'Cause of a lust for life
I got a lust for life

Во оваа емисија ќе говориме за една многу јака случка од приватниот живот на ликот кој на оваа платформа се крие под псевдонимот @џимеј .
Во тие дамнешни времиња кога форумов го доживуваше својот врв на постоење, Џими во оваа тема лудуваше со своите приказни, сториња испреплетени со рандом моменти, смешни, тажни, среќни, секакви. Да ти е мерак да го читаш.
Еден од тие моменти што ќе ги памтам секогаш е и ова четиво што следи во продолжение
Вчера почнаа да ја уриваат мојата куќа, а денес ја срушија до корен. Четворица комшии ги дадовме куќите за зграда. Никогаш во животов не сум видел како рушат куќа. Уште помалку мојата.
Шо знам, не осетив некое посебно чувство, гледав од далеку како багерот се изживува врз неа и го слушам од една страна татко ми како ми вели дека сега конечно ќе помине лошото, дека со неа е крај на некое мачно време и почеток на некое ново. Или во најдобар случај под темелите ќе најдат злато или којзнае што вредно. Не знам дали верувам во проклетија, ама знам дека не бевме нешто особено среќни, како и секое просечно семејство од моето окружување. Само Кате arch enemy, другарка од основно, имаше семејство кое наликуваше на рекламите од телевизија кога сите се собираат за ручек и обично рекламираат крем сир, маргарин или нов пакет фудбалски телевизии на Макс тв и отсекогаш имав некаква аверзија кон нив. Отсекогаш ми изгледало дека среќните семејства се многу неприродни и не можам да ги поднесам.

Во куќата имав и многу убави моменти. Додека ја уриваа не можев да се сетам на нив. Денот пред да почнат со работа влегов во неа колку за последен пат да видам како изгледаше да живеам тука и во собата во која го гледав финалето Милан Јувентус во 2003 година, токму на средината лежеше новогодишна честитка со „Среќна Нова 2013 година" од познат ракопис и упатство од антибиотик кој не знам кога сум го пиел.
Братучед ми кој исто така го гледаше уривањето ми вели Сликај ме брачед пред куќава.
Не можам брачед, ми се тресет рацеве, му велам.
Од возбуда?
Не бе, од петто одделение ми се тресет и не се престанати до сега, му одговарам.


И си мислам, некои работи кои нормално би требало да траат цел живот или повеќе, може да ги снема за неколку минути и шетам синоќа низ урнатините од дворот да ја барам мачката, гледам еден циган како оперира на терен, бара нешто да прибере, тоа му е работа. Тој изгледа не ме очекуваше, мислеше сите си заминале и се стаписа и ме гледа долго и јас го гледам, како на вестерн филмови.
Па го префрлувам погледот на друго место. Џупацот в рака го држеше рендето за сирење шо го користевме дома и на сета мака ме изнасмеа. Му реков Земај шо ќе земаш, само немој да ја чепкаш мачката ако ја видиш.
Која мачка?
Која било, да не чепкаш мачки.
Важи шефе.
Земи ја и корпата за алишта, и покажувам кон неа.
Цк шефе, пластика не ојт. Крут е пазарот.
Ти си знајш.

И толку од еден живот. За година дена се префрлуваме во нови станови, и ќе имам сопствен стан. Ќе го уредам по мое. Само да помине.
линк
На првиот болд колку сум се смеел. :pos:
Посебно внимание обрати на вториот болд. Е тука приказната добива на тежина. Оној плот твист од кој ќе си речеш брејјјјјјјјјјјј да ти ебам.
29ти април 2015, џими бој се опростува од својата куќа и иде да живее кујзне каде доека му праат нов стан.
И ок ај, пишал што пишал, собрал лајкови, сме се изнасмеале, ни било убаво доека читавме, осетивме некоја носталгија или као и да се вика тоа чувство кога нешто заминува во историјата. Сигурно не е носталгија но добро.

1 септември 2016, џиминаторот со ново четиво, едно од многуте добро познати за неговиот лежерен стил на пишување.
На колата имам некој дефект нешто, пумпата за бензин не работи како што треба и не прима добро. Едно стотина пати ме оставила колата на најразлични места, и мене и брат ми кој повеќе ја вози сега... и последно го оставила кај паркингот кај пожарна.

И ок, стои колата 2-3 дена таму, оди брат ми да проба дали ќе запали и по некое чудо запали колата, и папакот наместо да оди директно на мајстор дури работи или еве евентуално да ја остави дома па да бараме мајстори, тој отишол да уплати ливче во спорт лајф и нормално го оставила пред спортлајф на место за инвалиди. Не му текна на човекот да ми каже, ми се јавуваат ми велат си станал просечни кладионичар, 2 дена спиеш во спортлајф изгледа должиш на лихвари, не бе велам од каде ова, па колата ти е таму. Му се јавувам на брат ми, ми вели да бе заборавив да ти кажам оди шлепај ја до негде. Кај да ја шлепам сабота навечер јеботе, луѓе пијат, излезени, со женски дечковци, а јас во ниедно време со двајца мои другари ја шлепаме колата до најблискиот паркинг.

Па ретко кога се осеќам бедно, доаѓа еден џуптин, дај 10 денари. Што да ти дадам му велам, го отворам новчаникот, во него - промашен тикет, икона од Богородица, слика од мене како апсолвент, маслиново гранче кое ми го даде баба ми за здравје, картичка од Спорт лајф, искинато ланче од црква кое исто така ми го даде баба ми, за да ми се лепеле пари. Вистински ортодоксен новчаник. Немам ништо му велам џупац, освен едно делче од искинатото ланче за амајлија. И го лажам дека е за амајлија, јас на џуптин му продавам магии и амајлии, не беше бе животов за мене си мислам.
Таман си одам, џупацот вели фала Џими. Од кај ме знаеш бе. Абе те знам, брат ми еднаш ти го украде црвеното ренде кога ти ја уриваа куќата. Не бе уживај и онака не ми требаше. (немам ренде до ден денес али ајде...)

Пешачам до дома, колата не запали, а на празен новчаник фали уште да заврне дожд и некој да те прободи од позади па да искрвавиш поштено. Влегов дома, зедов да читам. Претходно сум оставил недочитана книга, намерно. Не може да се дочита книга кога е дење. Книга се завршува со читање во некој интимен чин, кога е тивко или кога сите спијат а ти си доживеал некоја слатка смрт како завршување на книга.

Ги поистоветувам ноќите со завршетоците на драги книги или речениците кои одамна престанав да ги пишувам, онаа иста слатка смрт која те тера да бидеш храбар ноќе, поради којзнае што, и истата онаа капитулација следното утро кога сфаќаш колку смешно се губи храброста што доаѓа само ноќе, најглупавата од сите храбрости.

линк
Види го што пишал, види му ситуација и види му состојба во џебовите прво, изгледот на новчаникот иииииии следи болдот, односно плот твистот. Најлудото нешто што може да постои. :vozbud:
Отвори го оригиналниот пост и види го мислењето веднаш под неговото, на 2 септември.

Скокни година дена подоцна и го имаш ова
Ме интересира џими дали се всели у новиот стан. :D
Ми текна на циганот со црвеното ренде прееска. :pos: never gets old.

Каков лик е џимеј, драми. Посебно ми е јак кога се мрази самиот себе а покрај тоа мрази и некои работи што никој не ги мрази, на пример во првиот текст имаш мразење на среќно семејство, пред некое време сакаше да тепа дете пуно самодоверба и слични рандом ствари. Би го читал Џими и да пишува на латиница, све споено и наопаку.

Џими ми е омилен форумџија и најкул лик на форумов. Е сеа јеби га, навива за Милан ама никој не е совршен нели. Тоа е тоа. За да биде иронијата поголема во постот за најкајганџии заборавив да го спомнам а спомнав ликови ко Стекот, Марли и Урко. Никогаш нема да си простам за овој превид.
Тоа е неправда која се надевам ќе биде исправена со овој трибјут. Извини џими уште еднаш, прости ми. Јас не можам.

Годината е 2035та, џимеј е среќно оженет, има среќно семејство, синче пуно самодоверба, жена што ја сака, успешна кариера на сценарист и режисер со многу награди позади себе.
Во продолжение имаме 2 слики од него, првата фатен од фоторепортерите како покажува со прст кон неговиот главен актер Джџонтра Волта во филмот кој освои прва награда на филмскиот фестивал во Кан.

Втората како дава изјава за истиот филм и истиот актер кон кого упатува искрени честитки за освоениот златен глобус за најдобра главна машка улога во драма/трагикомедија.

Јас сега се одјавувам, одам да пијам некоја ракија и да гледам лига на шампиони.
Останете ми со добро, искрено ваш Джонтра Вохохохолта.



Се гледаме за неколку денови со нов материјал во кајгана vintage.
 
Последно уредено од модератор:

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
There once was a poor china man who made his living mining away at a huge mountain. Every day...pick..pick....pick.... Until one day a group of imperial guards came riding along and demanded that the miner hand over all of the precious stones he's worked so hard for.

Which would you rather be? The miner or the Guards?

The guards happy with their days looting were riding along the country side enjoying their rank and powers that come with it until a gigantic typhoon flung the soldiers into the air to their death.

Which would you rather be? The soldiers or the gigantic typhoon?

The typhoon swept across the land with it's unforgiving winds until at last it came upon a mighty mountain. The typhoon could not go around it. It was to wide. It couldn't go over it. It was too high. The typhoon had no choice but to fizzle, fade and die

Which would you rather be? The typhoon or the might mountain?

Ah well now you are the mighty mountain. Surely nothing could be greater? But wait. What is that sound you hear? Pick....pick....pick. You look down to see a Chinese miner picking away at your very being. Helpless you watch as methodically picks away at you.
 
J

joli1

Гостин
Драга Кајгана, не сум ти пишал одамна.

Многу ствари се сменија, нешто на боље нешо на многу полошо, но решив малку да се смирам. Сега сум година постар, ваљда и нешто повеќе позрел, работите ги гледам од сосема друг агол него што ги гледав пред некое време, ама грешките се истотака поголеми, а времето се побрзо и побрзо, прави да се чуствувам како да си го трошам залудно.

Ваљда моите напори да бидам боље ќе се исплатат, ваљда среќата и мирот ми се блиску.

Останете ми живи и здрави.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Драга,

Случај 1
Во изолација си, ама работиш од дома
Случај 2
Користиш одмор, ама работиш од дома
Случај 3
Во изолација си, користиш одмор, ама работиш од дома
Трудова инспекција
Да сте здрави и живи
IMG_20201125_095707.jpg
Секоја сличност со некои овдешни "компании" е случајна.
 
C

CoolIris

Гостин
Драга кајгана,

Денес е светскиот ден против насилство врз жените. Истиот е воспоставен за првпат во 1981 година во Богота, кога феминистките за првпат проговориле јавно за семејното насилство, сексуалното злопотребување и силување. Всушност, 25 ноември е ден на сеќавање на сестрите Мирабел, кои биле брутално убиени во Доминиканска Република во 1960 година, од тогашниот диктатор Рафаел Трујило. Во 1999 година, генералното собрание на ООН и официјално го потврдува 25 ноември за меѓународен ден за борба против насилство врз жените.

До сите "фраери": нема да употребам клише реченици од типот "вистинскиот маж никогаш не удира жена" или "жената се сака, а не се тепа", туку ќе цитирам едни други збориви: "Violence is the last refuge of the incompetent." - Isaac Assimov

До сите жени: не се деградирајте сами себе. Ниту една причина не е доволно голема, за некој да ве малтретира и да се изживува врз вас. Значи, "не, не беше ти крива затоа што го изнервира" и "не, не треба да дозволиш само кога е пијан или нервозен да те малтретира" . Не е во ред да бидеш контролирана, јавно понижувана и деградирана, да бираш меѓу пријателите и партнерот и да се чувствуваш виновно заради сето тоа. Никој не може да те натера да се чувствуваш помалку вредно без твоја дозвола. Затоа, не ќутете и не трпете, туку пријавувајте таму кај што треба да се пријавува!!! Насилството врз жените е проблем на целото општество.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
ДрааааааааааааагаааааНААААААААААААААААААААААААААААААААААААА

Жими се' пре би живеел во заблуда дека сум потомок на Филип и Александар и имам нивна ДНК него да живеам во држава во која премиерот има вакви изјави.
Да ти ебам животот Марио што го живее, да ти го ебам, тажен.

1606318059370.png

1606318067545.png
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Доаѓам капнат од работа, преспивам два саата, се будам и читам дека и Марадона заминал... Фудбалски бог, шоумен, човек без влакна на јазикот... Мислам дека немало повпечатлив лик во фудбалската историја. Ако за некој играч ми е криво што не сум се родил порано за да бидам сведок на неговата игра, тоа е баш тој.

Почивај во мир друже Диего... Животот стварно е томбола...

 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.459
Поени од реакции
17.957
Драга,

9 саата вчера на ладното, од попладнето до 10 вечерта. Среќа утепавме 6 кила домашно вино, па не грееше убаво дур не завршивме. Имаше и некое печење од претходниот ден, кога се колеше, а мајсторот зеде и две гранки, ги изостри со нож, надена на нив сланина, и ја бутна директно во ќумбето, кај огнот. Перверзии, јазикот ми трне во моментов дур пишувам, криво ми е тоа што не го сликнав. Кој и да ми се јави, се накани да сум го викал на гости. Мало морген, ова за мој мерак, моите и кумот, и мајсторот секако, не излезе повеќе од 5 кила на крај.

Таков залиен со вино и укорнат на сланина, премрзнат, не се ни истуширав кога се вратив, директ во кревет, ме заболе цев :D


P. S. Rip Диего, инспирација на многу фудбалери и усисивачи.
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.809
Поени од реакции
30.691
Кајги...

Денес на 60 годишна возраст светот го напушти еден од најдобрите фудбалери кои трчале по зелениот тепих Диего Армандо Марадона.
Старите можеби се сеќаваат подобро а ние ќе го памтиме по неговите голови по индивидуални пробиви и секако "божјата рака" од тв шпиците и распуштениот начин на живот.
До толку бил популарен што му понудиле американско државјанство а поранешниот државен секретар на Америка- Хенри Кисинџер лично му се јавил на Марадона и му ветил дека ќе го избави од даночни обврски.
Но Диего одбил.
"Бараа од мене да станам Американец.
Ми понудија астрономски пари но државјанството, можноста да се биде Аргентинец нема цена!" пишува во неговата афтобиографија.

И гледаш вести ликови ко Заев-тумор!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom