Драга, денес да пишам некој збор за суетата. До каде е отиден човекот поради таа негова суета.
Ќе почнам од сексот.
Пред 10тина години (кога уште бев во основно) кога ќе бев напален ќе полудев за секс. Сега моментално со пушка да ме тераат не би е*ел никого ма да колку и да сум напален. Попрво ќе висам на крст. Причината за сето тоа е суетата на луѓето, фалењето за тоа кој каков и колку секс имал, мерење пениси на велико. Сето тоа ми го направи сексодејството одвратно. Немаат секс за да уживаат во него, туку чисто за да се пофалат пред другите, колку они се посупериорни од останатите. ,,Леле како ја искинав од ебење"; ,,Ми рече дека сум имал голем к*р"; ,,Не сум видела к** цел месец", "неделава е*ев 11 пути"; "ја е*ев оваа, ја е*ев и другарка и" се дел од замарањата. Мислиш кој знае колку ме интересира па морам да бидам жртвата на таквиот муабет. Едно е да дадете совет, од искуство, некому, друго е да си го кревате егото до Марс. Капакот ми доаѓа кога мене ќе ме ,,искритикуваат" (седи бе, не ме смеј) зашто јас не сум се фалел. Ок, сите сме љубители на сексот и мушко и женско и старо и младо, сите сакаме сексуална слобода. Не значи дека треба да се маваме од земја. Тоа си е сечија приватност, нема што да врескам наоколу. За себе е*ам, не за друг. Да се фалам со нешто што е можно за (речиси) секој човек.
Oh my Darkness
Исто ко да се фалам дека можам да дишам, секој жив може да диши.
Понатаму, желни за победа, опет поради нивната суета, ако треба душата на самото зло ќе си ја продадат. Ако треба ќе ги направат најголемите гадости што може да постојат во Мултиверзумот, ама битно ќе победат па и да се работи за некоја најобична, најситна дискусија. Да не го исклучам и фактот дека во истата дискусија ќе прогласат нешто за зло и грешно поради субјективна причина, зашто нив така им одговара. Ако мрази (пример) сладолед, автоматски за него сладоледот не треба да постои, а секој фан и сладоледџија треба биде истребен. И јас не сакам фудбал па тоа не ми дава за право да тепам и(ли) убивам фудбалери. Ако им го докажеш спротивното упорно ќе го негираат доказот и логиката. А и ќе се обидат да те испровоцираат оти се бедни неисполнети души кои кога не можат да докажат нешто провокацијата им е првата сајла за која ќе се фатат.
За тоа како не можат барем еден ден да си ја гледаат својата работа во животот може еден куп да се напише.
Тука покрај суетата игра улога и другарка и зависта.
Плука по туѓите дворови, а не си го исчистил својот. Уствари па што да се очекува од човек со нечист двор, нормално и тој ќе очекува туѓите да бидат нечисти. Животите им се неисполнети исто како душите. Всушност затоа и душите им се неисполнети. Ако не се замараш со него, ако ги игнорираш пиздариите што ти ги прави уште толку ти се качува на глава. Од една страна ти доаѓа да земеш чекан да му го треснеш од глава, ама ти текнува дека после тој/таа ќе испадне жртвата, маченикот. А ти пак губиш, зашто од друга страна насилството пак е најлесното решение што можеш да го одбереш, додека себе си се сметаш за духовно развиена особа и сметаш дека насилството треба да го користиш исклучиво во самоодбрана и одбрана на некој близок. Но комшијата со валканиот двор е упорен во тоа да ти наштети. Да ти каже дека не требало така туку вака у животот, само он ко да е во светот. Да те изнервира до степен да го мавнњш од земја и после да те покажува со прст како си бил ти оној лошиот, а он бил тој мирниот, "побожниот", ќе ти крене притисок 30% над нормалното и ќе се прави како ти да си виновен. Енергетски вампир кој не може да креира своја енергија па ја краде туѓата, а ја краде бидејќи му дозволуваш. Љубомори на туѓата среќа, зашто е неспособен да создаде своја. Ако он нема око треба и цел свет да нема според него. Одеднаш ти светнува сијаличката. Ти текнува дека со самото тоа што мислиш на него си привлекуваш негативна вибрација. И си велиш батали нервоза, сега ќе го натерам сам да се мавне со својот бумеранг. Колку и да те замара ти за инат прави тоа што го вади од такт. Нека види дека не губиш време воопшто у животот и дека си поминуваш јако и жестоко и сам си ја правиш среќата. Ако ти префрла што обожаваш Јапанска култура, за инат шетај се со кимоно низ маало, нека пукне од мука идиотот.