Кеј,
Периодов страдам од несоница што поради ситуацијава, што поради некој внатрешен немир и неможност да го исклучам мозокот да мисли на секакви глупости. Па така цела вечер низ глава поминуваат мисли од секакви жанрови и временски периоди, од тоа колку е глупо што 33 плус 77 не е 100, што сум јадела на голем одмор во второ одделение, што требало да ѝ кажам на цимерката во некоја кавга во студентскиот, а тогаш сум преќутела, како изгледаат децата на бившите и некои што би било кога би било ситуации.
И така ми текна на еден момент од 5-то одделение, во време кога немаше Википедии и чуда на интернет, а на час по англиски моравме да слушаме vocabulary на касети и да ги запишуваме зборовите во тетратки со превод и сите нишани. Е тогаш, многу беше популарна песната на Missy Elliott - Get Ur Freak On, нормално омилена на петтооделенци кои врска немаа што се зборува во текстот. И една моја соученичка во тоа време се изнамачи да ја фати на радио и да ја сними на касета за да ја донесе на час по англиски, па наставничката да ни помогне со преводот. Откако конечно ја слушнавме на час наставничката со огромна самодоверба ни кажа дека насловот се преведува како - „Земи ја твојата слободна крава“ (Get your free cow). Не знам дали да го препишам тоа на слабо англискио или лош слух оти наредната година отиде во пензија.
За среќа, таа година добивме друга наставничка.
И ништо, сега работам фриленсинг.