Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Дојде попот нешто да освети за Св. Никола, како за слава, а татко ми не се погоди тука кога дојде попот и бев сам со брат ми, ама човекот се си наместил пченица, лепче, вино, свеќи, само да дојде попот и супер.
Арно ама ми текна дека треба нешто пари да му дадеме, на крајот вадам новчаник гледам 500 денари си велам нема шанси 500 да дадам за 10 секунди пеење, му велам на попот на ти 500 ако можеш ама да ми вратиш 400 кусур за да протуркам уште некој ден со париве, знајш како е ова она...

Изгледа догодина дома поп нема да пее...
 
6456.png

nemozam da prestanam da se smeam Xd
 
Не знам дали се бедирам што годинава што ќе заврши ми беше меѓу најубавите или тоа што нареднава ќе има многу промени на секој план :/ Во 2017 од почеток до крај беше врв. Од НГ во Белград, два викенди на снегот во село како мало дете, земање CISCO сертификат, месец дена шетање низ Европа, дружење, унапредување, причини за славење со роднини и другари, Вардар шампион, станав тетка и што уште не... Да можам да изберам, пак ќе ја "преживеам" оваа 2017. Се што барам од 2018 е да е барем како 2017, не мора подобра.
 
Замисли К, највеќе коа ти требаат се тргаат.
Замисли, свесно го прават тоа. Замисли, мислат дека така треба за да докажат глупа поента.
Замисли да им текне како ти си постапувал со нив кога највеќе си им требал.
Само замисли.
 
Кои алапачи сме биле дома во детството еј. Кога некој ќе се степал со некој, кога некој ќе дупнел глава или паднел, одма дома извештај за се. За цело одделение се знаеше кој највеќе се закачал, кој со кого се тепал, кој најнемирен бил... Ама затоа јас ако паднев, прво наоколу што ме виделе сите ќе им кажев да не и кажат на мама, а потоа дома ќе седев со перничиња или наоблечен цел дури и во лето, за да се прикрие крвавото колено. Еднаш дури дупнав глава пред наставничката што не чуваше таму, па почнав солзи да ронам, не од болка, туку дека знаев дека нема шанси сега да заташкам, нема бегање :D Сега малку се удриш одма се жалиш ау ама се искршив, порано ќе се разбиеш од врата ќе кажеш промаја мавнало затоа лупнало за да не ти се каже зошто не внимаваш или пак “колку пати ти реков да не трчаш низ дома, на ѕидот ли му зборам“ :noze:
 
Creators update од април 2017 изгледа конечно дојде на моево 7 годишно PC.
Ми рече ќе потрае ова, планирај време за рестарт.
Ајде, со Господ напред.
 

Пари имаме.Имаме за службена кола од 35000€ или патни трошоци за 100000€, карти во бизнис класа и бифтек од бизон.Не се замараме ние со ситници.Македонија е пребогата за ова.
:sick::sick::sick::sick::sick::sick::sick::sick::sick:
 
Ми недостига стариот живот.

Ми недостигаат пријателите.

Најмногу ми недостига една временска машина да можам да ги поправам сите грешки кој ги направив или барем да фатам друг правец од тој кој го зачекорив поседниве десетина години , едно отсуство од час тој ден - една друга улица да одберев тој ден којзнае кој живот ќе го имав сега.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom