Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
13 јули 2006
Мислења
15.444
Поени од реакции
18.432
Драга кога програмер ќе се прави фраер и ќе стави на колата регистрација NULL, надевајќи се дека ќе го заеби системот за наплата на казни, му иди инстант карма.
Системот сите казни за кои не може да пронајди регистрација ги пратил на негова адреса, вкупно $12 000 досега :pos:
 
Последно уредено:

redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.269
Поени од реакции
2.024
Кајги,ова стана огромен хаос.
Смачено ми е од неодговорниве луѓе.
Зошто им е тешко да носат маска,да држат дистанца и да дезинфецираат раце?
Зошто не капираат дека луѓе умираат?
Грам совест да се немало...Срамота,бре! :uzi:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.770
Поени од реакции
36.699
Драга,
Празници се ближат,
празници се ближат,

празници се ближат,
празници се ближат,
празници се ближат,

празници се ближат,
празници се ближат,
празници се ближат,
празници се ближат,
празници се ближат,
празници се ближат...

 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.818
Поени од реакции
17.404
Драга

Џентлмен и онаа на свињоглавиот од Алфа се во мртва трка меѓу најкринџ емисии на нашиве тв фреквенции. Ако ми текне уште некоја ке ја додадам.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
182
Поени од реакции
635
Време е овој профил да го пуштам по вода и да намалам со дружење на форумов. Далеку од то дека бев активен со други тука, али секој ден индивидуално киснам на разни теми и читам мислења. Има нешто во то ко ќе видам некои од најактивните членови тука шо прекинале пред 6-7 години, некое чувство дека продолжиле со животот понатаму, се надевам на подобро. Се надевам дека конечно ќе лимитирам и социјални мрежи и ќе си се посветам на програмирање и заминување во Канада после 6-7 години. Фала ви на сите 2-ца шо ме контактиравте во порака, од кој едниот сакаше да ме преобрази во веган. Stay in good health.
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.837
Поени од реакции
10.729
ДК

Одамна престанав да водам дневник. Последниот пат го заборавив пасвордот. Исто како што забораваме многу драги луѓе! Знам само на која буква почнуваше,и потоа некако матно. Нејсе,се надевам дека ќе ме трпиш? Мора да ги заковам мисливе со црни букви!
Повторно дојде таксират да правам тест во Систина... Исто како во Март! Исто закажување,исто плаќање,ист ред,истиот страв од игла... Нејсе, истиот брат од Март!
Го гледам и незнам дали да се жалам самиот или него меѓу пациентите?! 8 месеца!
Го завикав "Диви" во мојава глава...
По тоа го памтам! По косата!
И повторно не ја сетив иглата...
Ете ДК... има луѓе на кои ни првата буква од името не м ја знаеме! ...ама ги памтиме по добро,им се восхитуваме!
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.190
Поени од реакции
10.159
Nitu na son ne bi mi dosla takva morbidna misla da zemam edna zolja I pravac u sudoine:mad:

Luge maka macat, a sudiine si pokacija plati 35'/....sramota
k
Ade e Micko, Apasiev...kade se be mame I'm jebem I sindikati, medicinari......da ne odnesat na protest I da......

:uzi::pistoldz::sakasuste::uzi::uzi::pistoldz::pistoldz:
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.738
Поени од реакции
4.496
ДК

Обично сум против владата да се меша во приватниот сектор освен ако има јасни наоди дека се злоупотребува позицијата на моќ што е уствари случај со Амазон.

Не е тајна дека Амазон како сервис за виртуелен маркет користи податоци од фирмите кои нудат производи и потоа со копија-производ и дампинг цени ги истиснува од пазарот.

П.С Од друга страна ова би го решил и самиот пазар т.е веќе постои децентрализиран open-source сервис кој не наплаќа никакви такси само за жал сеуште нема значителен удел на пазарот.

Се работи за https://openbazaar.org/
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Кајгана vintage, чин чирин чинк. Јас сум вашиот домаќин ДжВ а вие гледате кајгана vintage, се враќаме веднаш после краткиот џингл.



Во денешното, јубилејно, второ издание на Кајгана vintage серијалот чиј креатор, сценарист, домаќин, глуперда, лик без живот, дно од персона и шармантен водител сум јас, вашиот драг Джонтра Вохохохолта, ќе говориме за еден од најморничавите и најјезивите секс совети во историјата на сите совети.

Имено, во блиското минато еден член, да го наречеме рандом, во темите за љубов и секс побара совет како боље да мастурбира, еве да не бидам вулгарен пошто деца гледаат, односно како боље да дојде до свршениот чин таканаречен оргазам. Или како најубаво да му дојде убавото.
И сега се ова ќе беше нормално ако не се појавеше неговата екселенција, господинот Анчо, своевремено омразен член пошто беше стар (сеа е постар) и имаше несвојствени методи на комуникација и делување на форумов па така наидуваше на отпор од големата багра.

Што сакам да кажам, доаѓа Анчо и му вика на рандом членов дека он на времето сексуално општел со диња. Ебел диња бе. Тука беше детално објаснет чинот на онадување и припремање на тој грозоморен сексуален, ќе го наречам, злочин. Се што ти треба е топла диња и нож. Го отстрануваш тврдиот дел од овошјето, праиш простор за џонсон, затвараш очи, и почнуваш. Сингер машина. цке цке цке цке цке.

Ухххх. Овој брутален начин на самозадоволување наиде на масовно повраќање, гадење, во голема мера и вреѓање на господинот Анчо и неговиот несекојдневен метод. Не знам што се случи со рандом ликот, дали го послуша или не, не ме ни интересира.

И све ова ќе беше нормално една од многуте језиви сцени што овој форум ги има доживеано да не се појавеше една нус појава. Имено, во обид да ги бутне сите граници на хуморот и бидувањето интересен, најверојатно без ничија консултација, со избрзана одлука, на еден 1ви јануари во периодот од 00:00 - 00:05 братот од фан клуб Милан @Forza Milan!!! oдлучи својот ник да го промени во, кхм, @Дињата на Анчо. 365 дена мораше да се носи со ова бреме, со оваа непопуларна одлука, со оваа своја грешка за која не верувам дека некогаш си простил самиот на себе.

Можеби голем дел од вас заборавиле на овој детал, но сепак тука сум јас да ве потсетам а воедно и да се самозапрашам што кур ми е проблемот што памтам вакви работи.

До следното видување, искрено ваш, Џонтра Волта remastered version.

 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.503
Поени од реакции
8.182
Колку си феминистка од 1 до "КАМАЛА ХАРИС ЦАРИЦА, права инспирација... WOOOOOOOOHOOOOOO браво жени"?

Не сакам да се мешам во таа нивна претседателска дебата или уатевер пошто толку ми е дебилно искрено...

Малце како оф топик, читајќи повеќе официјални извори во кои стои дека, меѓу другото женава, признала дека пробала канабис (или "хехе не инхалирав" одговори), моментално активно се залага за декриминализација/легализација... Типкава како обвинителка осудила, т.е казнила (не нужно на затворски казни) преку 1900 луѓе заради поседување/дистрибуција/продажба на истата супстанца, нормално најголем дел се малцинства. И да е хипокризијата уште поголема, сега во 2021 кога тоа прашање има политичка тежина, особено кај нејзините либерални гласачи, таа се прокламира дека ќе се залага за олабавување на легислативата, односно декриминализација и евентуална легализација. ХИПОКРИЗИЈА пар екселанс.

Нејсе, баш пред некое време се чудев кога сосема случајно видов некоја си инфлуенсерка која си ги покажала своите "делумно голи капацитети", после што инстант спамира со разно разни пораки дека била објективизирана и осудувана со разно разни лоши прекари, пораки, понуди, дури и dick pics. Знаете, стандард клише муабет - "the female body is art" social justice warrior circle jerk.

Чекај малце, ТИ САМАТА ЈАВНО се објективизираш и сексуализираш, и сакаш јас да се осеќам како не-еманципирана орка од мордор пошто тебе те објективизирам?

Демек тие слики се некаква уметност? Чекај, уствари не буљите од различни перспективи на некоја уметничка слика/фотографија, од далечина, блзина и тн ? Не е уметноста до одредено ниво објективизирање?

И дали, доколку имаше сосема културни, ни малку објективизирачки слики ќе го достигнеше тој статус и тој SM engagement? huh, seriously? Не ви е барем малце хипокризија и кринџ муабетот?

Не сум женомрзец или пак анти-феминист, баш напротив. Но, со некои ствари си пукате во колено. Онака, грешка во чекори си праите во кошаркарска терминологија.

Колку само се убија од спамање за Камала, големо достигнување за глобалното феминистичко движење, а во својот северџански двор имаат само 4 министерки што е 20 проценти, и 34/35% во парламент, а пази ... ЗАКОНСКИ МИНИМУМ Е 40%. :tapp:

Токму таа хипокризија и "јавање на ветрот на прогресивноста и мејнстрим social media нео-либерализмот за лајкче плус", на моја голема жал е нешто што уште долго време ќе ве држи во заложништво и во подредена позиција во вашата борба. Баш тие самопрокламирани инфлуенсерки и social media прогресивки ви се најголеми непријатели во вашиот искрен стремеж, истите се најгласни и поддржувани, а во својата есенција се егоистични, лицемерни и нивните дејанија се косат со вашите "more than just objects" гледишта.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.026
Си порачав дуксер на Страјк но дури сега стигнува, ќе треба да го носам за прв пат кој знае кога, зошто не вреди да се ризикува и да се изгуби во порачака за нагоре. Човекот кој ми дал најмногу сила и утеха во сите овие 20 години, се надевам дека еден ден и моите деца ќе ме прашуваат каков е овој дуксер, што значи, па ќе ги преслушуваме песните заедно, ќе ги толкуваме. Вечер ќе иде на рипит "Носталгија", еден од најдобрите другари се сели во Данска, дете за кое слободно може да кажам дека Македонија изгубила мозок, но и покрај тоа губи и млад човек, пред се со здрава мисла, без порок, дете со национален дух, еден од ретките млади луѓе кои беше реален на се што се случуваше во државата, и кој се плаши за нејзината иднина, и кој иако велеше дека не ја сака повеќе , ја сака повеќе од сите останати. Никогаш не сум терал на некоја патетика за селењето во странство, муабети од типот доле има живот, тука има пари, или ваау доле е поубаво а кур не ги заболе за тоа доле но морав да го напишам ова за малку да ми биде малку полесно, не сум го видел ни брат ми година дена заради тоа што работиме многу разделечено.

Иако мислев да го оставам форумот, решив дека за вакви моменти е најдобро да се користи оваа тема.

ПС:Утре имаме историска утакмица, нека не израдуваат со еден пласман, го заслужуваме тоа на сите срања што ги доживеавме.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom