Драга,
Не сум некоја што дискутира и расправа за вирусов, искрено, не ми е гајле. Знам дека цел свет е блокиран и е тешка ситуацијата ама ете седам дома, нема како другше да помогнам, па си помагам на себе со тоа што не се замарам.
Одамна ми требаше мир и тишина, да се затворам дома и да не мрдам. И сега тоа и го правам, седам дома и ги чистам мислите. Се вратив во детството, прочепкав низ подрум и најдов играчки од киндер од моето детство, колку се поубави од сегашните, најдов писменца од средно што ми ги ставаа во тетратка, честитки за родендени, дневници, книги...Го уклучив стариот комјутер, полн со стари слики. Лудите школски денови, првите дејтови, лудории, матура, маскенбал... Дали ми фали? Да. Ама и сега не ми е најлошо, само ми треба дубинско чистење мисли и одмор.
Озонската дупка почнала да се намалува, а вибрациите на земјата се послаби. Бар нешто добро донесе карантинот за цел свет. Со нашето седење дома и откажување од многу секојдневни работи што сега не ги правиме, и помагаме на земјата. Се прашувам колку сме биле себични ние луѓето. На некој кога ќе кажеш нешто за загадувањето, планетата, топењето на мразот, викаат што ме засега мене? Јас не штетам, туку властите, фабриките. Се друг е крив. Ама еве сега кога сите се дома се гледа подобрување кај планетата, значи тоа било од сите нас. Колку малку труд треба за напредок, ама на кoј му е гајле? Не се препознавам сама себе во моментов што вака зборам, ама од секогаш сум се грижела за планетата и екологијата. Се грижам повеќе за другите отколку за себе и тоа некогаш ми носи лошо. Ме фатија некои депресии сега, живот