Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.831
Поени од реакции
17.468
Драга

Петак д'н за метак викаат во мојот град. Кога одев на училиште едвај чекавме да дојде петок, ем да одмориме од училиште, ем да излеземе вечерта во чаршија. Имав еден стар касетофон и неколку омилени касети, ама дефинитивно ми беше најомилена Како да побегнам од се од едниот и единствениот Раде Врчаковски а. К. а. Врчак. Се сеќавам исто така едвај чекав да гостува во мојот град и заглавив здраво до 4 наутро, иако немав наполнето 18 години. Ех, каде се тие времиња...
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.828
Поени од реакции
36.860
Драга,
Не знам како е во другите гимназии во Скопје, уверен сум дека не е исто, но во Корчагин, што ја сметаат за една од најјаките гимназии во државава, има професори со IQ колку на кокошка. Нема да бидам родител кој ќе ги присилува или сугерира на моите деца каде и што да учат, ама дефинитивно ќе им забранам да стапнат во Корчагин, па мајка Јана нека е!
 
Член од
28 јуни 2013
Мислења
316
Поени од реакции
1.940
Тука сум, чат пат ве читам, понекогаш тргнувам да пишам нешто ама немам зборови. Не знам уште како да ја сумирам годинава, па затоа само си молчам.

Чувајте се. Немам друго ништо паметно да кажам.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.400
Поени од реакции
85.351
1604699341625.png


Нова песна излезе денеска. Линк

-Пуштиле коси, пуштиле бради, влегле во некој "ќе ја спасиме ние татковината со песна!" филм
-Последен пат кога беа релевантни беше некаде во средина на 2000s
-Нешто као демек "мора да се спречи бришење на историјата, нацијата и идентитетот", ма ајде...
-"Да го спречиме геноцидот врз нашата нација" - ма ајде, каков ВМРО муабет е ова?
Ако сакав да слушам политичко мислење од страна на човек што е активен во музиката ќе го слушав Мирко Попов, а не овие наркоманиве


Pic unrelated, супер песна и порака на System Of A Down, мило ми е што се обединија за нешто многу поголемо од внатре-бендовски проблеми (y)
 

Strictly

word is bond
Член од
9 јуни 2019
Мислења
486
Поени од реакции
1.645
Кад је тежак дан на лице ти набаци кез
Москри локо пајдоман у худу прави зез
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.968
Поени од реакции
73.941
Датумов (7 ноември) е еден од оние на кои судбината сакала да носам некои клучни одлуки во животот. Меѓу другото, ланската година на овој ден добив повик кој направи огромни промени во моето секојдневие. Утре треба да соопштам одлука која ќе го смени животот на некој друг, мој близок. Не е лоша информација, напротив веста е одлична.
Во свет во кој сегашните студенти не знаат што значи „де нада“, затоа што не растеле со шпански серии, одам по вода и не пропаѓам, мајка еднаш во светот ваков син раѓа... Јадам гомна, одам по жолтите листови позади влада, ги влечам патиките за да крцкаат повеќе и ги привлекувам туѓите погледи додека одам мижејќи и ми се врти „раце горе“ во глава.
На времето имавме мсн частови со еден куп кајганџии. Сите ќе додадеа по 100 нови луѓе во конверзацијата и кочеше цел компјутер. Па кога ќе пратеше nudge некој, единствен лек рестарт. Имаше едно дете со кое муабетевме, па од небитните информации кои ми зафатиле некое делче од меморијава, се сеќавам дека имаше девојка која сакала да работи како дувач на жолтиве напаѓани лисја во Жена парк. Секогаш се сеќавам на него кога ги гледам уништувачите на есенското руво на паркот, како ги дуваат лисјата во еден куп.

За крај на овој пост од неповрзани работи, remember, home is where Slavija is.
 

Strictly

word is bond
Член од
9 јуни 2019
Мислења
486
Поени од реакции
1.645
Ме интересира, има ли друг начин да се труќаш, освен при употреба на изразот "не се труќај" каде евидентно се труќаш.
 
Последно уредено:

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
12.363
Поени од реакции
38.670
Кеј,

Велики дан, цела Србија слави а ево и причину ...

Кликаш на статијата, и читаш како Надал се откажал од некој турнир, и со тоа автоматски Ноле ќе биде прв на АТП до крајот на годината.

Нема ништо подолно од тоа да си српски портал "новинар", апсолутно ништо.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Kajгано за малку ќе ти умрев.
9 дена со ред, 39.5 температура која никако не сакаше да спадне се до вчера.
Некој телово како да ми го гореше со напалм.
Сега е поинаку.
Ги нема халуцинациите, омалаксаноста, ќебето кое го гледав како планина додека се фаќав за нос да проверам дали воопшто дишам. Накрај чинам само духот си го гледав и осеќав, а не и материјата.
Примам веќе неколку дена системи на болница кои направија да ми е подобро, и тоа по два во денот утро-вечер.
Одам на многу подобро.
Речиси секој ден зачекувам како некој во ковчег пред мене изнесуваат.
Уште има идиоти што не веруваат дека постои корона која не е ни малку слична на настин или грип, кои на нога со две три потења сум ги туркал. Ова е едно така напорно срање шо ме донесе на раб на смрт, шо чинам до нова година ќе се опоравувам. За 9 дена ослабев над 10 кила.

Носете маски луѓе, вардете се, не си играјте играчки. Пазете се себе и вашите најблиски.
Баталете кафиња мафиња, кафани на подолг рок. Изолирајте се дури не е доцна. Некои од вас ќе го поминат можеби и неосетно, но болнициве се полни со млади луѓе со 40 температура кои припаѓаат. Бидете озбилни. И не, нема да ве спасат лук вода, домашни лекови како што ве лажат. Секогаш барајте совет додека не е касно и тоа од доктор и никој друг. Не си играјте домашна медицина, оти може да заврши фатално.

Ве сакам.
Се надевам ќе се читаме уште долго.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom