C
CoolIris
Гостин
Драга Кајгана,
Си реков денес втора смена, еј супер ќе се изнаспијам ко човек, затоа што последните неколку денови сум хронично ненаспана. И пак станав утрово во 06 и 15, па бидејќи немав што да правам, го шетав бебчево низ населба. Бебче = куче, во мојот случај.
Инаку сакам да кажам, вчера на преглед дојде пациент со тетоважа "Никола Груевски" на левата страна од градниот кош. Значи, exactly кај срцето. Среќа носиме маски на лицево, па не ми се забележа "what the fuck" фацата што ја направив. Се е океј, секој со својот идол во животот.
Друго, читав погоре за различните типови на луѓе што ги среќаваме во животот. Се согласувам со напишаното, ама да не се лажеме, сите барем еднаш во животов сме биле "Само да прашам нешто" - човекот.
Ииииии за крај да кажам дека и мене многу ме нервира кога не се почитува правописот и начинот на кој што се изразуваат некои луѓе на форумов (посебно кога станува збор за долги реферати, на сериозна тематика). Знам дека некогаш и јас правам грешки, ама генерално пред да го постирам постот, се трудам да го прочитам барем еднаш. Тоа што ме нервира е пишување на латиница и пишување сваќам наместо сфаќам, ефтино наместо евтино, сватба наместо свадба, незнае и неможе наместо не знае, не може, децки и прецедател, наместо детски и претседател. Ме нервира многу кога некој во трето лице множина пишува работаат, учаат, праваат, мислаат. Значи, ако глаголот во трето лице еднина завршува на -и (тој учи), тогаш во трето лице множина, -и преминува во -а (тие уча), па потоа додавате само -т (тие учат).
Значи ќе биде: тие работат, тие мислат итн. Ако глаголот завршува на -а (тој гледа), тогаш додавате -ат (тие гледаат). Значи ќе биде: трчаат, цртаат, играат итн. Има уште многу нешта кои ме нервираат, но ќе продолжам во некој друг пост.
Убав ден!

Последно уредено од модератор: