Драга Кајгана (виртуелен дневник)

InStealth

Лабаво лавабо
Член од
10 февруари 2015
Мислења
221
Поени од реакции
560
Д.К

Тешка глупача сум што не отидов за 200че да го гледам Карабатиќ па морав тука да се ѕверам у крш телевизор и глуп коментатор да слушам кај треска ...Ако ми е ! :place:
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.354
Поени од реакции
25.033
Вчера почнаа да ја уриваат мојата куќа, а денес ја срушија до корен. Четворица комшии ги дадовме куќите за зграда. Никогаш во животов не сум видел како рушат куќа. Уште помалку мојата.
Шо знам, не осетив некое посебно чувство, гледав од далеку како багерот се изживува врз неа и го слушам од една страна татко ми како ми вели дека сега конечно ќе помине лошото, дека со неа е крај на некое мачно време и почеток на некое ново. Или во најдобар случај под темелите ќе најдат злато или којзнае што вредно. Не знам дали верувам во проклетија, ама знам дека не бевме нешто особено среќни, како и секое просечно семејство од моето окружување. Само Кате arch enemy, другарка од основно, имаше семејство кое наликуваше на рекламите од телевизија кога сите се собираат за ручек и обично рекламираат крем сир, маргарин или нов пакет фудбалски телевизии на Макс тв и отсекогаш имав некаква аверзија кон нив. Отсекогаш ми изгледало дека среќните семејства се многу неприродни и не можам да ги поднесам.

Во куќата имав и многу убави моменти. Додека ја уриваа не можев да се сетам на нив. Денот пред да почнат со работа влегов во неа колку за последен пат да видам како изгледаше да живеам тука и во собата во која го гледав финалето Милан Јувентус во 2003 година, токму на средината лежеше новогодишна честитка со „Среќна Нова 2013 година" од познат ракопис и упатство од антибиотик кој не знам кога сум го пиел.
Братучед ми кој исто така го гледаше уривањето ми вели Сликај ме брачед пред куќава.
Не можам брачед, ми се тресет рацеве, му велам.
Од возбуда?
Не бе, од петто одделение ми се тресет и не се престанати до сега, му одговарам.

И си мислам, некои работи кои нормално би требало да траат цел живот или повеќе, може да ги снема за неколку минути и шетам синоќа низ урнатините од дворот да ја барам мачката, гледам еден циган како оперира на терен, бара нешто да прибере, тоа му е работа. Тој изгледа не ме очекуваше, мислеше сите си заминале и се стаписа и ме гледа долго и јас го гледам, како на вестерн филмови.
Па го префрлувам погледот на друго место. Џупацот в рака го држеше рендето за сирење шо го користевме дома и на сета мака ме изнасмеа. Му реков Земај шо ќе земаш, само немој да ја чепкаш мачката ако ја видиш.
Која мачка?
Која било, да не чепкаш мачки.
Важи шефе.
Земи ја и корпата за алишта, и покажувам кон неа.
Цк шефе, пластика не ојт. Крут е пазарот.
Ти си знајш.

И толку од еден живот. За година дена се префрлуваме во нови станови, и ќе имам сопствен стан. Ќе го уредам по мое. Само да помине.
 
Последно уредено:

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.010
Поени од реакции
7.721
Ако умрам млад само од песнава ќе загинам. На толку лоши работи ме потсеќа а не можам да престанам да ја слушам.
 

ХулахопкиСоТочки

Out of step with the world
Член од
9 август 2014
Мислења
1.494
Поени од реакции
5.250

Нормално, пошто си помек од ленор ќе се осеќаш ко психата да ти ја пернал хелихоптер.

И некако тужно е коа на некој му ја даваш и последната мастика или што и да е, би му дал се што имаш и немаш ако му треба, а он те остава на цедило у прва прилика.
 
Член од
1 декември 2011
Мислења
2.680
Поени од реакции
3.053
Osetlivo srce imam.
Ne daj Boze da treba cel den da go pominam so edna licnost.
Sega pametot tamu mi e.
Why m I like dis?
Glupava.

Go citam postov i se zbuniv. Sea ne znam dali srceto ili pametot?
Pametot e be.
Dobro mi e srcevo. Se drzi. Ama ako treba uste eden den. Ke bide problemi.
 

Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.613
Поени од реакции
12.411
Каква мрза ме има фатено, страшно нешто. Ме мрзи дури и тебе да ти пишам, ама досадно ми е неам шо да прам, па тебе че ти чкртам по ѕидов.

Ме мрзи на работа да појдам, ме мрзи од кревет да станам, а моментално седам...ама и тоа ме мрзи....ме мрзеше да отидам на роденден кај прв братучед, ама ај, отидов.....ме мрзеше да се испцујам 3-4 пати што отидов, па ај си опростив овај пат.

Ме мрзи и тебе да те читам, ама неам ништо попаметно да прам. Ме мрзи да се нервирам за глупости што читам по фејсбук, а многу ги има. Ме мрзи да се замарам со дебили. Да мислам шо да прам за Мај. Ме мрзи ко че ми текни дека утре треба да одам да си ја зеам личната карта. Ме мрзи ко че ми текни дека треба цел спрат да го средувам летово....и дворот....и колата....Ме мрзи едноставно муабет да прам и да се објаснувам. Не знам бе ! ЕПТЕН МЕ МРЗИ АМА ОНА СТВАРНО ЕПТЕН !!!

И се тоа пошто асолен муабет неам напраено бог знај колку време, се тоа пошто со човек не сум седнал и не сум бил оној ја кој што сакам да бидам ненормално долго време. Така и ми треба кога им одам по газ на сите. Ама и за тоа ме мрзи да си се лутам сам на себе.

Едино што не ме мрзи е да си праам филмови во глава. Да си мислам како би отишол сеа со добро погодено друштво, на Треска или на Охридско, што да не и Преспанско. Да си седнам покрај вода, да ми црцорат птици, да си слушам жуборење, во позадина некој тажен виртуоз на виолина или пак лагани тамбураши со нивни преработки на екс-ју хитови ти крева атмосфера уште толку. Пред тебе мирисот на влажна трева и цветни дрва да е измешан со 2 парчина свежа калифорниска пастрмка, една шопска пред тебе, 2-3 чоканчина и домашно црвено вино од 82'.........

Е богами драга, за тоа ич не ме мрзи. Ајт отидов ја да збрмчам едно кафе.
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.240
Поени од реакции
4.432
Eлектрашка ми рече дека сум личел на Стивен Хокинг. :свиркам:
Sapiosexuality--------> look alike fetish?------------> :sekcza:
 
Член од
28 јануари 2015
Мислења
518
Поени од реакции
2.870
Кеј,
овој Мојсо мислите како да ми ги прочитал. Само мене шо ме мрзи дури и да кажам дека се ме мрзи.
(n)

Туку, овие шо ги пишат хороскопите абре нели знаат дека не сите се вработени, у врска или у брак. Не има и такви кои не сме во ниедна категорија, такозвани изгубени души. :D Напиши таму бар една реченица да не ми е за џабе читањето. Не дека верувам, али ритуал пред спиење ми е. :D
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Драга...

... моментално учам за Наполеон, а утре полагам колоквиум, па затоа сум „у фазону“ да пишувам за него. Најголема негова доблест била што секогаш се опкружувал со способни лица. Значи не му било битно на каква политичка идеологија припаѓале, дали се противеле на неговиот режим, дали биле левица или десница, битно му било за сите важни позиции да има квалитетен кадар, кадар со кој ќе се советува. Луѓе кои ќе му кажат „не си во право, не треба така, вака треба“. Секако, на него останувало дали ќе прифати или не, но во секој случај го ценел нивниот совет и не гледал да форсира свои луѓе на значителните места во државата. Секако дека постоеле позиции кои ги пополнувал со свои луѓе, но позиции кои му служеле само за да обезбеди контрола. И гледај баш што го направило таквиот пристап, нема човек во светов кој не слушнал за него, подемот на неговата држава од него почнала и сеуште трае.

Како и да е, сакам да повлечам паралела и да споредам со тоа кај јас живеам, во какво општествено уредување се наоѓам денес, со тоа што го изучувам за него во почетокот на 19ти век. Не зборам глупости кога викам дека државава ни е многу време уназадена. Такада апел до луѓето во нашава држава, гледајте да не повлекувате врски, без разлика дали се за ваша корист или правите услуга на некој ваш. Колку и да е тешко (а е, и те како, лично сум искусил и секојдневно ме обесхрабрува и мене), пробајте да го заработите своето место во општеството и гледајте да ги бирате луѓето според нивната способност, бирајте ги според тоа какви се, а не кои се. Пошто ако во оваа област сами не си помогнеме, никој нема да ни помогне. Ако сами не почнеме да правиме промени, никој нема за нас тоа да го направи. Be the change you want to see in the world. Кај секого од нас е моќта, колку банално и да звучи тоа. Нема никоја влада да ни угоди специјално на нас ако не и е во прилог, едноставно некои работи не можеме да ги бараме од други. А со оглед на тоа што сме мала држава, не треба многу напор за да пробаме да го средиме овој проблем кој упорно не кочи. Ние сме државата. Pretty please!
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom