Моментално ТП на бојлер со овие цени е тотално неисплатлива опција, и како варијанта ми е разгледувана уште пред 2-3 години. Ќе постане исплатлива кога цените ќе се намалат барем за 55-65%.
Пример, TC200-1/ZCR/RD кошта 1.373 ЕУР и е намалена цена од 1.773 ЕУР.
Обезбедува 252 литри вода на 40С, има дневна потрошувача од 4,54KW и потребни му се околку 6 часа да ја загрее водата. Доколку би се пуштал во ноќните часовни дневната потрошувачка би била 4,54*2,79*1,18 = 14,9ден.
OGB80SM кошта 271 ЕУР, обезбедува 148 литри вода на 40С и потребни се околку 3 часа за да ја загрее водата а дневна потрошувачка има од 6,68KW. Доколку би се пуштал во ноќните часови и дополнување во денот за да ја постигне 252 литри, дневната потрошувачка би била 6,68*2,79*1,18=21,9 и во текот на денот, 6,68*5,57*1,18*0,7=30ден. или вкупно 51,9ден.
Разлика од 37ден за 1 ден. 67.773ден е разликата во набавната вредноста а би се повратила 1.831 ден, односно 5 години. Мислам дека има подобри инвестиции кои би донеле поврат многу порано.
Во тој контекст и користењето на ТП на бојлер за загревање преку фенкојлери и комплетно неисплатлива дури и да е изводслива. Можам само да предпоставам колку поголем ефект би имале 2 клими од по 33.000.