Lester Freamon
A man of focus, commitment, sheer will...
- Член од
- 14 јануари 2015
- Мислења
- 16.238
- Поени од реакции
- 36.512
Шефче, пред 4 денови требаше да ти славиме јубилејен 60ти роденден, години кои секогаш ги спомнуваше како репер скалило за пред пензија - фаза за која имаше еден куп планови кои за жал останаа неостварени. Тој ден после неколку години отидов пак на нашето место, фрлив неколку пати со трските, но не е тоа-тоа, нема со кој да се прават стратегиите каков систем ќе врзиме, каков конец, какви јадици, какви мамци...ме дружеше само малата која низ годините без тебе беше посилна и од тоа што очекував.
Посакувам да беше тука за совети и бекап во следниот период, бидејќи ме очекува потешка и понапорна година дури и од таа кога останавме без тебе. Време е за нова животна промена, едниот бекап план на кој работев повеќе од 2 години конечно доби позитивен исход, а веќе се впуштам и во вториот кој е поризичен и од првиот, огромен влог и уште поголем ризик со кој или ќе завршам како пропалитет или за неколку години ќе постигнам колку сите предци заедно
Без разлика на тоа што ни ти ни јас никогаш не сме верувале во тој задгробен живот, искрено потајно се надевам дека во некаква форма постои нешто слично и дека пак ќе имам прилика да те сретнам, не постојат зборови со кои може да опишам колку ми недостигаш