Драга Кајгана (виртуелен дневник)

AAbrat

*******
Член од
28 октомври 2015
Мислења
733
Поени од реакции
1.674
ДК.

Секој нов ден умира дел од мене. Денеска умре еден "поголем" дел. Ова е приказна за изгубена младост, ова е емотивна приказна....
Се мислев лани што правеве периодов, башка инстаграм ме "потсети". Сабота 20 часот седам пред лап топ и се мислам , нешто недостасува, не е како што беше некогаш :) Нешто многу фали.
Добро што правеве лани периодов си викам ајде и денес да пробам. Сакам ама неможам ништо да променам... И ми се врати филмот зима 2019.

Сабота најчесто беше ден за ракомет. Цел град одеше во спортска сала Билјанини Извори во сабота да ги гледа натпреварите на Рк.Охрид. Јас не бев во тие што се класична публика туку бев дел(и сум уште) од навивачка група, па така ако утакмицата беше во 19:00 часот, со екипа на пиво во кафана уште од 17:00 ке бевме седнати. После многу еуфорија и многу пива испијани, дома се прибирав на пола сат, да се средам, да се искапам , и нормално во сабота ЗАГРЕВАЊЕ со домашна ракија , 1 пред напуштање на мојот дом можеше да се очекува. Сабота е денот кога се ЗАГРЕВАМ без разлика дали има или нема утакмица, едноставно сат два пред излегување седнувам дома со другар или сам и уз музика и добра ракија се присетувам/е на убави спомени/моменти поминати заедно.... Викенд класика после то, или паб, или биртија, некогаш пак кафана, некогаш клуб битно е нешто да се дешава. После затварање забавата знаеше да ни се префли надвор па така некоаш надвор се продолжуваше со дружба, некоаш кај другар , некогаш касните сати ке ги посветиш на понежниот пол и така..... :D Муабетов ми е пошто сум млад секој викенд некоја лудорија, нешто ново се дешаваше до лани.
Преска седам , дури заборавив дека е сабота. Прошла година ако во сабота од 17:00 - 04:00 бев излезен тоа не е случај и годинава. Никаква еуфорија големо мртвило низ град, ракомет нема, салите и стадионите затворени, кафани затворени, кафичи затворени,... децата ги нема и тие најмладите ни основците ни средношколците. Ако телефонот во сабота вечер ми звонеше 10-12 пати, муабети од типов кај си брат доаѓај ваму сега нема ни 2 повици такви. Шетам по кеј , и мислам дека е доцна а тоа уште немало ни полноќ. Ама кај да знам времето не поминува, луѓето ги нема, забавата ја нема, животот на момент застана.
Отидов преска пред затварање до маркет, си зедов еден шток и се напив. Се напив за младоста за животот, за емоциите , за еуфоријата, за љубовта, за болката, за тагата, за среќата за све што имам искусено за овие 24 години и за ништо не ми е криво. Се напив и од тага за многу млади генерации кои сето ова што го напишав им е украдено...... Ова е приказна за една украдена младост , за сите млади деца чии живот требаше да продолжи или да започне ама го убија со сите можни начини.

Зато ке повторам не е битно да живееш долго , битно е да живееш КВАЛИТЕТНО.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.034
ДК
Денес прочитав интересна вест..
Ова му фали на Штип.. Можеби ќе воведе реге музика во текстилните фабрики, тревка на отворено покрај Брегалница...
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Хаха Џими се кандидирал. :) Малку се грешка на порталот. Не е прв пат. Џими беше кандидат и за пратеник на едни избори, исто преку една од помалите партии. Инаку веројатно сите го знаеме од рекламите и скечевите на К-15.

 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Реално пеер, Трамп не го бива. Значи мрзи пеер други раси, ене глеј на кутрине латиноси пеер ѕид сака да им изгради. Исто, пеер, глеј ни црнциве не ги сака кои цело движење имаат против полициска бруталност која пеер, за воља на вистината увек била присутна у Америка пеер али сеа некако осеќам дела најмногу убиваа луѓе пеер. Не знам, многу ми е некако антипатичен пеер, ич не е добар за светот, ич пеер, ич.

FB_IMG_1604847182314.jpg
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.028
Поени од реакции
1.147
Драга
денес е 30-годишнина од падот на Берлинскиот ѕид, се е тоа супер од аспект на демократија, но каде е моментот што источниот дел на Германија уште заостанува по стандардот?
Меркел си зборува само за демократија во денешниот говор, но не споменува за стандард.
 
Член од
26 август 2019
Мислења
351
Поени од реакции
763
Кајги,

Ми недостигаат мама и тато! Денес после 18г многу ми недостигаат. Мислам дека прв пат се чувствувам вака мачно и тешко и болно и празно... Излегов до град утрово да купам нешто, појдов до работа, се тече Кајги, се си има свој тек, годините си одат а мене неизмерно ми недостигаат да се радуваат сега со мене, да ја прашувам мајка ми за совети, да го радуваат татко ми со своите палавости, да ги носи на ушка или да ги шета по Љубаништа во лето, да знам дека моите колачиња ќе имаат вистински баба и дедо кои ќе се радуваат на нив. Ми недостигаат нивните светли очи и нивното топло срце, нема родители како нив на светот.

Се сеќавам, имав 5г кога многу сакав во Луна парк во Грција на море, тато ми вети но вечерта му дојдоа пријателите од Скопје и не ни потсетив, само натажено заспав во својот кревет. Другиот ден не можеше да ме погледне во очи, едвај дочека да се спушти сонцето и да ме однесе. Се извини милион пати, ми ги купи сите жетони и купони за играчки, ми купи се што погледнав и кога се враќавме кон вилата со 10 балони закачени на неговата рака се смеевме дека ако ми ги закачи за мене ќе нќме кренат во возфух и ќе одлетам. Го паметам тоа како вчера да беше. Се сеќавам на првиот муабет со мама за момче, имаше еден дечко на курс кој беше лудо заљубен во мене а јас бев толку смотана што појма немав како да се однесувам. Имав 16г, непосредно пред да загинат, само 2м подоцна пораснав толку нагло што ништо не беше веќе исто. Имав прекрасни баба и дедо кои ме исчуваа уште 2г но и нив ги изгубив бргу и од тогаш сум сама. Многу е тажно да се заколнеш на вечна љубов со саканиот а кога ќе се свртиш да не ги здогледаш родителите среќни за тебе. Боли да се радуваш за своите успеси а да немаш кому да му ги раскажеш сите твои успеси. Ќе останам вечно малата на Тино и Маја, дури и сега додека растат во мене моите 3 колачиња, јас сум сеуште девојчето што тој кобен 18ти ноември ги изгуби своите родители во ужасна сообраќајка. Го памтам денот, како вчера да беше, кога дојде кумот да ме земе од школо, Теа, мора да ти кажам нешто! Тоа нешто ме боли еве 18г.

Но имам среќа, го имам него, мојата најголема поддршка, мојата љубов, ги имам нив, 3 светлинки во мене кои растат. Имам неизмерна љубов за нив, да им раскажувам за баба и дедо кои никогаш нема да ги запознаат, за нашите семејни излети и кампувања, за нашите среќни мигови. Додека ги местев фотографиите вчера на ѕидот плачев, ми беше тешко и болно, но знам дека ќе бидат со нас постојано, во секоја светлинка ќе ги барам нивните очи.

Има и такви денови Кајги, за мене таков е цел ноември. Добра ноќ! На мени е божиќен филм и какао, си ја!
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
Дремам дома,конечно малце повеќе слободно време.Листам по темава и ми светна.На 7ми ноември годишнина ни беше Драга:love:
12 години човече кога поминаа,израснав со форумов у пм.
Се и свашта имаше,по некоја љубов,нови познанства,зезанции интересни луѓе,мислења.
Интересно поминато време у секој случај.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.818
Поени од реакции
17.404
Драга

Имаше пред некое време дискусија на една од твоите теми на која сцена од филм сте се расплакале, вечерва се сетив на сценава и иако сум баш тежок на пуштање солзи, некако секогаш кога го гледам филмот знае да ми потече солза. Штета што филмов нема светска слава, бидејќи ја заслужува. Исто така голем придонес во ремек делово има и творецот на музиката, нашата легенда Влатко Стефановски.

 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.351
1604976635418.png

Уште двојче. Како Туфи и Двојче...

And while we're at it.. 584 денови од самоубиството на Туфи. Почивај во мир Билјана Беличанец, никој не заслужува да оди низ живот во кој одјавувањето од планетава мора да биде на таков начин.
Check in on your friends today, со економскава и здравствената криза, не знаете низ што поминуваат.
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
5.450
Поени од реакции
17.888
11 дена строга изолација, 5 дена 14ки на работа, викендов дежурен. Сва среќа го шитнав точакот што го купив пред 5 месеци и го возев вкупно 5 пати тура по околијава - за што се курчев по социјални мрежи, и 5 пати до парк, па си земав пак сонка и по сплет на околности ја изрентав RDR2 за петстотче на два месеца. И висам на неа као Кили на хорс, играм ко да ми е последно - дур не искрафтам и не убијам све живо и диво, заборавив да зборам и уствари нејќам и нема да се глеам со луѓе изгледа уште еден месец најмалку, примам само женска домашна посета, а прв пат и ми е фрка со епидемијава па може вака да терам и до март. Колекцијата игри ми е на врло завидно ниво и животот е прекрасен пак.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom